Во периодот од 22.09.2022 до 29.09.2022 во руралната област Brindisi di Montagna во областа Basilicata, Италија се одржа младинската размена “SMART DEMOCRACY – The importance of democracy in the digital life”.
Преку овој проект се постигнаа следните цели:
- Зголемување и промовирање на проактивното учество на младите од руралните и приградските средини;
- Да се шират вредностите и идентитетите на ЕУ во различни области на ЕУ;
- Заедно со младите луѓе се подигна и разви свеста за тоа што значи демократско учество за младите;
Во проектот беа споделени информации за тоа како да се имплементира просторот на соединување и учество меѓу младите и носителите на одлуки и беа имплементирани алатки за промовирање активно учество (не само гласање), туку како да се биде дел од процесот на дискусија и развој на социјални идеи направени од младите заедно со локалните носители на одлуки.