ИЗБОР НА “НАЈПРИЈАТЕЛСКИ РОМСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК” 2022

Во рамките на проектот „Ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 заеднички имплементиран од Roma Active Albania, ERGO Network и Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува четвртиот конкурс за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“:

К О Н К У Р С

                    за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“ од Република Северна Македонија

Краен рок за поднесување на апликации:

15 април 2022 година, 23:59 часот локално време

Концепт

Изборот за „Најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите. Фокусирајќи се на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница, изборот може да помогне гласот на Ромската заедница да биде слушнат! Изборот се организира во земјите на западен Балкан и Турција. Покрај тоа, преку критериумите за избор, градоначалниците ќе треба да ја нагласат филозофијата на конкурсот, односно да го докажат зајакнувањето, мобилизацијата и еднаквиот дијалог помеѓу локалните власти и Ромските заедници.

Награда

Најдобрите градоначалници, победници од земјите-учеснички од западен Балкан и Турција ќе бидат дел од  на специјален настан во рамките на „Ромската недела“ од 16-ти до 19-ти мај 2022 година, во Брисел каде што ќе се сретнат со високи претставници на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR).

Трошоците се покриени од страна на организаторите на изборот во рамките на проектот „Ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 поддржан од Европската Унија во рамките на повикот.

Критериуми за учество

На повикот можат да учествуваат сите градоначалници од Република Северна Македонија. За учество е потребно:

– да ја симнете и потполните апликацијата (апликација за избор)

– да доставите исечоци, слики, извештаи, одлуки, документи кои што ги поткрепуваат дадените одговори во апликацијата

– да имате оцена, евалуација или фидбек од страна на Ромската заедница кој што се однесува на вашата работа во вашата општина

*по завршување на рокот за аплицирање, организаторите и претставниците на комисијата за избор го задржуваат правото да ги посетат градоначалниците.

Рок за аплицирање

Краениот рок за испраќање на апликациите и документите за поткрепа е 15 април 2022 година до 23:59 часот, локално време. Документите можат да се испраќаат по пошта на:

Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Гоце Делчев бр.25

П.фах 32

1360 Кратово

или на е-маил: info@rromassn.org со дознака „MRFM 2022“

Објавување на резултатите

Независната комисија за избор ќе ги соопшти резултатите за избор кон крајот на април 2022.

За прашања околу изборот можете да пишете на е-маилот: info@rromassn.org.

Проектот „Ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 е поддржан од Европската Унија, имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Проектот е финансиран од Европската Унија