Categories
Новости

КОНКУРС за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации

Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:

К О Н К У Р С

за доделување на мали грантови за поддршка на членките на коалицијата во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ за иницијативи и проекти за зајакнување на улогата на Ромското граѓанско општество во РМ за 2017 година

Краен рок за поднесување на апликации:

8 ноември 2017 година

Општа цел на повикот е преку малите грантови за да подигне капацитетот на (про) Ромските граѓански организации кои што работат на подобрување на статусот на Ромите во РМ.

Специфичната цел на повикот е давање на финансиска поддршка на (про) Ромските граѓански организации за подигнување на нивните капацитети и зајакнување на нивните позиции на локално и национално ниво, како и влијание врз политиките кои што ги таргетираат Ромите како целна група. Предност за конкурсот ќе имаат организациите кои што се дел од формираната коалиција во рамките на проектот.

Во рамките на конкурсот, РРОМА бара автори/организации на извештаи и истражувања од следниве приоритетни области:

  • О1-ДОМУВАЊЕ: Политики и стратегии за решавање на проблематиката со домувањето кај Ромската заедница во РМ;
  • О2-ОБРАЗОВАНИЕ: Образовниот статус кај Ромското население во РМ;
  • О3-ЗДРАВСТВО: Пристапот на Ромското население во РМ до здравствени услуги;
  • О4-ВРАБОТУВАЊЕ: Правичната застапеност и активни мерки за вработување на Ромското население во РМ;
  • О5-АНТИЦИГАНИЗАМ: Говорот на омраза и сликата за Ромската заедница во македонските медиуми;
  • О6-ВЛАДЕЕЊЕ: Главните владини политики за Ромска инклузија и посветеноста за видливи промени во РМ.

Фонд за финансирање

Вкупниот фонд за финансирање на проекти во рамките на конкурсот за 2017 изнесува 460.500 денари (7.500 евра)

Големина на грант

Преку конкурсот ќе се обезбеди поддршка за локални проекти на (про) Ромски граѓански организации во максимален износ од 1.250 евра

Апликантите во рамки на конкурсот треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да бидат правни лица регистрирани во Централниот регистар на РМ
  • Да се регистрирани како здруженија или фондации според законот за здруженија и фондации
  • Да имаат искуство во приоритетната област за која што аплицираат
  • Да бидат одговорни за подготовка и менаџирање на проектната активност

* Апликантот учествува самостојно.

* Апликантот има право да учествува со само еден предлог-проект.

* Апликантот може да добие само еден грант од конкурсот за финансирање.

Времетраење

Краткорочни локални проектни активности во времетраење од 1 до 3 месеци ќе бидат предмет на финансирање.

Локација

Проектната активност треба да биде реализирана во државата каде организацијата е регистрирана и работи.

Типови на активности

Со цел да бидат погодни за финансирање, предлог-проектите треба да отпаднат во една од приоритетните области на конкурсот и да опфаќаат активности во вид на:

  • Истражувања и пишување на анализи/извештаи (потреби, перцепции, мерки за мерење на ефикасност и др.);

Само трошоци кои што се поврзани со имплементацијата на проектната активност ќе бидат одобрени.

Следнивер категории на трошоци се прифатливи:

  • Хонорари за автори на анализите и извештаите
  • Трошоци за транспорт и ноќевања
  • Трошоци за организирање на настани (изнајмување на сала, опрема, кетеринг итн.)
  • Трошоци за изработка на веб-решенија
  • Трошоци за промоција (изработка и печатење на брошури)

Сите организации кои имаат намера да аплицираат на конкурсот за финансирање треба да го потполнат формуларот за предлог-проект (ДА1).

Формуларот се потполнува на македонски јазик.

Формуларот за предлог проекти (ДА1) треба да се испрати на grants@rromassn.org со назнака „Мали грантови 2017“.

Краен рок за испраќање на апликацијата е 8 ноември 2017 година, 23.59 часот! Апликациите испратени по предвидениот рок нема да се земат во предвид!

За повеќе информации може да се симне конкурсот

Формуларите можат да се симнат од следнивер линкови:

ДА1

Нацрт-договор

Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Проектот е финансиран од Европската Унија