Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација заедно со коалициските невладини организации KHETANE (Ромалитико – Скопје, ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МУЛТИ ЕТНИЧКО Општество за ЧОВЕКОВИ ПРАВА – Штип, 24 ВАКТИ – Скопје, Сумнал – Битола, Дром – Куманово, Лачо Диве – Скопје), на 16.10.2023 година во Владата на Република Северна Македонија, одржа донаторска финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка како дел од стратешкото партнерство во рамки на проектот ,,New solutions to old problems” како и кофинансиран од проектот ,,Romani women power of change”.
Главната цел на настанот беше да се разгледааат придобивките и предизвиците на заедницата, Ромските организации и донаторите, и размена на информации помеѓу заинтересираните страни или засегнати страни..
Панелисти на настанот беа:
- г-дин Беким Реџепи – заменик министер за транспорт и врски
- г-дин Звонко Пекевски – градоначалник на општина Беровo
- г-дин Елвис Мемети, – Советник за инклузија на Ромите при Кабинетот на премиерот
- г-дин Нафи Сарачини – Еу делегација
- г-дин Драган Ристовски – УНДП
Говорниците имаа можност да презентираат кои и како од претходно предвидените програми се инкорпорирани во државните институции/донатори и како и каква е размената на информации помеѓу заинтересираните или засегнати страни? Колку и како во соработка се вклучени ромските организации и локалните заедници ги имаат како приоритет во своите програми потребите и приоритетите на заедницата? Дали се успеа да се усогласат приоритетите и финансирањето на локално и национално ниво?
Дел од заклучоците кои се донесоа на дискусијата се: Потребно е зголемено финасирање дирекно до организациите во заедницата кои би спроведувале проекти и иницијативи кои директно произлегуваат од Националните и Локалните акциски планови 2023-2026. Не е доволно донаторите да обезбедат средства за вклучување на Ромите, мора да има напори за зајакнување и мобилизација на ромските заедници и подржувачите за да се случат промени.Стратегиите за финансирање од донаторитеи повиците за иницијатива мора да бидат пофлексибилни во темите и барањата потребни за да се подобни за финансирање. Владата треба има дефинирани буџети за вклучување на Ромите со соодветни планови за имплементација, индикатори и системи за мониторнг. Стартегиите, јавни политики и другите водечки документи за вклучување на Ромите треба да бидат јавни и лесно достапни за сите засегнати страни.
На конференцијата присуствуваа: преставници од УНДП, ЕУ Делегација, Управа за култура (МПЗО), Министерство за транспорт и врски, Влада, Народен правобранител, општина Берово, општина Куманово, општина Шуто Оризари, РЕФ, РЕДИ, СУГС “Шаип Јусуф” – Скопје, МТВ – Бијандипе, преставници од невладини организации РРЦ, Сонце, Романо Ило, како и претставници од органзаииците на КХЕТАНЕ – РРОМА, РОМАЛИТИКО, ЗМОЧП, 24 Вакти, СУМНАЛ, ДРОМ.