Од 19 до 21 април во Скопје, ја одржавме првата партнерска средба во рамки на проектот ”From Oblivion To Awareness – Youth and the Roma Holocaust” поддржан од Federal Foreign Office и од EVZ Foundation.
На средбата присуствуваа нашите партнери од Amaro Drom и Point of view , меѓутоа со неговото присуство нѐ почести и претставник од EVZ фондацијата Helge Theil.
На средбата разговаравме за сите аспекти на проектот, од улогата на учесниците до стратегијата за имплементација, видливоста па и за потенцијалните ризици и можните решенија.
Краток осврт кон проектот:
Преку работилници посветени на историјата, и учење како да се бориме против антициганизмот како и кои се ефектите од овој феномен, овој проект ќе ја подигне свеста за овие прашања со тоа што ќе ги мобилизира младите учесници заедно со нивните врсници, да го продолжат сеќавањето на ужасите на Ромскиот геноцид користејќи дигитални и креативни алатки.
Во текот на две младински средби во Берлин и во Белград како и едукативни работилници, младите учесници ќе разменуваат искуства и мислења споделувајќи информации и учејќи за историјата на Ромите и антициганизмот. До крајот ќе создадеме дигитални брошури, едукативни материјали и поткасти, со што ќе ја продолжиме нашата посветеност за еднаков третман и сеќавање. Заедно, ќе ја одбележиме историјата, ќе ги премостуваме генерациите и ќе промовираме позелена, дигитално-инклузивна иднина.