Во рамките на проектот Roma Youth Bring Change поддржан од Европската Унија преку Erasmus Plus, од 19 до 26 јуни 2022 се одржа подготвителна средба за идните активности на проектот.
Се работи за стратешко партнерство KA2, предводено од Autonómia Alapítvány во соработка со ERGO Network и RROMASSN чија цел е преку работата со млади Роми да се истражуваат различни методологии на кампањи во заедницата и детективски игри. Како еден од финалните исходи се очекуваат создавање можности за мобилност и нови методи како и настани на национално и инетрнационално ниво.
Проектот ќе трае 21 месец и ќе ангажира по 8 млади луѓе по земја во активностите како привремен персонал.
На подготвителнтата средба, која траеше седум дена, ги споделувавме нашите знаења за кампањи, учевме за нови методи за работа со млади преку таканаречени детективски игри, како да спремаме сценарио и игра низ која младите ќе развијат нови вештини за детектирање на своите проблеми во своите заедници. Исто така преку заедничка дискусија и согласност се донесоа одлуки за методите и темите кои треба да се вметнат во програмата и начинот на кој што ќе се менаџира проектот.
Исто така ја потенциравме потребата да ги поттикнеме младите активно да учествуваат во општеството преку креативни пристапи и методи, кои во овој случај се преку детективски игри, создавање кампањи и застапување.