РРОМА со гордост го објавува повикот за учество во младинската размена From Awareness To Action – Youth and the Roma Holocaust која ќе се одржи од 28 јули до 4 август 2025 година во Македонија и Србија.
🎯 Цели на проектот:
- Зголемување на свеста и разбирањето за Ромскиот и Синти геноцид меѓу младите учесници од Македонија, Германија, Србија и Босна и Херцеговина
- Поттикнување на емпатија и интеркултурен дијалог меѓу учесниците
- Презервирање и промовирање на историскoтo сеќавање на Ромскиот и Синти геноцид за да се спречи неговото заборавање и да се вклучи во формалното образование
- Опремување на учесниците со алатки за борба против дискриминацијата
📝 Опис на активностите:
Програмата ќе започне во Северна Македонија од 28 јули до 1 август, по што ќе продолжи во Белград, Србија, од 1 до 4 август. Учесниците ќе имаат можност да учествуваат во работилници, дискусии, комеморативни настани и да развијат локални иницијативи, подкасти и онлајн кампањи.
👥 Кој може да се пријави:
- Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 25 години
- Средношколци, младински работници, лидери и волонтери
- Лица мотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање во нивните заедници
- Работен јазик е англискиот, но ќе се обезбеди меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
💼 Покриени трошоци:
Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите, вклучувајќи:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 23 мај 2025 година, до 18:00 часот.