ПОВИК ЗА МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА “INVOLVEMENT AND INTERCULTURAL DIALOGUE” – РОМАНИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Involvement and Intercultural dialog”, која што ќе се оддржи  од 19 до  30 јуни Бребу, Романија.

 

Целта на младинската размена e малдите да бидат мотивирани и свесни дека имаат граѓансkа одговрност.  Да се вклучуат во зачувување и промовирање на традиционалните занаети во рурралните области, за меѓукултурен дијалог помеѓу земјите, за афирмација на загрозените рурални заедници во Европскиот простор и за нивен економски и културен развој.

 

35-те млади учесници од Македонија, Србија, Унгарија, Литванија и Романија ќе ја имаат можноста да спроведуваат активности во село Терегова, да ја промовираат  различноста и меѓукултурниот дијалог, развој на компетенциите  во врска со истражување, верификација и промоција на традиционални занаети од Терегова.

 

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

 

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 22 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

 

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  15 јуни 2021 година (вторник), најдоцна до 18:00 часот!

Ве очекуваме!