Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена „Младите градат можности за подобро утре“(Јóvenes construyendo oportunidades para el mañana) која што ќе се одржи од 01.06.2023 јули до 09.06.2023 јули ( 1ви јуни и 9ти јуни се денови за патување) во Зарагоза, Шпанија.
Проектот е дизајниран како процес за разбирање на важноста на промените што се случуваат при полнолетството, различните услови во кои секој млад човек ја достигнува оваа точка во својот живот и можностите што ги нуди програмата Еразмус+ на младите, особено на оние со помалку можности.
Цели на проектот:
- Анализирање и дискутирање за главните проблеми за негување и намалување на невработеноста кај младите, а со тоа и изнаоѓање решенија за проблемот.
- Подобрување и развивање на меките вештини (комуникација, лидерство, креативност, критичко размислување, дигитални компетенции итн.)
- Зајакнување на младите луѓе да станат примерни работниците и идни Европејците.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти мај 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!