Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за младинска размена „Be(e) INVOLVED IN YOUR COMMUNITY“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „Be(e) INVOLVED IN YOUR COMMUNITY” која што ќе се одржи  од 31.07.2023 јули до 09.08.2023 јули ( 31ви јули и 9ти август се денови за патување) во Бребу, Караш-Северин, Романија.

Идејата на овој проект започна од дискусиите со младите луѓе во заедницата спроведени од волонтерите на здружението, исто така земајќи ја предвид отвореноста на младите да дознаат повеќе за ова прашање, да учествуваат во ваков проект, одговорно да се вклучат во заедницата за нејзино разубавување и развој. Избраните партнери го делат истиот недостаток на информации и активности во однос на справувањето со прашањата за климатските промени. Името на проектот е внимателено избран, како што сите знаеме ПЧЕЛИТЕ не се само највредните инсекти, туку најсуштинските суштества за одржување на човештвото во живот.

Цели на проектот:

  1. да се збогати знаењето на младите за борба против климатските промени;
  2. да се развијат, за време на размената, вештините и компетенциите што им се потребни на младите за организирање волонтерски активности за борба против климатските промени;
  3. да се зголеми и стимулира интересот на младите да станат амбасадори на практиката и промоцијата на волонтерството со цел борба против климатските промени во заедницата.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
  • организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена
  • Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти јуни 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!