Повик за Младинска Размена “CultRural Experience 2-Agriculture For All”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “CultRural Experience 2-Agriculture For All” , која што ќе се оддржи  од 12 до 21 август во Бребу, Романија.

Целта на овој проект е 48 учесници од Северна Македонија, Италија, Романија, Шпанија, Кипар, Франција, Хрватска и Литванија да да стекнат компетенции во земјоделството и руралното претприемништво.

Младите учесници имаат можност да научат што е одржливо земјоделство и како можат да го користат како начин на живеење и начин самостојна поддршка, бидејќи привлечноста на младите кон земјоделството во денешно време е многу мала. Преку овој проект ние исто така се нуди и поддршка за борба против невработеноста и за зголемување на интересот за земјоделски работни места за млади луѓе, поради големата побарувачка на работници во земјоделството, на ист начин како што го промовираме руралното претприемништво за да се реши проблемот со депопулација на села и мали градови.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади од 17 – 30 години (лидерот на групата над 30 год.)
  • Студенти, Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  30 јули 2021 година (петок), најдоцна до 18:00 часот!

Пред заминување за Романија со селектираните учесници ќе се одржи средба на онлајн ЗООМ платформата.

Ве очекуваме!