Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена „Empowered we decide: participation and equity“ која што ќе се одржи  од 15.11.25 до 21.11.25 во Зарагоза, Шпанија.

📝 Опис на активностите:

Овој проект има за цел да ја унапредува инклузивната младинска партиципација, со посебен акцент на родова еднаквост и еднакви можности. Многу млади луѓе, особено оние од маргинализирани заедници или кои се соочуваат со структурни бариери, често имаат тешкотии нивниот глас да биде слушнат во граѓанските и одлучувачките процеси. Проектот има намера да ја промени оваа реалност преку обезбедување на практични алатки, знаења и можности што ќе им овозможат на младите да учествуваат активно и рамноправно.

🎯 Цели на проектот:

👥 Кој може да се пријави:

💼 Трошоци и останати информации

Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:

✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена

ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 08ми октомври 2025 година, до 18:00 часот.

https://forms.gle/c4wFtHcHenHN5xKc9

Аплицирај тука.