Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,My future job” која што ќе се одржи од 10.07.2023 јули до 20.07.2023 јули ( 10ти јули и 20ти јули се денови за патување) во Бребу, Караш-Северин, Романија.
Целта на проектот е да се обезбеди можност за учење на младите со цел да се стекнат со информации и искуство, нови вештини и компетенции специфични за советување и кариерно насочување, како и пристап до информации од онлајн сферата со цел да соочувањето со интервју за работа и изготвувањето документи за вработување се направат полесни. При овој проект се очекува младите да ги развијат своите комуникациски вештини, одговорност, тимска работа, критичко размислување, преговарање, итн. Програмата Еразмус+ има за цел да го промовира младинското учество и да го зајакне квалитетот на неформалните процеси на учење.
Цели на проектот:
- да се збогати знаењето на 90 млади луѓе од руралните и градски средини, од 9 земји, идентификување на нивниот образовен или професионален план и пристап до информации од онлајн сферата во врска со вработувањето
- да се развијат 90 млади луѓе од 9 земји, нивните вештините и компетенциите поврзани со воспоставувањето на образовниот или професионалниот план и барање работа, поддршка при интервју за вработување и изготвување на онлајн документи за истото;
- да се поддржи пристапот на младите до информациите од онлајн средина специфична за насочување и кариерно советување, како и за порталот EURES со националниот и европскиот пазар на труд, за време на проектот и по престанокот на истиот.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
организации - Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти јуни 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!