Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „Responsible Tik Tok and Instagram Use“ која што ќе се одржи од 20.01.2025 јануари до 29.01.2025 јануари во Бребу, Романија.
По повеќе од 20 години бесплатен интернет пристап, онлајн вознемирувањето станува сè поагресивно, особено во Источна Европа.
Овој проект има за цел да се бори против онлајн малтретирањето меѓу средношколците преку подигање на свеста за вознемирување и говор на омраза преку филм и фотографија. Со промовирање на човековите права и дигиталната писменост, настојуваме да го намалиме малтретирањето преку Интернет, расизмот и социјалната исклученост. Користејќи методи на неформално образование – како што се кампањи за подигање на свеста и вежби за креативно размислување – заедно со медиумските алатки и општественото набљудување, ги поттикнуваме младите луѓе да создадат побезбедни, поинклузивни онлајн простори.
Цели на проектот:
- Развивање толеранција и разбирање за
учесниците за борба против дискриминацијата и онлајн
малтретирање; - Подигнување на свеста за онлајн вознемирувањето кај учесници;
- Зголемување на знаењето на учесниците за
безбедност во онлајн околината; - Развивање на знаењето на учесниците за
фотографирање и снимање филм за едукативна цел.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 20 години (можни се исклучоци, лидерот 18+)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
- организации
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
- Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 29ти декември 2024 година, најдоцна до 18:00 часот!
https://forms.gle/CqbnMR2bk4L1afBQ7
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавените учесници да имаат соодветни, нови (важечки) патни исправи (Пасош со новиот назив – Северна Македонија)