Повик за младинска размена “Roma Youth are Active Citizens”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Roma Youth are Active Citizens” , која што ќе се оддржи  од 22 до 31 јули во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е да се зголеми учеството на 30 млади Роми од Македонија, Романија, Србија, Германија и Грција  во процесот на донесување одлуки на локално, национално и европско ниво, како и:

1. да се поттикне дијалог помеѓу 30-те учесници од 5 европски земји и политичари, за време на младинската
размена, за подобро разбирање на процесот на гласање и активно учество;
2. Развој на граѓанскиот дух кај 30-те млади од ромска националност, во текот на 8-те дена на младинската размена
3. Зголемување на знаењето на 30 -те млади Роми за важноста на гласањето
4. На 25-те млади ромски учесници, за време на младинската размена  да им се  обезбеди димензија на учење за државните институции и како тие се меѓусебно поврзани.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми од 18  до 25  години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  12 јули 2021 година (понеделник), најдоцна до 18:00 часот!

Пред заминување за Романија со селектираните учесници ќе се одржи средба на онлајн ЗООМ платформата.

Ве очекуваме!