Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,TOGETHER WITH MIGRANTS” ВО РОМАНИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,TOGETHER WITH MIGRANTS” која што ќе се одржи  од 31.10 октомври до 08.11 ноември 2022 година ( 31ви октомври и 08ми ноември се денови за патување) во Бребу, Романија.

Младинската размена има за цел:

  • Да ја подигне свеста на 45 учесници за миграциската криза и феноменот на говор на омраза, кој ја погодува Европа во последните години.
  • Да се преземат конкретни активности против говорот на омраза и клеветата на мигрантите, бегалците и барателите на азил.

Нашата главна цел зад спроведувањето на овој проект беше мотивирана од нашата желба да ја подигнеме свеста во заедницата за тие прашања и проблеми, дискриминација и тешкотии со кои секојдневно се соочуваат мигрантите, бегалците и барателите на азил.

45-те учесници ќе имаат можност да имплементираат бројни вештини и знаења поврзани со темата на проектот, како и на индивидуално лично ниво.

Во овој проект ќе учествуваат млади луѓе со лични приказни, од различни области и социјални средини. За време на фазите за избор на учесници, се погриживме да има баланс во однос на женскиот и машкиот пол. Никој не би бил дискриминиран врз основа на сексуална ориентација, религија, социјално и/или културно потекло, економски можности итн.

На крајот на проектот треба да имаме поконкретен увид и подобра реалистична слика од проблемите и процесот кој што мора да биде имплементиран за да се добие статусот на мигрант и барател на азил во Европа. Учесниците ќе научат за тешкиот пат по кој чекорат мигрантите, за различните рути со цел да стигнат до Европа, а потоа и со проблемите кои се соочуваат, дискриминацијата и тегобите со интеграцијата во новите општества особено откако им се одобри статусот на мигранти и добијат документација.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20 октомври  2022 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.