Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за тренинг курс „Connecting with Tomorrow: Effective Digital Engagement for Youth”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за тренинг курсот, „Connecting with Tomorrow: Effective Digital Engagement for Youth” кој што ќе се одржи  од 14.05.2025 (мај) до 22.05.2025 (мај) во Берлин, Германија.

Овој проект има за цел да ја зголеми вклученоста на младите во активностите на невладините организации преку опремување на младинските работници со модерни дигитални комуникациски стратегии. Препознавајќи ги променливите начини на кои младите комуницираат и се поврзуваат, иницијативата се фокусира на интеграција на дигиталните алатки и онлајн платформите за да поттикне значајна интеракција. Со тоа, младите добиваат можност активно да учествуваат во развојот на заедницата, обезбедувајќи нивниот глас да биде слушнат и нивното влијание да биде трајно.

Цели на проектот:

  1. Планирање, подготовка и спроведување активности со младите.
  2. Овозможување на младите да го искористат своето учење за унапредување на нивниот идeн развој.
  3. Поддршка, размена на искуства и добри практики во областа на волонтерскиот ангажман преку користење на онлајн комуникациски и алатки за соработка.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми 18+
  • Младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена
  • Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 13ти април 2025 година, најдоцна до 18:00 часот!

https://forms.gle/587nHtrAKXL2iCCG6

*ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавените учесници да имаат соодветни, нови (важечки) патни исправи (Пасош со новиот назив – Северна Македонија)