Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на проектот „EcoVoices“ кој ќе се одржи од 30.06 до 08.07.26 во Бребу, Романија.

📝 Опис на активностите:

Проектот „EcoVoices“ е Erasmus+ тренинг курс што ќе се одржи од 30.06 до 08.07 во Бребу, Романија. Во текот на 7 дена, младински работници од Романија, Шпанија, Унгарија и Северна Македонија ќе учат за климатска писменост, одржлив начин на живот, креирање проекти, застапување и дигитална комуникација преку интерактивни и неформални методи на учење.

Проектот има за цел да ги зајакне младинските работници со практични вештини и меѓународно искуство за да станат активни лидери во областа на климатските акции и одржливоста во нивните локални заедници.

🎯 Цели на проектот:

• Развивање вештини за ко-креирање активности и иницијативи поврзани со одржливост и климатска акција.

• Подобрување на капацитетите за вклучување млади во локални еколошки акции и активности во заедницата.

• Зајакнување на дигиталните комуникациски вештини за креирање ефективни онлајн кампањи, промоција и outreach активности.

👥 Кој може да се пријави:

💼 Трошоци и останати информации

Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:

✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена

ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 05ти јуни 2026 година, до 18:00 часот.

ЛИНК: https://forms.gle/mWRDZ2hVFrkUReX97