Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со Документациониот и културен центар на германските Синти и Роми, Централниот совет на германските Синти и Роми и ternYpe објавува повик за учесници за учество на Dikh He Na Bister 2023.
Овогодишниот проект опфаќа 4 фази:
- Подготовка на националните лидери од секоја земја на средба во Барселона, Шпанија. Датумот ќе биде дополнително договорен. Присуството на подготовката е задолжително!
- Подготовка на селектираните учесници за настанот во Краков (Полска). Датумот ќе биде дополнително договорен. Присуството на подготовката е задолжително!
- Учество на настанот “Dikh He Na Bister 2023” и комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна. Активностите се оддржуваат во Краков (Полска) со посети на музејот “Аушвиц” и присуство на комеморацијата на 2 август во Аушвиц-Биркенау. Настанот се оддржува од 29 јули до 4 август 2023 година;
- Настани/работилници организирани од учесниците за понатамошна дисеминација на добиените информации во период од септември до декември 2023 година.
Концепт за 2023
Концептот за 2023 предвидува едукативен настан за младите учесници од 15 европски земји, кои што ќе бидат дел од работните групи предводени од фасилитаторите на настанот. Предност ќе им биде дадена на младите кои што за првпат ќе го посетуваат настанот и музејот “Аушвиц”.
Младите учесници ќе работат со своите фасилитатори во мешани работни групи на темите на Ромската историја, Ромскиот геноцид, Антициганизмот и улогата на младите во борбата против модерните облици на расизмот.
Учесниците ќе останат во мешани работни групи од почетокот до крајот на настанот за да се осигура стабилна група која што заедно со своите врсници ќе поминат низ едукативниот процес на настанот потпомогнати од своите фасилитатори.
Профил на учесници
- Млади на возраст од 18 до 25 години;
- Да имаат желба да научат повеќе за темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна;
- Да работат во мултикултурни групи без предрасуди;
- Да бидат подготвени стекнатото знаење од едукативниот настан да го пренесат во своите заедници;
- Да присуствуваат на подготвителните активности организирани од страна на РРОМА;
- Работен јазик на едукативниот настан е англискиот јазик. Работниот јазик ќе се користи во работните групи и од страна на фасилитаторите. Се очекува учесниците да имаат активно познавање на работниот јазик. Познавањето на Ромскиот јазик ќе се смета за предност.
- Да имаат валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Полска!
Трошоци
Трошоците поврзани со подготовката, како и за меѓународното патување, храна и сместување за настанот во Полска се покриени од страна на организаторите на настанот. Селектираните учесници задолжително го покриваат своето патничко осигурување и трошоците до договореното место за поаѓање од Македонија до Полска и назад.
Патување до Полска и назад
За патувањето до Полска и назад ќе биде со организиран превоз.
Задолжителни документи за патување на учесниците:
- Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
- Патничко осигурување (покриен од страна на учесниците)
Сместување во Полска
Учесниците ќе бидат сместени во студентскиот дом “Жажек”(Zaczek). Веднаш до него се Универзитетските простории каде што ќе се држат едукативните работилници.
Пријавување
Пријавувањето на повикот за учесници се врши со потполнување на апликацијата за учество.
За дополнителни прашања поврзани до настанот за оваа година можете да ни пишете на: info@rromassn.org
Напомена: Со потполнување на апликацијата вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и не учествувате во подготвителните активности, РРОМА го задржува правото вашето место да го понуди на друго лице од резервната листа!