Добредојде на новите членови во РРОМА

Facebook
Twitter
LinkedIn

Добредојде во тимот на RROMA! 🎉

Со големо задоволство ви ги претставуваме нашите нови младински координатори, кои ќе имаат важна улога во поддршката, вклучувањето и јакнењето на младите во нашата заедница.

🤝 Иван Јангелов
Јас сум Иван Јангелов и со особено задоволство ја започнувам мојата нова улога како младински координатор во РРОМА. Како иден политиколог и млад човек кој верува во значењето на активното граѓанско учество, младинските политики и општествениот развој, оваа позиција за мене претставува можност за личен и професионален напредок, но и простор каде што преку ангажман, идеи и посветена работа ќе можам активно да придонесувам кон зајакнување на младите и нивната улога во општеството. Со нетпрпение очекувам да спроведеме многу иницијативи, настани и проекти кои ќе придонесат за поинклузивна заедница.

🤝 Мевлида Амедова
Јас сум Мевлида Амедова, млада и амбициозна личност која верува во моќта на младите и нивната улога во општеството. Од денес, официјално ја преземам улогата на ваш младински координатор!. Мојата мотивација за оваа позиција е желбата да придонесам со нови идеи, позитивна енергија и активности што ќе ги поврзат, мотивираат и унапредат младите. Верувам дека преку тимска работа, креативност и иницијатива можеме да создадеме подобри можности за сите нас и за нашиот личен и професионален развој.

Веруваме дека со нивната енергија, посветеност и идеи ќе придонесат кон создавање нови можности за младите и ќе бидат силен двигател на позитивни промени.

Им посакуваме многу успех во нивната нова улога и со нетрпение очекуваме да ги следиме нивните активности и достигнувања во рамките на RROMA.

Добредојдовте во тимот! 💙