Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за првата младинска размена „Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, која што ќе се оддржи од 21 до 30 јуни 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.
Темите кои што се опфаќаат се: младинското вработување и кариерното советување на младите, како важни фактори за осамостојување и зајакнување на младите. Кариерното насочување и изборот на образование е важен дел од животот на младиот човек. Токму за таа цел младинската размена им помога на младите Роми и не-Роми полесно да се вклучат во општеството и бидат активни граѓани. Но, исто така да научат како се гради кариера и како да се справат со процесите на барање на работа и вработување.
Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Млади од 16 до 22 години (можни се исклучоци)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 16 јуни 2018 година (сабота), 18:00 часот!
Ве очекуваме!
Ви благодариме за покажаниот интерес!