
Во периодот од 22-28 април беше одржана обука на тема ,,Застапување на млади Роми” во Брисел, Белгија. На оваа обука зедоа учество тројца наши учесници, а воедно имаа шанса да се запознаат и споделат мислење и ставови со уште други 30тина учесници од различни држави низ Европа.
Целта на обуката беше да се подигне гласот на младите Роми за борба против антициганизмот и за унапредување на важни прашања за ромските заедници за време на Ромската недела во ЕУ 2023 година, чиј домаќин е Европскиот парламент и граѓанското општество. А покрај тоа и да ги поттикнат младите Роми да имаат глас, да станат клучни агенти на промените и да ја поттикнат солидарноста меѓу младите!

Учесниците исто така имаа шанса на оваа обука да го посетат Европскиот парламент, да појадуваат заедно со членови од Европскиот парламент на кој се разговараше токму за младинското застапување, положбата на Ромите и совети како да бидат подобри во младинско застапување. Воедно присуствуваа и на конференцијата „Chachipen“ на која можеа да дознаат повеќе за историјата, сеќавањата и правата на Ромите во Европа.
Исто така нашите учесници присуствуваа и на презнтации од младински организации кои работат во интерес на младите во Белгија и Европа. Овие презентации беа одржани од: IGLYO, FEMYSO, ENAR, EUJS, EFAY и European Youth Forum – Европски младински форум. Покрај тоа добија и корисни информации за стажирање и младински размени кои секако е им помогнат во иднина.

И како за крај на овој настан присуствуваа на доделувањто награди за Ромска интеграција во Западен Балкан и Турција. Нашите учесници се вратија од оваа обука со наполнета меморија за знаење, а воедно и со одлично помината обука со забава и интеракција.