Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Заврши семинарот „ROMA YOUTH TOGETHER 2024“

Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација – РРОМА присуствуавше на семинарот „ROMA YOUTH TOGETHER 2024“ во периодот од 04.04.24 до 08.04.24 во European Youth Centar (CoE), Стразбург, Франција.

Семинарот „ROMA YOUTH TOGETHER 2024“ ги обедини младите кои се младински лидери или младински работници во заедниците и организациите на Ромите. Како и претходните години, активноста беше коорганизирана со Европскиот ромски институт за уметност и култура (ERIAC), Меѓународната ромска младинска мрежа – TernYpe, ЕРГО мрежата(ERGO) и Phiren Amenca.

Цели на проектот беа:

  • да се споделат искуства и реалности на ромската младеж во цела Европа, особено во врска со значајното учество на младината;
  • да овозможи на ромската младина и ромското граѓанско општество да дејствуваат како агенти на промени и мултипликатори во нивните заедници;
  • да ги поддржи можностите на учесниците за изразување на културниот идентитет и гордост, акција и видливост, и онлајн и офлајн;
  • да ги поврзе младите Роми со работата на Советот на Европа во областа на учеството на ромската младина, особено во светлината на 75-тата годишнина на Советот на Европа;
  • да се прослави Меѓународниот ден на Ромите со ромската младина како предводници во формирањето на истото;
  • да го засили чувството на заедница на ромската младеж и да се поврзе со европските младински организации и мрежи во областа на учеството на Ромите.

Покрај многубројните и креативни активности на овој семинар, одбележан беше и Меѓународниот ден на Ромите. Исто така младите имаа можност први да разговараат со новоизбраниот евро комесар за човекови права Мајкл О’Флаерти (Michael O’Flaherty) и да бидат дел од оние кои ќе можат да помогнат во донесување на одлуки и докуменети кои се поврзани со Ромите и нивните права.