Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „YEA – Youth Employment Action“ која што ќе се оддржува од 23 октомври до 01 ноември 2016 година во младинскиот камп Марабу, Милковени-Романија.
Размената се оддржува со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на проектот е проблемот со младинското вработување да го адресира од двете страни истовремено, имено:
– институционалната страна: за да го подобри искуството и знаењето на младинските работници, социјални работници и друг вид на работници кои што работат со млади во областа на вработувањето и кариерното советување;
– корисничката страна: да даде можност на младите да откријат што значи да имаат одредена кариера, да им помогне при нивниот избор на рана возраст (14-19 години), и истовремено да им помогне при интервјуата за да можат да ги прикажат своите компетенции во најдобро светло (20-30 години).
Исто така, преку младинската размена се гради доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 10 европски земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија, Италија, Франција, Чешка, Унгарија и Бугарија).
Профил на учесници:
– Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 20 до 30 години;
– Да имаат желба да ги споделат своите креативни вештини и познавања од погоре наведените области;
– Да имаат желба да работат во група.
– Да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Романија!
– Работен јазик е англискиот!
Сместување и патни трошоци:
– Учесниците ќе бидат сместени во младинскиот камп Марабу, Милковени, Романија
– Патувањето ќе биде покриено од страна на организаторите;
– Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
– Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до договореното место за поаѓање и назад!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 14 октомври 2016, 16:00 часот!
Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Место на оддржување:
Милковени од 23 октомври до 01 ноември 2016 година!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купен билет за патување за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истиот!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!
Од 02 до 04 септември 2016 година во хотел Кратис во Кратово се оддржа вториот работен состанок за формирање на коалиција во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“.
На состанокот беа дефинирани насоките на дејствување и динамиката за акција на коалицијата. Следуваше потпишување на меморандумот за соработка помеѓу организациите-основачи на коалицијата (РРОМА; ЦРЗ ДРОМ; СУМНАЛ; ЗМОЧП; 24 ВАКТИ и РОМАНО АВАЗИ). Исто така, на состанокот беа презентирани проектите од повикот за мали грантови и беа потпишани договорите за грант. Вкупно беа доделени 5 мали грантови во вкупен износ од 461.250 денари. Повеќе информации за состанокот на линкот и видеото:
Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ има за цел воспоставување на конструктивен и систематски дијалог помеѓу локалните и националните институции и Ромското граѓанско општество, со цел подобрување на политиките за Ромите и нивната интеграција, социјална инклузија, не-дискриминација, меѓу-етнички дијалог, социо-економски развој и граѓански права.
Ќе се реализира од 01.01.2016 година до 31.12.2019 година со поддршка на Европската Унија и Рома Актив Албанија како носител на проектот, и РРОМА како партнер за Македонија.
Другите специфични цели опфаќаат:
- Зајакнување на професионалниот капацитет, легитимитет и отчетност на (про) Ромски граѓански организации и подигнување на нивните капацитети за долгорочно стратегиско планирање;
- Подигнување на свеста за модели на Ромска инклузија (патокази за надминување на социјалната ексклузија) и постигнување на структурални промени во локалните политики, креирајќи стратегиски партнерства со други граѓански организации, локални институции, општини и др. релевантни институции;
- Придонесување за поефективни политики и барање на отчетност на владите во креирањето на политики, носење на одлуки и имплементација;
- Јакнење на редовно вмрежување на (про) Ромски граѓански организации на регионално и ЕУ ниво, како и фасилитација на размената на знаење, вештини и контакти, и зголемување и ширење на влијанието при водењето на кампањи и застапување.
Наредниот состанок е закажан во август 2016.
Проектот е поддржан од Европската Унија.
Можат да се пријават сите заинтересирани:
– Младински работници, лидери, волонтери и др.;
– На возраст од 18-35 години;
– Да имаат познавање на англискиот јазик, бидејќи е работен јазик на конференцијата;
– Да немаат никакви предрасуди за работа во мулти-културна средина;
– Активно учествуваат во работилниците и работните групи.
Организаторите ги покриваат трошоците за храна и сместување, и организираат автобуски превоз од Македонија до Злин (Чешка) и назад.
Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до договореното место за поаѓање и назад!
Пријавување за конференцијата се врши со потполнување на апликацијата, најдоцна до 19 септември, 16 часот! Апликациите после предвидениот рок нема да се земаат во предвид.
РРОМА започна со реализација на проектот „YEA – Youth Employment Action“ со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на проектот е проблемот со младинското вработување да го адресира од двете страни истовремено, имено:
– институционалната страна: за да го подобри искуството и знаењето на младинските работници, социјални работници и друг вид на работници кои што работат со млади во областа на вработувањето и кариерното советување;
– корисничката страна: да даде можност на младите да откријат што значи да имаат одредена кариера, да им помогне при нивниот избор на рана возраст (14-19 години), и истовремено да им помогне при интервјуата за да можат да ги прикажат своите компетенции во најдобро светло (20-30 години).
Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои една обука во Македонија и две младински размени во Романија и посета на кариерни центри и институции како добри практики во областа на младинското вработување.
Исто така, преку проектот ќе се гради доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 10 европски земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија, Италија, Франција, Чешка, Унгарија и Бугарија).
Првата активност од проектот во вид на меѓународна обука се реализираше во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 25 август до 1 септември 2016. Учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со европските политики за младинско вработување, платформата ЕУРЕС, како и подготовка на мотивациони писма и CV. Во исто време, учеа како да фасилитираат дискусија во група и што значи лидерство, бидејќи поголемиот дел од учесниците ќе бидат лидери на двете младински размени кои што ќе се оддрржуваат во Романија. Младите добија информации за Еразмус плус и се стекнаа со youthpass.
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „Talentube“ која што се оддржува од 26 септември до 02 октомври 2016 година во Малага, Шпанија.
Младинската размена има за цел креативно да ги мобилизира и зајакне капацитетите на околу 40 млади учесници од 8 европски земји (Шпанија, Македонија, Италија, Германија, Турција, Србија, Франција и Монтсерат).
Учесниците ќе имаат можност да ги покажат и споделуваат своите вештини од областа на неформалното образование, да креираат свои видеа за културата, соживотот итн. Исто така, на еден ден учесниците ќе презентираат своја игра која што може да се игра со деца, и своја музика, храна, традиции и др.
Размената се оддржува во Малага од 26 септември до 02 октомври 2016 година.
Профил на учесници:
– Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 30 години; кои што не се во образование, работа или обука (NEET – Not in education, employment or training);
– предност ќе имаат младите на кои што оваа младинска размена ќе им биде прво Еразмус плус искуство;
– да имаат желба да споделуваат знаење и работат во група;
– да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
– Да имаат доволно познавање на англискиот јазик за комуницирање! Не ја исклучуваме можноста на меѓусебно помагање и преведување!
– да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност од како ќе се вратат од Шпанија!
Сместување и патни трошоци:
– Учесниците ќе бидат сместени во хостел во Малага
– Патувањето ќе биде пресметано по economy тарифа и покриено од страна на организаторите;
– Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
– Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до аеродромот Скопје и назад!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 29 август 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!

РРОМА објавува повик за учество на меѓународната обука, која што се оддржува во рамките на проектот „YEA – Youth Employment Action“ со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.


Целта на проектот е проблемот со младинското вработување да го адресира од двете страни истовремено, имено:
– институционалната страна: за да го подобри искуството и знаењето на младинските работници, социјални работници и друг вид на работници кои што работат со млади во областа на вработувањето и кариерното советување;
– корисничката страна: да даде можност на младите да откријат што значи да имаат одредена кариера, да им помогне при нивниот избор на рана возраст (14-19 години), и истовремено да им помогне при интервјуата за да можат да ги прикажат своите компетенции во најдобро светло (20-30 години).

Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои една обука во Македонија и две младински размени во Романија и посета на кариерни центри и институции како добри практики во областа на младинското вработување.
Исто така, преку проектот ќе се гради доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 10 европски земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија, Италија, Франција, Чешка, Унгарија и Бугарија).

Првата активност од проектот во вид на меѓународна обука ќе се оддржи во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 25 август до 1 септември 2016.
















