Categories
Новости

Одржана информативна донаторска средба во рамките на проектот „New solutions to old problems”

РРОМА, денес (20,09,2023 год.) заедно со коалициските организации КХЕТАНЕ, во рамките на проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка, одржа информативна донаторска средба, на која се разговараше за придобивките и предизвиците на заедницата, ромските организации и донаторите.

На информативната средба приутни беа донаторите: г-а Марта Фидалго Гарсија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување за Западен Балкан во Европската комисија, г-дин Нафи Сарачини од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-дин Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите при Кабинетот на премиерот, г-а Зерина Рамиќевиќ од УНДП, г-а Сузана Камчевска од Министерство за транспорт и врски.

Како еден од главните заклучоци од дискусијата беше дека е потребно да се продолжи со координиран и синхронизиран пристап на сите засегнати страни во спроведување на проекти и активностите за ромска инклузија.

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ ЗА УЧЕСТВО ВО МЛАДИНСКОТО ТОК ШОУ „ПЕРСПЕКТИВА“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација и здружението „Перспектива плус“ и продуцентската куќа „Мебиус филм“ од Сараево, во соработка со National Endowment for Democracy (NED,Вашингтон) и Радио Слободна Европа (РСЕ/РЛ, Прага), објавува повик за учествуво во младинското ток-шоу „Перспектива“.

Cерија е наменета за млади луѓе, кои според концептот се исто така учесници во секоја емисија. Во емисијата, ние сакаме да зборуваме за човековите права, општите и личните вредности, радикализацијата, храброста, слободата и сите други теми што учесниците ги сметаат за важни.

Темата на сезоната 9 на „Перспектива“ е „ИДНИНАТА Е НАША“.

Сакаме да слушнеме како младите ја гледаат иднината. Кои се вашите потреби и желби, кои се вашите планови за во иднина, каде се гледате за десет години, што ви треба за да останете во сввојата земја?

Пријателство, емпатија, слобода да се биде свој, човекови права, толеранција, се само дел од темите за кои сакаме да ги слушнеме вашите мислења. Ќе отвориме дискусија за
различни прашања, ќе промовираме дијалог и ќе поттикнуваме комуникација.

ПЛАНИРАНИТЕ ТЕРМИНИ ЗА СНИМАЊЕ ВО СКОПЈЕ :
ПОНЕДЕЛНИК, 11-ти септември 2023 година
 11.00 – 12.15 часот – дискусија со ПРВА ГРУПА учесници
 12.30 – 13.45 часот – дискусија со ВТОРА ГРУПА учесници

ВТОРНИК, 12 септември 2023 година
 11.00 – 12.15 часот – дискусија со ПРВА ГРУПА учесници
 12.30 – 13.45 часот – дискусија со ВТОРА ГРУПА учесници
 18:00 – 19:30 часот – ПРВА и ВТОРА ГРУПА заедно
дијалог и дискусија помеѓу учесниците и модераторот и специјален гостин.

Снимањето ќе се одржи на 11 и 12 септември 2023 година во Стопанската комора на Северна Македонија, Димитрие Чуповски 13, Скопје

Пријавувањето е отворено до 9.9.2023 година. Бројот на учесници е ограничен.

Можете да аплицирате преку Формулари на Google: https://forms.gle/anGdJwwuRFUaB2W26

Categories
Uncategorized Новости

ВИДЕО КАМПАЊА ПОСВЕТЕНА НА АНТИЦИНАНИЗМОТ

Во периодот од мај до јуни 2023, голем број на млади ентузијасти од Берово, Скопје, Кратово и Прилеп зедоа учество во кампања и детективска игра посветена на подигањето свест за антициганизмот.

Дел од нив учествуваа во деткективски игри во кои што истражуваа за историското потекло на антициганизмот особено ставајќи акцент на периодот од владеењето на австроунгарската владетелка Марија Терезија во 18ти век. Тие ги откриваа сокриентие декрети и траги кои ги водеа до целта, односно целосното откривање на вистината што се има случено на Ромите во тој период.

Останатиот дел од младите зедоа учество во спроведување на кампања насловена ,,Антициганизам?!”. Во соработка со локалните училишта и младински совети, кампањата беше успешно спроведена во Прилеп, Скопје (Шуто Оризари и Центар) и Кратово. Дел од кампањата беше од педагошки аспект, односно беа одржани предавања и дискусии во неколку училишта со цел да се разбере повеќе што претставува антициганизмот. На дискусиите што следуваа беше заклучено дека еден од водечките причини за анрициганизмот е недостатокот на точни информации, затоа младите решија да постават Ѕид на предрасудите, наведувајќи ги луѓето да го срушат односно да извадат ,,цигла” по ,,цигла” мотивирајќи ги случајните минувачи да ги срушат бариерите и предрасудите што ги носат во себе. Пораката на кампањата е ,,Истапи, кажи, делувај!” со надеж дека ќе ги поттикне да делуваат сите тие кои ќе се најдат во ситуација каде што има антциганизам.

Видеото од кампањата може да го погледнете тука!

Активностите спроведени во рамки на кампањата се дел од проектот ,,Roma Youth Bring Change” кој е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија. Партнери на проектот се: Аутономија и Детективити од Унгарија и ЕРГО мрежата од Белгија.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Започна тренингот „New solutions to old problems”

Започна тренингот во рамки на проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка.

Тренингот започна на 28ми август и ќе заврши на 1ви септември во Струга, Македонија. На тренингот присуствуваа 11 партнерски организации меѓу кои и: ERGO Network, Autonómia Alapítvány, Asociatia Nevo Parudimos, Otaharin – Centre for Integrative Inclusion of Roma Men and Women, Otaharin Bijeljina, Roma Active Albania, Slovo 21, z.s., RAVS, Udruženje žena “Romkinja”, Асоциация Интегро Integro Association, Sıfır Ayrımcılık Derneği, Viešoji įstaiga Romų visuomenės centras.

Целта на тренингот е да се изградат капацитетите на организациите врз основа на здобиените и меѓусебно имплементираните добри пракси и стратегии на застапување.

Водени од искусните тренери на Ромалитико, присутните претставници до сега имаа можност да ги претстават стратегиите на своите организации и контекстот на полињата на кои оперираат како и внесување на ромскиот идентитет како почетна точка во развивањето идни стратегии.

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,MY FUTURE JOB”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,My future job” која што ќе се одржи  од 11.09.2023 септември до 21.09.2023 септември ( 11ти септември и 21ви септември се денови за патување) во Бребу, Караш-Северин, Романија.

Ова е втората и воедно последна фаза од проектот кој се спроведуваше во две фази, а првата беше одржана во периодот од 10-20 јули 2023 на која волонтери од РРОМА зедоа учество.

Целта на проектот е да се обезбеди можност за учење на младите со цел да се стекнат  со информации и искуство, нови вештини и компетенции специфични за советување и кариерно насочување, како и пристап до информации од онлајн сферата со цел да соочувањето со интервју за работа и изготвувањето документи за вработување  се направат полесни. При овој проект се очекува младите да ги развијат своите комуникациски вештини, одговорност, тимска работа, критичко размислување, преговарање, итн. Програмата Еразмус+ има за цел да го промовира младинското учество и да го зајакне квалитетот на неформалните процеси на учење.

Цели на проектот:

  1. да се збогати знаењето на 90 млади луѓе од руралните и градски средини, од 9 земји, идентификување на нивниот образовен или професионален план и пристап до информации од онлајн сферата во врска со вработувањето
  2. да се развијат 90 млади луѓе од 9 земји, нивните вештините и компетенциите поврзани со воспоставувањето на образовниот или професионалниот план  и барање работа, поддршка при интервју за вработување и изготвување на онлајн документи за истото;
  3. да се поддржи пристапот на младите  до информациите од онлајн средина специфична за насочување и кариерно советување, како и за порталот EURES со националниот и европскиот пазар на труд, за време на проектот и по престанокот на истиот.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 20 до 30 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 5ти септември 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за аплицирање за надворешен тренер за спроведување на градење капацитети на граѓанските организации

Регионалната ромска образовна младинска асоцијација (РРОМА) објавува повик  за надворешен тренер за да одржи 4 дневна обука за градење капацитет за партнерските организации вклучени во проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нови типови пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“, во следните области:

Проектен Менаџмент

  • Планирање на проекти
  • Извршување на проектот
  • Контрола на проектот

Организациски менаџмент:

  • Оперативно управување
  • Финансиски менаџмент
  • Управување со човечките ресурси
  • Ромски идентитет/развој на стратегија за ромски организации

Обуката ќе се одржи од 28 август до 01 септеври 2023 год во Хотел Дрим – Струга.

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација е независна младинска организација, активна во Република Македонија. Започнувајќи со работа како мрежа на 15 декември 2007 година, РРОМА се концентрира на младинско зајакнување и мобилизација преку креативност, обуки и кампањи. Нашата визија за нашите млади е тие да станат промотори на позитивни вредности и активни актери во социјалните случувања. Нашата мисија се фокусира на афирмација и промоција на можностите за личен развој и интеграција, како и промовирањето на активното граѓанство и само-вклучувањето во креирањето на политиките кои што ги засегаат младите.

Преку проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нови типови на пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“, финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку Фондот за грантови на ЕЕА и Норвешка за регионална соработка, RROMA склучува договор со надворешен тренер. Обучувачот ќе спроведе сесии за градење капацитети со нашите партнерски организации. Обуките треба да се изведуваат на англиски јазик.

Се очекува обучувачот да им помогне на граѓанските организации да ги подобрат своите капацитети во областа на комуникациски вштини, (како да се направат видливи резултатите, како да се допре до пошироката публика), Организациско планирање (како да известувате и да ги одржувате роковите),  како да се напише проект (како да се реплицираат најдобрите практики).

Од РРОМА експертот ќе добие поддршка и информации за потребите и  сесиите за време на средбата. Тој/таа ќе биде консултиран и за олеснување на сесиите со нашите партнери.

Покрај обуките од 28 август до 01 септември , од експертот ќе се очекува да достави целосен извештај за обуката и да ги мапира силните и слабите страни на организациите. Заедно со партнерските организации, експертот ќе развие систем за водење евиденција за нивното подобрување.

Услови:

Тренингот ќе се одржи од 28 август до 01 септември, финален извештај треба да се поднесе до 20 август 2023 година.

Профил на консултант/тренер*

  • Одлични вештини за обука
  • Одлични вештини за пишување и способност за дизајнирање и испорака на сесии за обука, модули и алатки за ГО
  • Соодветно искуство и работа со граѓански организации во областа на управување со проекти, организациски развој и менаџмент, градење капацитети и градење мрежа
  • Способност за самостојно работење
  • Работен јазик е англискиот
  • Консултантот може да биде поединец, институција или организација

Договор и буџет

Обучувачот ќе биде иаплатен со 2000 €, ДДВ вклучен во оваа сума.

Независниот консултант ќе биде поддоговорен од RROMA и нема право да ги контактира директно Грантовите за регионална соработка на ЕЕА и Норвешка. Тој/таа се пријавува во РРОМА.

Сите трошоци (како патување, сместување и храна на обучувачот) поврзани со 4 дневната обука, ќе бидат покриени од страна на РРОМА.

Апликантите треба да достават:

Ажурирано CV

И мотивационо писмо

Апликацискиот пакет треба да се достави до 15 август 2023 година на info@rromassn.org со тема – „NSOP – Градење капацитети на граѓански организации“.

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation

Categories
Uncategorized Новости

Одржана средба со Државната министерка за надворешни работи и култура на Република Индија

На 11.07.2023 РРОМА имаше можност да присуствува на тркалезна маса организирана од страна на Минакши Леки – Државната министерка за надворешни работи и култура на Република Индија.

Темата на дискусијата беше ”Tracing the historical linkages between India and Roma people abroad and discussing how these linkages can be strengthened in the contemporary context” на кое што секој од присутните даде свое гледиште и придонес.

Заедно со претставници од повеќе институции и ромски организации имавме можност да ги споделеме нашите полиња на интерес и идеи а истовремено и да ги истакнеме некои од предизвиците со кои се соочуваме.

Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА ОБУКАТА ,,COURAGE TO CHANGE”

Претставници на РРОМА зедоа учество во обуката одржана од 1ви до 9ти јули во Милковени, Романија со наслов ,,Courage to change – 9 steps guide to working with Roma youngsters” .

На обуката предводена од сертифицирани и искусни фасилитатори им беа споделени, на присутните младински работници, методи и добри практики кои се засноваат на водичот од 9 чекори за работење со млади Роми.

Учесниците имаа можност да креираат своја скица за реализирање на свој проект како и да смислат активности за дел од работилниците и подлабоко да го разработат својот проектен план. Вториот дел од овој проект ќе се одржи следната година во Турција, а до тогаш присутните учесници треба да поминат низ неколку од чекорите на водичот и да реализираат свои работилници

Овој проект е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за младинска размена „Be(e) INVOLVED IN YOUR COMMUNITY“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, „Be(e) INVOLVED IN YOUR COMMUNITY” која што ќе се одржи  од 31.07.2023 јули до 09.08.2023 јули ( 31ви јули и 9ти август се денови за патување) во Бребу, Караш-Северин, Романија.

Идејата на овој проект започна од дискусиите со младите луѓе во заедницата спроведени од волонтерите на здружението, исто така земајќи ја предвид отвореноста на младите да дознаат повеќе за ова прашање, да учествуваат во ваков проект, одговорно да се вклучат во заедницата за нејзино разубавување и развој. Избраните партнери го делат истиот недостаток на информации и активности во однос на справувањето со прашањата за климатските промени. Името на проектот е внимателено избран, како што сите знаеме ПЧЕЛИТЕ не се само највредните инсекти, туку најсуштинските суштества за одржување на човештвото во живот.

Цели на проектот:

  1. да се збогати знаењето на младите за борба против климатските промени;
  2. да се развијат, за време на размената, вештините и компетенциите што им се потребни на младите за организирање волонтерски активности за борба против климатските промени;
  3. да се зголеми и стимулира интересот на младите да станат амбасадори на практиката и промоцијата на волонтерството со цел борба против климатските промени во заедницата.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
  • организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена
  • Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти јуни 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за младинска размена “Нова Утопија “ (New Utopia)

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, “Нова Утопија “ (New Utopia) која што ќе се одржи  од 04.08.2023 август до 11.08.2023 август ( 4ти август и 11ти август се денови за патување) во Кампомагиоре, Базиликата – Италија.

Целта на оваа размена е да се врати духот на ова италијанско гратче, кој е загубен после долгата пандемија. Па затоа на оваа размена ќе се спроведе акција со која ќе се помогне истиот да биде вретен, односно Кампомагиоре да се врати на местото каде што и припаѓа. Кампомагиоре е основан од грофот Рендина, утопиец кој ги наследил овие земји во XVIII век и експериментирал со неговиот егалитарен широк поглед кон светот со создавање на една заедница каде што секој има куќа и работи заедно за општото добро. Исто така на овој проект учесниците ќе се мотивираат да превземат иницијатива и да го поттикнат домашниот туризам.

Цели на проектот:

  1. Надминување на маргинализацијата помеѓу руралните средини и градот.
  2. Целта и задача е да се создадат нови можности на пазарот на трудот, со фокус на територијална промоција.
  3. Обука за ИКТ, дополнителни знаења и споредување вештини.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20ти јули 2023 година, најдоцна до 18:00 часот.