БАРАМЕ 2 МЛАДИНСКИ ВОЛОНТЕРИ/КИ!
РРОМА објавува јавен повик за ангажирање на 2 младински волонтери/ки, со фокус на активности поврзани со работа со млади Роми и не-Роми преку неформално образование, младинско учество и локални иницијативи.
Ангажманот предвидува вклучување во активности со млади од маргинализирани и ранливи групи, поддршка при организација на настани, учество во национални и меѓународни младински активности и проекти (најчесто во рамките на Еразмус+ програмата), како и поддршка во секојдневните активности на организацијата.
Ангажманот предвидува околу 20 часа неделно, со месечен надоместок кој ќе биде утврден врз основа на искуството и ангажманот на избраните кандидати.
Ангажманот ќе започне од 1 јуни 2026 година и ќе трае 9 месеци, со можност за продолжување и прилагодување на работните услови согласно потребите на организацијата и ангажманот на избраните кандидати.
Работните обврски ќе се извршуваат во просториите на РРОМА во Кратово (по потреба), со можност за флексибилна организација на работата и работа од дома (home office).
Волонтерите/ките ќе имаат можност да стекнат практично искуство, да развијат нови вештини и да бидат дел од мулти-етничка и динамична средина.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Возраст од 18 до 29 години
- Интерес за работа со млади од мулти-етнички заедници
- Сензибилност за работа во мулти-етничка средина
- Мотивација за учење и личен развој
- Основни ИТ вештини
- Познавање на странски јазици (англиски) за работа на интернационални проекти
- Одговорност, проактивност, лидерство, креативност и тимска работа
ШТО НУДИМЕ?
- Волонтерски ангажман со флексибилно работно време
- Менторска поддршка и можности за учење
- Учество и координација на локални и меѓународни активности и проекти
- Можност за учество на младински размени, тренинзи и настани
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Најдоцна до 20 мај 2026 година, 23:59 часот, заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Кратко мотивационо писмо
- CV
Ве молиме во апликацијата да наведете име и презиме, телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на критериумите ќе бидат повикани на краток разговор.
РРОМА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката: „Пријава за младински волонтери 2026“ можете да ги доставите електронски на: info@rromassn.org
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост и во предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.


