Период на транзиција во РРОМА

Период на транзиција во РРОМА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација е независна младинска организација, активна во Република Македонија. Започнувајќи со работа како мрежа на 15 декември 2007 година, РРОМА се концентрира на младинско зајакнување и мобилизација преку креативност, обуки и кампањи. Нашата визија за нашите млади е тие да станат промотори на позитивни вредности и активни актери во социјалните случувања. Нашата мисија се фокусира на афирмација и промоција на можностите за личен развој и интеграција, како и промовирањето на активното граѓанство и само-вклучувањето во креирањето на политиките кои што ги засегаат младите.

 

   

Во минатото, организацијата стана првата ромска младинска организација назначена од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност за контакт-точка за промовирање на програмата Млади во Акција помеѓу младите Роми во Македонија. Исто така, организацијата ја доби наградата MTV Staying Alive Award во 2010 за својата креативна кампања за подигање на свеста од опасностите од ХИВ/СИДА помеѓу младите, станувајќи првата македонска организација во светот која ја доби наградата. Во март 2017 година, РРОМА го добива второто место во рамките на второто издание на EU Roma Integration Award for Western Balkans and Turkey организиран од Европската комисија. За подоцна во истата година биде номинирана со 2 проекти како добри пракси во рамките на Еразмус плус програмата.

 

РРОМА како ромска младинска организација е мотивирана да работи со младите Роми преку не-формално образование, со цел да им овозможи повеќе можности за вклучување, надоградување и јакнење на нивните капацитети. Младите да ја промовираат својата култура и идентитет, мултикултурата и активното граѓанство како лидери на своите заедници. Веруваме во младите, веруваме во нивните капацитети за откривање на вистинските потреби и проблеми, веруваме дека тие можат да донесат вистинска промена во своите заедници! Веруваме во младите … сега, денес, утре, секогаш!

Имајќи ја во предвид мисијата и визијата на организацијата, во период што следи ќе се направи промена, односно транзиција на структурата во РРОМА. Досегашниот директор, до крајот на оваа година (2020)  ќе ја извршува својата функција, се со цел да помогне во транзицијата, потпомогнат од бордот и канцеларијата.  Почетокот на наредната година (јануари 2021) РРОМА ќе има нов директор/ка и структура. Овој период тимот на РРОМА своите обврски и активност ги извршуваше онлајн. Поради ситуацијата со Ковид-19, многу од предвидените активности не беа во можност да се реализираат и се одложија за 2021 година, истото се однесуваше за промената на структурата во организацијата. Имајќи го сето ова во предвид, РРОМА редовно ќе ги известува своите членови за прогресот и свикување на наредното собрание за избор на новата структура.