ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ “The Other School of Politics“

РРОМА објавува повик за активно учество на Млади Роми и не-Роми во рамките на проектот “The Other School of Politics“ финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant. Проектот ќе се реализира до Декември 2022 година.

Целта на проектот е да се обезбеди активно учество на младите кои не можат да пристапат до своите основни права, а понатака не можат активно да учествуваат во процесите од јавен интерес за нив, но и во политиките што ги спречува да ја зајакнат нивната социјална интеграција. Преку овој проект сакаме првенствено да ги зајакнеме младите Роми, овозможувајќи им пристап и активно учество во преку учење на политичките и општествените механизми за нивна подобра инклузија и пристап до своите права како граѓани.

Целта не е да креираат или подржаат нови политичари кои што водат традиционална политика, туку активни граѓани свесни за процесите на демократијата, кои што го имаат доброто на заедницата како приоритет и ќе делуваат во склад со истите за да се случи посакуваната промена.

Можности кои ги нуди проектот:

  • Младите да пристапат до знаење за политичките и социјалните механизми за нивно активно учество како граѓани преку обуки, дијалог, размена на искуства, разговори со политичари, посети на институции итн.
  • Подигнување на знаењето и свеста на учесниците за демократските вредности како што се социјалната еднаквост, социјалните права, владеењето на правото, зелена агенда, дигитална инклузија итн.
  • Поттикнување на застапеноста на различните Ромски групи во процесот на инклузија на Ромите.
  • Инспирирање на младите кои што се заинтересирани за општествени прашања да станат активни граѓани на политичко и социјално поле и да го зголемат нивното учество во механизмите за одлучување.
  • Вклучување на младите луѓе во различни политички области, имено; активно граѓанство, социјална политика, функционирање на локалните самоуправи, политики кон Ромите и развој на Ромското граѓанско општество во Македонија и Европа.
  • Мала финансиска поддршка за реализација на 5 идеи за застапување на младите учесници
  • Можност за менторство од страна на експерти

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 30 години
  • Да имаат искуство на теми: човекови права, животна средина, малцински права, социјална родова еднаквост, застапување и др.
  • Да работат со маргинализирана група на млади од нивната заедница

Заинтересираните учесници може да се прјават пополнувајќи ја апликацијата најдоцна до 08 април 2022 година, најдоцна до 18:00 часот. Првичната средба на селектираните учесници и започнување на активностите на школата започнуваат кон крајот на Април 2022 година.

This project is part of the project New Solutions To Old Problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration”, funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.