✨ Волонтерите на РРОМА беа дел од Digital Youth Wellness во Бребу, Романија! ✨
Од 17 до 26 септември 2025 година, нашите волонтери учествуваа на младинската размена „Digital Youth Wellness“, како дел од Еразмус+ проектот.
Проектот имаше за цел да ги зајакне дигиталните вештини на младите, особено на оние со помалку можности, како и да поттикне свесно користење на технологијата за одржување на менталното, физичкото и социјалното здравје.
🎯 Цели на проектот:
1️⃣ Едукација на учесниците за дигитализацијата на претприемништвото, вработувањето и образованието, како и развивање на самодовербата за работа во онлајн сектори.
2️⃣ Подобрување на дигитални вештини како користење на вештачка интелигенција, граѓански дискусии и сајбер-безбедност.
3️⃣ Подигање на свеста за дигиталната благосостојба и промовирање здрав однос кон технологијата.
🌍 Преку учеството во овој проект, волонтерите на РРОМА придонесоа за подобрување на дигиталната компетентност, самодовербата и благосостојбата на младите од шест земји.


