Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена, “ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY” која што ќе се одржи од 08.12.2025 – 15.12.2025 во Берлин, Германија.
Проектот има за цел да ги истражи практиките и методите за вклучување и зајакнување на младите во рамките на младинските организации за справување со дискриминацијата, расизмот, ксенофобијата, особено антициганизмот. Исто така, се обидува да придонесе за развој на колективна меморија на сеќавање и комеморација преку зголемување на свеста за холокаустот и геноцидот на Ромите во Втората светска војна.
Цели на проектот:
- Обезбедување платформа за 30 млади поединци од различни европски земји да се соберат, да споделат искуства и да создаваат заеднички визии и приказни користејќи уметнички и креативни методи на неформално образование;
- Зајакнување на учесниците преку зајакнување на нивниот идентитет, самосвест и самопочит, овозможувајќи им да се залагаат за нивната кауза;
- Изградба на капацитетите, креативноста и иницијативата на младите Роми, како и развивање човечки ресурси во ромските организации и мрежи посветени на активно граѓанство, инклузивно општество базирано на знаење и еднакво уживање на правата и одговорностите за сите европски граѓани.
👥 Кој може да се пријави:
- Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 26 години
- Младински работници, лидери и волонтери
- Лица мотивирани да се вклучат во тематиката на проектот
- Работен јазик е англискиот, но ќе се обезбеди меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
💼 Трошоци и останати информации
Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:
✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена
ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 11ти октомври 2025 година, до 18:00 часот.
Аплицирај тука:https://forms.gle/SjrhbVwLFvcE7iAA7
