Реализиран тренинг курсот „Youth Action: Create, Share, Inspire…“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во периодот од 09 до 17 мај 2026 година, во Кратово успешно се реализираше тренинг курсот „Youth Action: Create, Share, Inspire…“ организиран од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација, кој обедини 46 млади луѓе, младински работници, лидери и волонтери од различни средини.

Проектот беше насочен кон развој на креативни и иновативни методи во младинската работа за промовирање на социјална инклузија, интеркултурен дијалог и борба против антициганизмот. Преку интерактивни работилници, практични активности и размена на искуства, учесниците ги зајакнаа своите знаења и вештини за користење на уметноста, дигиталните медиуми и јавните акции како алатки за општествени промени.

Како резултат на проектот беа постигнати неколку значајни резултати и исходи. Успешно беше реализиран flash mob како јавна акција за подигнување на свеста за антициганизмот, дискриминацијата и социјалната инклузија. Учесниците подготвија и изведоа театарска претстава преку која ги пренесоа пораките за еднаквост, почитување на различностите и борба против предрасудите. Во рамки на проектот беше создадена и авторска песна која ги отсликува искуствата, вредностите и пораките на младите, промовирајќи солидарност, заедништво и активно граѓанство. Дополнително, за време на креативните работилници беа изработени повеќе уметнички дела кои ја претставуваат визијата на учесниците за поинклузивно и поправедно општество.

Проектот придонесе и за подобрување на знаењата на учесниците за антициганизмот, менталното здравје и младинската работа, како и за развој на нови вештини во областа на креативната и дигиталната младинска работа. Исто така, беа создадени нови партнерства, пријателства и можности за понатамошна соработка помеѓу млади Роми и не-Роми од различни средини.

Сите резултати и исходи од проектот, вклучувајќи ги flash mob активноста, театарската претстава, авторската песна, уметничките дела и искуствата на учесниците, можат да се погледнат во видеоматеријалите достапни на линкот подолу, каде што е прикажан целиот процес на реализација и влијанието што проектот го имаше врз учесниците и локалната заедница.

YouTube линкови:

Theater: https://youtu.be/AbImNf2-agQ?si=-UDpfdvbdr8ws2qS

Art: https://youtu.be/-gyAkHQ2PmM?si=M5v5pCiEFArAgwal

Song: https://youtu.be/EtwS1-wrW1g?si=wiA7CudB5SwLwvTH

Flash Mob: https://youtu.be/TMdg8O7f1bE?si=iuBuivSGcgV3ZHUY