По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, младинската организација RROMA ве поканува да бидете дел од серија настани посветени на ромската култура, идентитет, еднаквост и вклучување. 💙💚❤️
📍 7 Април | 12:00 – 13:30 | Општина Куманово
„Real Talk: Roma Youth – International Roma Day“
Во соработка со Europe House и Општина Куманово, ќе се одржи отворена панел-дискусија со млади Роми кои ќе ги споделат своите лични приказни, искуства и визии. Настанот има за цел да отвори простор за искрен разговор, рушење на стереотипите и поттикнување на разбирање, почит и еднаквост.
📍 8 Април | 11:00 – 13:00 | Центар, Скопје
Балон кампања по повод 8 Април
Во срцето на Скопје, со балони во боите на ромското знаме, ќе испратиме јасна порака:
„Запознај, разбери, почитувај“
Секој посетител и случаен минувач ќе има можност да дознае повеќе за значењето на 8 Април, да добие мала порака за инспирација, стикер, пенкало или друг симболичен подарок, како и да учествува во интерактивен QR предизвик со прашањето:
„Дали знаеш што се слави на 8 април?“
💡 Мал факт што сите треба да го знаеме:
Ромите се најголемо малцинство во Европа.
Биди дел од промената. ✨
📍 8 Април | 13:00 | Голема сала во Општина Берово
„Живи идеи – ромска приказна во акција“
Во соработка со Општина Берово, ќе одбележиме 8 Април преку свечено отворање, доделување признанија, инспиративно видео и интерактивна работилница со млади и институции.
Преку работа во групи и креативни формати, ќе се отвораат теми за ромската историја, јазик, познати личности од ромско потекло, антициганизмот денес и положбата на Ромите во Северна Македонија.
Настанот ќе заврши со „Дрво на иднината“ – простор каде секој ќе може да остави порака, идеја и визија за подобро и поинклузивно општество.
Да се запознаеме. Да разбереме. Да почитуваме.
Заедно градиме општество на различност, еднаквост и заедништво.
#8Април #МеѓународенДенНаРомите #RROMA #ЗапознајРазбериПочитувај #RomaDay #Inclusion #Equality
