Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација успешно беше дел од тренинг курсот „Skills for the Future: Supporting Youth Employability“, кој се одржа во периодот од 06.12 до 15.12.2025 година во Измир, Турција.
Во рамките на тренинг курсот учествуваа младински работници, млади учесници и волонтерите на РРОМА, кои активно беа вклучени во сите активности и придонесоа кон квалитетна размена на искуства, знаења и добри практики.
📝 Опис на реализираните активности:
Тренинг курсот одговори на предизвиците со кои се соочуваат младите на современиот пазар на труд, кој се менува под влијание на дигитализацијата, еколошките предизвици и социјалните нееднаквости. Посебен фокус беше ставен на младите од маргинализираните заедници, вклучително и Ромите, кои се соочуваат со зголемени пречки при вработување.
Преку методи на неформално образование, меѓународна соработка и практични работилници, проектот ги зајакна капацитетите на младинските работници за подобра поддршка на младите во нивниот кариерен развој, дигитална отпорност и ориентација кон „зелени“ и одржливи работни патеки.
Како клучен резултат од проектот, беше развиен Youth Employability Toolkit, како практичен ресурс кој овозможува долгорочен импакт, одржливост и пренос на знаење во рамките на европската младинска работа.
🎯 Остварени цели на проектот:
- Беа зајакнати вештините за кариерна подготвеност во младинската работа;
- Беа унапредени дигиталните компетенции кај младинските работници;
- Беа промовирани зелени и одржливи кариерни можности за младите;
- Беше поттикната инклузивноста и социјалната кохезија;
- Беше поддржано интеркултурното разбирање и зајакнат европскиот идентитет;
- Беше зацврстена меѓународната соработка и размената на знаење помеѓу партнерските организации.


