Со гордост споделуваме дека еден од нашите колеги ја претставуваше РРОМА на Европската платформа за вклучување на Ромите 2025, која се одржа од 1 до 3 октомври 2025 година во Брисел, Белгија.
Овој значаен годишен настан ги обедини претставниците на институциите на ЕУ, националните и локалните власти, граѓанските организации и ромските заедници за да се дискутира за напредокот и предизвиците во промовирањето на еднаквоста, инклузијата и учеството на Ромите низ Европа.
Во текот на тридневната платформа, учесниците земаа активно учество во високи политички панели, тематски дискусии и партиципативни работилници кои се фокусираа на следниве приоритети:
- Спроведување на Стратегиската рамка на ЕУ за Ромите 2020–2030
- Напредок во спроведувањето на Познанските обврски
- Борба против антициганизмот и унапредување на соработката со локалните и централните власти
- Подобрување на пристапот на Ромите до образование, вработување, здравствена заштита и домување
Настанот исто така го вклучуваше и отворањето на изложбата „Romagic“ во организација на ERRC, која ја слави ромската уметност и културен израз.
Нашето учество уште еднаш ја потврди посветеноста на RROMA кон застапување на еднаквоста, инклузијата и зајакнувањето на ромските заедници на Западен Балкан и пошироко низ Европа.


