Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена „Empowered we decide: participation and equity“ која што ќе се одржи од 15.11.25 до 21.11.25 во Зарагоза, Шпанија.
📝 Опис на активностите:
Овој проект има за цел да ја унапредува инклузивната младинска партиципација, со посебен акцент на родова еднаквост и еднакви можности. Многу млади луѓе, особено оние од маргинализирани заедници или кои се соочуваат со структурни бариери, често имаат тешкотии нивниот глас да биде слушнат во граѓанските и одлучувачките процеси. Проектот има намера да ја промени оваа реалност преку обезбедување на практични алатки, знаења и можности што ќе им овозможат на младите да учествуваат активно и рамноправно.
🎯 Цели на проектот:
- Подигне свест за важноста на инклузивното младинско учество и родовата еднаквост преку кампањи, работилници и заеднички дијалози.
- Обезбеди алатки и ресурси (како обуки, менторство и дигитални платформи) за поддршка на младите во развој на лидерски, застапувачки и граѓански вештини.
- Охрабри еднаков пристап до процесите на донесување одлуки на локално, национално и меѓународно ниво, осигурувајќи дека младите жени и младите со помалку можности се рамноправно застапени.
- Промовира граѓанска ангажираност преку мотивирање на младите да учествуваат во општествени иницијативи, демократски процеси и развој на заедницата.
👥 Кој може да се пријави:
- Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 28 години (Лидер 18+)
- Средношколци, младински работници, лидери и волонтери
- Лица мотивирани да се вклучат во тематиката на проектот
- Работен јазик е англискиот, но ќе се обезбеди меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
💼 Трошоци и останати информации
Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:
✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена
ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 08ми октомври 2025 година, до 18:00 часот.




