Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Rural traditions, learning opportunities 2018”

РРОМА објавува повик за младинската размена “Rural traditions, learning opportunities 2018”, која што се оддржува од 11 до 22 мај 2018 во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија.

Идејата за проектот започна со адресирање на пасивниот однос на младите кон руралните средини и локалните традиции кои што се пред изумирање. Целта на проектот е да се ангажираат младите како активни граѓани во истражувањето, валоризацијата и промоцијата на локалните традиции, кои што многумина ги сметат за застарени и неинтересни.

Нашиот проект има дава простор на 40 млади учесници од 4 европски земји преку размената на културите да станат мотивирани и свесни за својата граѓанска одговорност за зачувување и промовирање на локалните традиции. Исто така, проектот дава можност младите да бидат вклучени во континуиран дијалог помеѓу различните генерации и афирмацијата на загрозените заедници на европскиот простор во туристичкиот, економски и културен развој.

Младинската размена се оддржува од 11 до 22 мај 2018 година, во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија. Истата е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот можат да се пријават:

  • млади од 16 до 25 години
  • младински работници, волонтери, уметници…
  • работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • дел од размената е креирањето на перформанс/театар за локалното население
  • посета на урбани и рурални средини и разговори со младите од тие места

Трошоците поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 4 мај 2018 година, 18:00 часот!

Categories
Конкурси Новости

Повик за пријавување на учесници во активностите на проектот „Делуваме заедно“!

Повик за пријавување на учесници во активностите на проектот „Делуваме заедно“!

(краен рок за пријавување 20 март, 2018)

Млади сте и сакате да  учите за ромската култура, историја и идентитет? Сакате да знаете како да ги заштитите човековите права? Ако да, тогаш ова е вистинска шанса за вас!  Пријавете се за учество во активностите на Проектот Делуваме заедно”  за заедно да им се спротивставиме и да ги надминеме стереотипите и предрасудите!

Проектот Делуваме заедно се спроведува во рамки на  Linking, Engagement, Advocacy and Development, LEAD MK стипендирана програма за млади од страна на Надир Усеин,кој  е  поддржан од  Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целта на проектот Делуваме заедно е да се зголеми разбирањето меѓу младите Роми но и останатите млади кои не се дел од ромската популација но сакаат да знаат повеќе за ромската култура и идентитет и да го промовираат интеркултурниот дијалог. Преку истиот, младите ќе се едуцираат за ромските традиции и култура и ќе ги зајакнат своите лични вештини и знаења за решавање на стереотипите и предрасудите кон Ромите.

Како дел од проектот 20  млади од  Скопје на возраст од 16-24 години  ќе имаат можност да учат во пријатна интеркултурна атмосфера во рамките на следните активности :

  • Шест работилници на следните теми: Идентитетот на ромите, културата и историјата, заштита на човековите права, механизми како да се надминат стереотипите и предрасудите;
  • Настан – означување на денот на отпорот на ромите во концентрационите логори (Споделување идеи со учесниците, каков вид на активност ќе се спроведе за настанот);
  • Кампања за промоција на интеркултурен дијалог, човекови права, интеркултурно разбирање “Did you know”.

 

Како да се пријавите?

Пополнете  ја апликацијата до која ќе дојдете со кликнување на следниот линк и испратете jа до  Надир Усеин  nadir.usein@gmail.com најдоцна до 20-ти март, 2018 год.

Не ја пропуштајте шансата, да делуваме заедно!

Проектот „Деуваме заедно“ е спроведуван од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистот Надир Усеин, финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество

Проект на УСАИД за граѓанско учество (CEP) Тел/Факс: +389 2 320 4450; cepmk@ewmi.org; FB CEPMacedonia

Categories
Конкурси Новости

Повик за семинар во Хајделберг, Германија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на семинарот за млади едукатори кои што работат на темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна.

Семинарот за млади едукатори се оддржува во рамките на проектот Realms of Death – Remembrance about the Porajmos in Eastern Europe (REDE), кој што е поддржан од програмата Europe for Citizens од Европската Унија. Проектот се стреми да ја подигне свеста за геноцидот врз Ромите, фокусирајќи се на историјата во различните делови од Европа и ужасните настани како на пр. во Унгарија и Транснистрија. Семинарот им дава можност на учесниците да се сретнат и разговараат со преживеаните од првата и втората генерација, и да ја посетат изложбата во Документарниот и Културен центар на германските Синти и Роми во Хајделберг. Но, исто така им овозможува надоградување на нивните капацитети во водењето на едукативни работилници, сесии и семинари на темите поврзани со Ромскиот геноцид со употребата на алатки од сферата на неформалното образование.

 

                 

Семинарот се оддржува од 23 до 27 април 2018 година во Хајделберг, Германија. Трошоците за патување, сместување и храна се покриени од страна на организаторите. Работен јазик на состанокот е англискиот јазик!

На повикот може да се пријават млади едукатори Роми и не-Роми, истражувачи, студенти, наставници инволвирани во темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, потполнувајќи ја апликацијата на линкот до 24.03.2018 година, 18.00 часот!

Categories
Конкурси Новости

Повик за учество на семинарот за застапување за млади Роми во Брисел

Интернационалната Ромска младинска мрежа „ternYpe“ заедно со партнерот РРОМА  бара учесници од Македонија за семинарот за застапување, кој што се оддржува од 6 до 13 април 2018 година во Брисел.

Учесниците ќе имаат можност да бидат дел од активностите на Ромската недела во Брисел, која што се оддржува од 9 до 12 Април 2018 година во Европскиот парламент.

Семинарот им овозможува на младите учесници да развијат разбирање за функционирањето на различните структури и работни механизми во рамките на ЕУ институциите, да добијат информации за ЕУ политиките кои што ги таргетираат Ромите и да креираат свои стратегии за застапнување и кампањи за подигање на свеста за Антициганизмот на европско ниво.

Учесниците ќе имаат можност да селектираат во која тематска група ќе работат за време на семинарот:

  1. Партиципација – фокусирајќи се на политичкото учество на младите Роми, учество во политичките партии, Европските парламентарни избори во 2019, учество во младински структури итн.
  2. Антициганизам – фокусирајќи се на политиките за борба против антициганизмот во рамките на ЕУ политиките, говорот на омраза, улогата на младите и жените во адресирањето на феноменот итн.
  3. Напредно застапување – фокусирајќи се на евалуацијата на националните стратегии за Ромска интеграција, застапување после 2020 рамката за Роми, социјалните политики после 2020 итн.

Профил на учесници:

  • млади Роми и не-Роми, младински лидери, активисти, волонтери
  • на возраст од 18 до 35 години
  • да го користат англискиот како работен јазик

Повеќе информации за профилот на учесници и повикот има на линкот.

Датуми на активноста:

  • Пристигнување: 6 април 2018
  • Активности: 7-12 април 2018
  • Заминување: 13 април 2018

Локација:

  • Семинарот се организира во Брисел. Учесниците ќе бидато сместени во Hotel Aviation. Детални информации ќе следат по селекцијата на учесници.

Патување и трошоци:

  • Учесниците ќе треба да си го организираат патувањето до Брисел по добивањето на потврдата за учество. Организаторите ќе рефундираат патни трошоци во износ од 200 евра. Повеќе информации поврзани со патните трошоци има на линкот даден погоре.

Аплицирање:

  • Учесниците аплицираат со потполнување на апликацијата: https://goo.gl/forms/1oFCubAdEg1HO60H2
  • Краен рок за аплицирање е 25 февруари 2018, до крајот на денот!

Семинарот е поддржан од Еразмус плус програмата.

Categories
Конкурси Новости

Избор на “најпријателски Ромски градоначалник”

 Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:

К О Н К У Р С

за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“ од Република Македонија

Краен рок за поднесување на апликации:

28 февруари 2018 година

Концепт

Изборот за „најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите. Фокусирајќи се на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница, изборот може да помогне гласот на Ромската заедница да биде слушнат! Изборот се организира во земјите на западен Балкан и Турција.

Награда

Најдобрите градоначалници, победници од земјите-учеснички од западен Балкан и Турција ќе бидат дел од Ромската недела во април 2018, која што се организира во Брисел од страна на Европскиот парламент.

Таму ќе имаат можност да присуствуваат на состанок со претставници од Европската комисија и Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување, каде што ќе ги презентираат своите активности и бидат дел од креирање на мрежа на градоначалници кои што работат на Ромска инклузија.

Трошоците се покриени од страна на организаторите на изборот во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Критериуми за учество

На повикот можат да учествуваат сите градоначалници од Република Македонија. За учество е потребно:

– да ја потполните апликацијата (апликација за избор)

– да доставите исечоци, слики, извештаи, одлуки, документи кои што ги поткрепуваат дадените одговори во апликацијата

– да имате евалуација од страна на Ромската заедница кои што се однесуваат на вашата општина преку алатката за оценување на општините https://romareact.org/survey/

– по завршување на рокот за аплицирање, градоначалниците ќе бидат посетени од страна на организаторите и претставници на комисијата за избор.

Рок за аплицирање

Краениот рок за испраќање на апликациите и документите за поткрепа е 28 февруари 2018 година до 23:59 часот. Документите можат да се испраќаат по пошта на:

Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Тошо Куковски бб

П.фах 32

1360 Кратово

или на е-маил: info@rromassn.org со дознака „MRFM“

Објавување на резултатите

Комисијата за избор составена од претставници на коалицијата „KHETANE“ ќе ги соопшти резултатите за избор кон крајот на март 2018.

За прашања околу изборот можете да пишете на е-маилот: info@rromassn.org.

Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Проектот е финансиран од Европската Унија