Categories
Новости

“When Scars (!) Become Art” – Национален истражувачки извештај за менталното здравје и инклузијата на младите – National Research Report on Youth Mental Health and Inclusion Released

Со гордост го објавуваме официјалното издание на нашите национални истражувачки извештаи во рамки на транснационалниот проект „When Scars (!) Become Art“. Во изминатите месеци, партнерите од шест земји — Германија, Романија, Грција, Северна Македонија, Србија и Турција — работеа на документирање и разбирање на животните искуства на маргинализираните млади.
Истражувањето, анализата на податоците и подготовката на националниот извештај за Северна Македонија беа спроведени од Мухамед Ајваз.

Нашето истражување потврдува дека дискриминацијата, структурниот расизам и антициганизмот се постојани извори на стрес кои можат да доведат до интернализирано чувство на срам, анксиозност и намалено чувство на сопствена вредност. Сепак, откривме дека социјалната инклузија и чувството на припадност се најмоќните предиктори за менталното здравје. Не е доволно само да се бориме против дискриминацијата; мора активно да градиме средини во кои секој млад човек ќе се чувствува дека навистина припаѓа.

И покрај овие предизвици, откривме извонредна отпорност. Од зајакнувањето на културната гордост и позитивниот однос кон телото, до моќта на заедницата и „безбедните простори“ водени од самите млади, маргинализираните млади не се само жртви на своите околности. Тие се носители на промени кои, кога ќе ја добијат соодветната поддршка и простор за делување, можат да ги претворат своите искуства во извор на зајакнување и општествена акција.

Додека ги објавуваме овие извештаи низ нашата партнерска мрежа, ги повикуваме креаторите на политики и практичарите да излезат надвор од рамките на третирањето на отпорноста како индивидуална одговорност. Вистинската благосостојба бара структурни инвестиции во безбедни социјални средини, емоционална поврзаност и заштита на правата.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за учество: Биди дел од промената! „Young Roma Girls for Change“

📣 Повик за учество: Биди дел од промената!

Во периодот што следи, РРОМА започнува со спроведување анкета и индивидуални интервјуа како дел од проектот
„Young Roma Girls for Change“, кој има за цел да ја зајакне улогата на младите жени – Ромки во граѓанскиот сектор и лидерството.

Ги покануваме сите млади жени кои се активни во невладиниот сектор да го пополнат и да го споделат своето искуство, предизвици и визија за промени.
Твоето мислење е важно – токму твојот глас може да придонесе кон создавање препораки за поголемо и повидливо учество на жените во невладиниот сектор.

📝 Анкетата трае околу 7 минути, а интервјуата се безбедни, доверливи и отворени за сите кои сакаат да придонесат.

Проектот се реализира во партнерство со „Teen Spirit“ (Бугарија) и „Amaro Foro“ (Германија), со поддршка на Еразмус+ програмата на Европската комисија.

Твојот глас. Твојата приказна. Твојата моќ.
📩 Пополни и биди дел од промената!

Линк: https://forms.gle/MFMsfVi5F9wBGfcR9

Categories
Uncategorized Новости

Реализиран тренинг курс „Skills for the Future: Supporting Youth Employability“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација успешно беше дел од тренинг курсот „Skills for the Future: Supporting Youth Employability“, кој се одржа во периодот од 06.12 до 15.12.2025 година во Измир, Турција.

Во рамките на тренинг курсот учествуваа младински работници, млади учесници и волонтерите на РРОМА, кои активно беа вклучени во сите активности и придонесоа кон квалитетна размена на искуства, знаења и добри практики.

📝 Опис на реализираните активности:

Тренинг курсот одговори на предизвиците со кои се соочуваат младите на современиот пазар на труд, кој се менува под влијание на дигитализацијата, еколошките предизвици и социјалните нееднаквости. Посебен фокус беше ставен на младите од маргинализираните заедници, вклучително и Ромите, кои се соочуваат со зголемени пречки при вработување.

Преку методи на неформално образование, меѓународна соработка и практични работилници, проектот ги зајакна капацитетите на младинските работници за подобра поддршка на младите во нивниот кариерен развој, дигитална отпорност и ориентација кон „зелени“ и одржливи работни патеки.

Како клучен резултат од проектот, беше развиен Youth Employability Toolkit, како практичен ресурс кој овозможува долгорочен импакт, одржливост и пренос на знаење во рамките на европската младинска работа.

🎯 Остварени цели на проектот:

  • Беа зајакнати вештините за кариерна подготвеност во младинската работа;
  • Беа унапредени дигиталните компетенции кај младинските работници;
  • Беа промовирани зелени и одржливи кариерни можности за младите;
  • Беше поттикната инклузивноста и социјалната кохезија;
  • Беше поддржано интеркултурното разбирање и зајакнат европскиот идентитет;
  • Беше зацврстена меѓународната соработка и размената на знаење помеѓу партнерските организации.
Categories
Uncategorized Новости

Реализирана младинска размена „ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација успешно беше дел од младинската размена „ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY“, која се одржа во периодот од 08.12.2025 до 15.12.2025 во Берлин, Германија.

Во рамките на проектот учествуваа млади луѓе и волонтерите на РРОМА, кои беа активен и значаен дел од сите проектни активности и придонесоа кон успешната реализација на размената.

Проектот имаше за цел да ги истражи и примени практиките и методите за вклучување и зајакнување на младите во рамките на младинските организации, со цел справување со дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата, со посебен фокус на антициганизмот. Дополнително, проектот придонесе кон развој на колективна меморија на сеќавање и комеморација преку зголемување на свеста за холокаустот и геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна.

Реализирани цели на проектот:

  • Беше обезбедена платформа за 30 млади учесници од различни европски земји, кои се собраа, разменуваа искуства и креираа заеднички визии и приказни преку уметнички и креативни методи на неформално образование;
  • Учесниците и волонтерите беа зајакнати преку јакнење на нивниот идентитет, самосвест и самопочит, што им овозможи поактивно да се залагаат за своите права и каузи;
  • Беа изградени капацитетите, креативноста и иницијативата на младите Роми, а воедно беше придонесено кон развој на човечки ресурси во ромските организации и мрежи посветени на активно граѓанство, инклузивно општество базирано на знаење и еднакво уживање на правата и одговорностите за сите европски граѓани.
Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Заврши младинската размена „Y-HOPE: Youth at the Heart of Change – The Challenge for an Inclusive Europe”!

✨ Волонтерите на РРОМА беа дел од младинската размена „Y-HOPE: Youth at the Heart of Change – The Challenge for an Inclusive Europe”! ✨

Од 06.11 до 13.11.2025, нашите млади, младински работници и волонтери учествуваа на активностите во Бриндиси Монтања, Италија, со цел да ги поддржат учесниците во развојот на лидерски, застапувачки и граѓански компетенции.

Проектот имаше за цел да ги овозможи младите да станат двигатели на општествените промени, промовирајќи инклузија, еднаквост и солидарност низ Европа.

🎯 Цели на проектот:
📌 Поддршка на младите како клучни актери на општествените промени, со зајакнување на нивните лидерски и граѓански вештини.
📌 Промовирање на инклузијата, различноста и европските вредности, борејќи се против дискриминацијата и социјалната исклученост.
📌 Создавање реплицирачки алатки и добри практики за јакнење на младинските мрежи и градење инклузивни заедници.

🌍 Преку своето учество, волонтерите на РРОМА придонесоа за успешна реализација на проектот, обезбедувајќи инспиративна и поддржувачка средина за учесниците, поттикнувајќи соработка, разбирање и траен европски дух на единство.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Повик за тренинг курс „Skills for the Future: Supporting Youth Employability“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за тренинг курс „Skills for the Future: Supporting Youth Employability“ кој што ќе се одржи  од 06.12 – 15.12.25 во Измир, Турција.

📝 Опис на активностите:

Пазарот на труд брзо се менува под влијание на дигитализацијата, еколошките предизвици и социјалните нееднаквости, а младите – особено оние од маргинализирани заедници – се соочуваат со сè повеќе пречки за вработување. Проектот ги зајакнува младинските работници преку неформално образование, меѓународна соработка и практични работилници, подготвувајќи ги младите за кариера, дигитална отпорност и „зелени“ работни патеки. Како клучен резултат, ќе се развие Youth Employability Toolkit – ресурс што ќе овозможи долгорочен импакт и пренос на знаење во европската младинска работа.

🎯 Цели на проектот:

  • Зајакнување на вештините за кариерна подготвеност во младинската работа
  • Унапредување на дигиталните компетенции кај младинските работници
  • Промовирање на зелени и одржливи кариерни можности
  • Поттикнување инклузивност и социјална кохезија
  • Поддршка на интеркултурно разбирање и зајакнување на европскиот идентитет
  • Зацврстување на меѓународната соработка и размена на знаење

👥 Кој може да се пријави:

  • Млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 29 години (Лидер 21+)
  • Младински работници, лидери и волонтери
  • Лица мотивирани да се вклучат во тематиката на проектот
  • Работен јазик е англискиот, но ќе се обезбеди меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници​

💼 Трошоци и останати информации

Сите трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се целосно покриени од организаторите, вклучувајќи:

✅ Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и обратно
✅ Сместување
✅ Храна
✅ Сите предвидени активности за време на младинската размена

ℹ️ Избраните учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

📅 Краен рок за пријавување:
Заинтересираните учесници можат да се пријават со пополнување на апликацијата најдоцна до 25ти Ноември 2025 година, до 18:00 часот.

https://forms.gle/pLiRj4cwBkPnN2wy6

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

РРОМА дел од Меѓународната конференција RePol 2025

РРОМА дел од Меѓународната конференција RePol 2025 – споделуваме дека нашите колешки Емилија Пановска и Урмета Арифовска од РРОМА учествуваа на Меѓународната конференција RePol 2025 – From research to policy: wellbeing and social integration of persons in vulnerable groups, која се одржа на 7 ноември 2025 година во Тимишоара, Романија.

На конференцијата, Емилија и Урмета беа дел од паралелната сесија “Discrimination, Social Inclusion, and Mental Wellbeing of Marginalized Youth in North Macedonia”, каде што придонесоа со своето истражување и практично искуство за подобрување на благосостојбата и социјалната инклузија на младите Роми, мигранти и бегалци.

Настанот беше дел од проектот “When Scars (!) Become Art”, финансиран од програмата Erasmus+ KA2 Strategic Partnership, кој ги поврзува експерти, истражувачи и организации од повеќе европски земји со заедничка цел – создавање подобри политики за ранливите групи.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

5 ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик

Денес го славиме богатството, убавината и моќта на ромскиот јазик – јазик кој пренесува историја, традиција и идентитет на милиони Роми низ целиот свет.

📢Денес потсетуваме дека секој јазик вреди да се слушне, научи и зачува. Ромскиот јазик е дел од нашата душа, од нашата култура и нашата гордост. Да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации, затоа што со секој збор го чуваме нашето постоење.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Заврши семинарот како дел од „From Uniting Youth to Strong Empowerment“ проектот

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација реализираше и одржа успешен семинар како дел од проектот „From Uniting Youth to Strong Empowerment“. Семинарот се одржа од 08.10 – 13.10.2025 година во Кратово, Северна Македонија, во пријатна и продуктивна атмосфера, со учество на младински работници и млади од шест земји: Германија, Турција, Италија, Романија, Србија и Северна Македонија.

Овој семинар претставуваше втора фаза од проектот, по успешниот тренинг курс во мај, и имаше за цел да ги обедини сите учесници повторно за да ги споделат своите искуства, резултати и практики стекнати преку пилот-активностите спроведени од јуни до септември 2025 година.

Целта на проектот беше да се создадат ресурси и поддршка за младинските работници и младите со кои тие работат, со фокус на справување со антициганизам, малтретирање и човекови права. Проектот им помогна на младинските работници и младите, особено оние од маргинализираните групи како што се Ромите, во справување со дискриминација и социјална исклученост преку развивање ефективни материјали за обука, планирање и спроведување на поддржувачки програми.

Цели на проектот беа:

  • Обука и едукација – продлабочување на разбирањето за историскиот и културниот контекст на ромските заедници и различните форми на антициганизам и малтретирање, со цел создавање на поефективни интервенции.
  • Практични ресурси преку алатки и насоки – создавање и размена на практични ресурси кои овозможуваат стратегии за инклузија и справување со дискриминацијата.
  • Мрежување и соработка – воспоставување долгорочни партнерства и мрежи меѓу младинските работници и организациите, овозможувајќи споделување на добри практики и иновативни пристапи.
  • Поддршка од врсници и менторство – преку процесот на менторство и размена на искуства, младинските работници добија дополнителна мотивација и поддршка во нивната секојдневна работа.

Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата и го реализира Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (RROMA) во партнерство со организации од шест европски земји.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

РРОМА дел од „YOUTH AMBASSADORS OF THE DECADE AGAINST ANTIGYPSYISM”

✨ Претставник на РРОМА беше дел од проектот „YOUTH AMBASSADORS OF THE DECADE AGAINST ANTIGYPSYISM – FROM PASSION TO ACTION: A NEW GENERATION OF ROMA ACTIVISTS”! ✨

Од 21 до 28 септември 2025 година, нашиот тим учествуваше на студиска сесија што се одржа во Европскиот младински центар на Советот на Европа во Будимпешта, Унгарија, организирана од ERGO Network и TernYpe.

Проектот беше посветен на младинскиот активизам, борбата против антициганизмот и промовирањето на човековите права и еднаквоста.

🎯 Цели на проектот:
📌 Да се дискутира концептот на антициганизмот и неговата поврзаност со расизмот, колонијализмот и интерсекционалноста.
📌 Да се поддржат младите во препознавање на манифестациите и последиците од антициганизмот.
📌 Да се споделат успешни пристапи за справување со дискриминацијата преку европски препораки и стандарди.
📌 Да се опремат младите со алатки и методи за борба против антициганизмот на локално, национално и европско ниво.
📌 Да се создаде мрежа на активисти и сојузници за меѓусебна поддршка и солидарност.

🌍 Преку учеството во овој проект, нашиот претставник придонесе во создавање генерација на млади лидери кои активно ќе делуваат за еднаквост, инклузија и правда во ромските заедници и пошироко.