Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,PREPARE FOR A JOB, PREPARE TO FULFILL YOUR DREAM!”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,Prepare for a job, prepare to fulfill your dream!” која што ќе се одржи  од 26.05.2023 мај до 05.06.2023 јуни ( 26ти мај и 05ти јуни се денови за патување) во Бребу, Романија.

Овој проект има за цел да ги подготви младите луѓе да развијат специфични меки вештини и неформални компетенции кои можат да се добијат надвор од формалното образование, како комуникација, одговорност, тимска работа, критичко размислување, решавање проблеми, дигитални компетенции, преговарање, разрешување конфликти. Програмата Еразмус+ има за цел да го промовира младинското учество, да го зајакне квалитетот на неформалните и неформалните процеси на учење.

Цели на проектот:

  1. Олеснување на пристапот до квалификувани работни места за младите во целната група преку зголемување на нивото на личен развој;
  2. Развивање на потребните меки вештини за младите во целната група за полесно да се интегрираат во идната работна група;
  3. Зголемување на самодовербата кај младите во целната група.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 30ти април 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ,,DIKH HE NA BISTER 2023”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со Документациониот и културен центар на германските Синти и Роми, Централниот совет на германските Синти и Роми и ternYpe објавува повик за учесници за учество на Dikh He Na Bister 2023.

Овогодишниот проект опфаќа 4 фази:

  1. Подготовка на националните лидери од секоја земја на средба во Барселона, Шпанија. Датумот ќе биде дополнително договорен. Присуството на подготовката е задолжително!
  2. Подготовка на селектираните учесници за настанот во Краков (Полска). Датумот ќе биде дополнително договорен. Присуството на подготовката е задолжително!
  3. Учество на настанот “Dikh He Na Bister 2023” и комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна. Активностите се оддржуваат во Краков (Полска) со посети на музејот “Аушвиц” и присуство на комеморацијата на 2 август во Аушвиц-Биркенау. Настанот се оддржува од 29 јули до 4 август 2023 година;
  4. Настани/работилници организирани од учесниците за понатамошна дисеминација на добиените информации во период од септември до декември 2023 година.

Концепт за 2023

Концептот за 2023 предвидува едукативен настан за младите учесници од 15 европски земји, кои што ќе бидат дел од работните групи предводени од фасилитаторите на настанот. Предност ќе им биде дадена на младите кои што за првпат ќе го посетуваат настанот и музејот “Аушвиц”.

Младите учесници ќе работат со своите фасилитатори во мешани работни групи на темите на Ромската историја, Ромскиот геноцид, Антициганизмот и улогата на младите во борбата против модерните облици на расизмот.

Учесниците ќе останат во мешани работни групи од почетокот до крајот на настанот за да се осигура стабилна група која што заедно со своите врсници ќе поминат низ едукативниот процес на настанот потпомогнати од своите фасилитатори.

Профил на учесници

  • Млади на возраст од 18 до 25 години;
  • Да имаат желба да научат повеќе за темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна;
  • Да работат во мултикултурни групи без предрасуди;
  • Да бидат подготвени стекнатото знаење од едукативниот настан да го пренесат во своите заедници;
  • Да присуствуваат на подготвителните активности организирани од страна на РРОМА;
  • Работен јазик на едукативниот настан е англискиот јазик. Работниот јазик ќе се користи во работните групи и од страна на фасилитаторите. Се очекува учесниците да имаат активно познавање на работниот јазик. Познавањето на Ромскиот јазик ќе се смета за предност.
  • Да имаат валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Полска!

Трошоци

Трошоците поврзани со подготовката, како и за меѓународното патување, храна и сместување за настанот во Полска се покриени од страна на организаторите на настанот. Селектираните учесници задолжително го покриваат своето патничко осигурување и трошоците до договореното место за поаѓање од Македонија до Полска и назад.

Патување до Полска и назад

За патувањето до Полска и назад ќе биде со организиран превоз.

Задолжителни документи за патување на учесниците:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување (покриен од страна на учесниците)

Сместување во Полска

Учесниците ќе бидат сместени во студентскиот дом “Жажек”(Zaczek). Веднаш до него се Универзитетските простории каде што ќе се држат едукативните работилници.

Пријавување

Пријавувањето на повикот за учесници се врши со потполнување на апликацијата за учество.

За дополнителни прашања поврзани до настанот за оваа година можете да ни пишете на: info@rromassn.org

Напомена: Со потполнување на апликацијата вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и не учествувате во подготвителните активности, РРОМА го задржува правото вашето место да го понуди на друго лице од резервната листа!

Categories
Uncategorized Новости

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА ,,РАСНА ДИЈАГНОЗА: ЦИГАН” НА 20.03.2023 ВО БИТОЛА

Чест ни е да ве поканиме на свеченото отварање на изложбата “Нацистичкиот геноцид над Синтите и Ромите и долгата борба за признавање”, организирана од страна на РРОМА во соработка со Централниот Совет на германските Синти и Роми, Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан.

Настанот ќе се одржи на 20ти март 2023 година (понеделник) од 11:30 до 13:00 часот во
Национална Установа Музеј на Македонија (https://muzejbitola.mk/ ) , ул. Климент Охридски 18,
7000 Битола, Република Северна Македонија

Ќе ни биде задоволство да бидете дел од нашиот настан и дадете свој придонес, став и видување по однос на темата, со останатите присутни гости.

Агендата може да ја најдете на следниот линк:
https://drive.google.com/…/1K4-BngJs-

Изложбата ќе биде отворена за бесплатна посета од 20ти март до 8ми април 2023 год.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ФАСИЛИТАТОРИ ВО РАМКИ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ,,DIKH HE NA BISTER”

Ги покануваме младите, искусни тренери Роми и не-Роми да бидат фасилитатори во рамки на Dikh He Na Bister (Иницијатива за сеќавање на ромскиот геноцид) по повод 79-годишнината од 2ри август-Денот на сеќавање на холокаустот над Синтите и Ромите.

Како фасилитатор, ќе ви биде дадена можноста да го водите образовниот процес на меѓународна група на млади за време на 5-дневна едукативна аквизиција на теми за холокаустот, антициганизмот и човековите права денес. Образовниот процес се базира на прирачникот на Советот на Европа на „Education for Rememberance: The Roma Genocide“.

Кога и каде?
Краков / Аушвиц (Полска), 30 април – 6 мај 2023 година – Подготвителна средба

Краков (Полска), 27 јули – 4 август 2023 година – Dikh He Na Bister 2023 година

Програма:

За време на средбата во Краков и Аушвиц, ќе се разјаснат целите на иницијативата, ќе се дојде за заедничко разбирање и пристап кон комеморација и едукацијата за човекови права. Искусните обучувачи од Советот на Европа и поранешени фасилитатори на програмата ќе ви обезбедат стручен придонес за специфични теми поврзани со методите и материјалите за неформално образование. Исто така вклучена е и посета на поранешниот концентрационен камп Аушвиц-Биркенау каде ќе има простор за едукација за историјата на местото и страдањето на Ромите и Синтите затворени таму. На крајот на средбата ќе се зборува за улоги и одговорности за време на настанот и ќе се финализира програмата за Dikh He na Bister 2023.

Посетувајќи ја подготвителната средба, вие исто така се согласувате да учествувате во Dikh He Na Bister 2023 (27 јули – 4 август) како фасилитатор.

Профил на апликанти.
– поседување основно искуство во фасилитирање на неформалните образовни активности.
-пожелно е претходно учество во иницијативата Dikh He Na Bister (како учесник или во друга улога).
– да е на возраст меѓу 21-35 години
– поседување на основно искуство во соработката сомлади Роми, сеќавање на холокаустот и образованието за човекови права.
– да зборува англиски и/или ромски; (Другите јазици се дополнителна предност).
– задолжително да учествуваат и на подготвителната средба во Полска и на настанот Dikh He Na Bister во Краков (Иако настанот почнува на 29.07, фасилитаторите пристигнуваат на 27.07.2023)

Што нудиме ?
-Упатства за вашата работилница: ќе добиете содржина и методолошка подготовка за го спремите и развиете образовниот процес , како и појаснување во врска со улогите и одговорностите во проектот.
-Образовна обука: Добивате обука за неформално образование од искусни обучувачи од иницијативата и Советот на Европа.
-Силна поддршка: Два искусни едукативни советници и психолог ќе ве поддржуваат на секој чекор од патот.
-Искуство за фасилитирање: Можете да стекнете искуство со фасилитирање за сеќавањето и образованието за холокаустот што можете да го користите во иднина.
-Продлабочено историско знаење: Ќе се здобиете со продлабочено знаење за ромскиот геноцид, логорот кампот Аушвиц-Биркенау, отпорот на Ромите и концептот на антициганизам.

-Follow up: Целта е да се развијат дополнителни обуки и соработка со фасилитаторот, на пр. можности за учење и волонтирање.
-Сертификат: Добивате сертификат за вашето искуство за фасилитирање/работа од Erasmus+ (YouthPass) за двата настани.
Уникатно искуство: ќе запознаете 200 луѓе на своја возраст и ќе поминете извонредно време со нив.


УСЛОВИ:
Трошоци: Ние ги покриваме патните трошоци, сместувањето и храната, како и програмските трошоци за подготвителна обука во Краков/ Аушвиц и Dikh He Na Bister. Ако трошоците за патување се над 275 €, прво контактирајте ги нашите координатори за да добиете потврда.

Патување: Вашите патни трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите. Внимавајте дека рефундацијата ќе се изврши за патувањето по најевтина цена (лет 2 класа, воз, автобус)! Учесниците треба да го организираат своето патување (пристигнување и поаѓање) за овие датуми откако организаторите го потврдат нивното учество. Раните пристигнувања и доцните заминувања ќе бидат земени преедвид по дискусија со организаторите.
Хонорар: 250 евра хонорар по фасилитатор (на DHNB, а не на подготвителна обука).

Може да се регистрирате со пополнување на овој формулар
Краен рок за апликацирање: 26 март 2023 23:59 CET

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА ТРЕНИНГ КУРС ,,VOLUNTEERING IN DIGITAL ERA A1” ВО БЕРЛИН

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија објавува повик за тренинг курс ,,VOLUNTEERING IN DIGITAL ERA” кој што ќе се одржи  од 05 до 12 мај 2023 година (вклучувајќи ги и датумите за патување) во Берлин, Германија.

Поради мерките за коронавирусот, младинските работници и младите волонтери беа принудени да работат од дома, исто така, тие сфатија дека треба професионално да научат како да го надминат онлајн дружењето и да користат нови онлајн алатки, како за учење така и за работа. Така, заедно го развивме овој проект кој има за цел да го зголеми капацитетот на партнерските организации на полето на волонтерскиот ангажман со фокус на усогласување на дигиталните компетенции на младинските работници со новите онлајн трендови што ги користат младите волонтери и да ги опреми младинските работници со нови вештини и компетенции.

За да ја постигнеме целта, развивме 3 специфични цели:

  1. Развивање на креативна и иновативна онлајн комуникација и компетенции за соработка, карактеристични за волонтерскиот ангажман, меѓу 32 младински работници од 8 земји, за 12 месеци.
  2. Подобрување на ефективното користење на иновативни социјални медиуми и креативни онлајн алатки за комуникација и соработка со млади волонтери, преку најмалку 1 активност за учење за секоја партнерска организација, за период од 4 месеци.
  3. Поддршка на размена на искуства и добри практики на полето на волонтерскиот ангажман со користење на онлајн комуникација и алатки за соработка, за 32 младински работници и 8 партнерски организации, за период од 12 месеци.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери, средношколци, координатори, фасилитатори, тренери за младински активности, општествени работници итн…
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 30 март 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА СРЕДБА СО КОАЛИЦИЈАТА KHETANE ВО СКОПЈЕ

На 25 и 26 фебруари 2023 во Скопје се одржа средба во рамки на коалицијата Khetane во рамки на проекто „Romani Women POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ (IPA/2019/162472-1/3) поддржан од ЕУ. На средбата присуствуваа претставници од вклучените организации кои се дел од коалицијата на ромски граѓански организации.

На средбата се дискутираше и се планираа идните активности на коалицијата, планирање на настани, проекти итн.

Categories
Uncategorized Новости

ЗАВРШИ ВОНРЕДНОТО СОБРАНИЕ НА НМСМ

РРОМА присуствуваше на вонредното собрание на НМСМ одржано на 03.03.2023 во Скопје.

На оваа собрание беше усвоен нов статут на НМСМ.

Собранието на НМСМ претставува можност за младинските организации заедно, преку конструктивнa дискусиja, да нoсат одлуки кои ќе водат кон подобрување на животот на младите.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Oтворен повик за обука ,,Застапување на млади Роми” 2023 во Брисел

РРОМА во соработка со Центарот за Документација и култура и мрежата Phiren Amenca објавува отворен повик за обука на тема ,,Застапување на млади Роми” која ќе се одржи од 22-28 април 2023г (деновите за патување се вклучени) во Брисел, Белгија.

Ова е вашата шанса да го подигнете гласот на младите Роми за борба против антициганизмот и за унапредување на важни прашања за ромските заедници за време на Ромската недела во ЕУ 2023 година, чиј домаќин е Европскиот парламент и граѓанското општество. Придружете се на 5-дневната обука во Брисел за да дознаете за креирањето на европските политики и застапувањето на граѓанското општество и да го кренете гласот!

Организаторите имаат за цел да ги поттикнат младите Роми да имаат глас да станат клучни агенти на промените и да ја поттикнат солидарноста меѓу младите! Имаме силна визија да направиме промена во Европа. Како млади Роми и не-Роми веруваме дека можеме да изградиме европска култура заснована на почитување, дијалог, човекови права и еднакви можности. Силно ја следиме нашата мисија да создадеме простор за младите луѓе да станат активни граѓани преку зајакнување, мобилизација, самоорганизирање и учество.

ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Бараме ромски и неромски младински лидери, активисти, мултипликатори и волонтери кои се активни во ромските заедници и/или имаат искуство со работа со ромски заедници и/или ромска младина. Наша цел е балансирана група на искусни учесници и учесници кои никогаш претходно не учествувале на обука. Сите учесници покажуваат силен интерес за застапување и политичко учество.

Учесниците исто така мора:

-да бидат способни и посветени да дејствуваат како млади застапници и мултипликатори во младинската работа на теми за антидискриминација, борба против расизмот и антициганизмот и промоција на човековите права со младите Роми, во корист на ромските заедници и ромската младина;
-да бидат мотивирани да ги развиваат своите компетенции во застапување, работа против дискриминација, образование за човекови права и младинска работа и да ги споделат своите искуства со другите учесници;
-да бидат активно посветени и вклучени во ромска (младинска) иницијатива, група или организација за застапување;
-да имат помеѓу 18 и 35 години;
-да бидат посветени да присуствуваат на целото времетраење на курсот;
-да може да работи на англиски јазик или да провери дали преводот може да се обезбеди преку други учесници или членови на тимот;
-да биде жител во една од следните земји: Белгија, Германија, Северна Македонија, Финска, Шпанија, Романија, Словачка, Унгарија, Србија.

ПАТУВАЊЕ

Учесниците треба да го организираат своето патување (пристигнување и поаѓање) за овие датуми веднаш откако организаторите ќе го потврдат нивното учество. Претходните пристигнувања и задоцнетите поаѓања мора да се разговараат со организаторите.

ТРОШОЦИ

Надомест на патни трошоци:

Организаторите на обуката ги покриваат трошоците за сместување/пансион и други трошоци поврзани со обуката за време на активноста.

Максималниот надоместок на патните трошоци е 250 евра (за француски и германски учесници 150 евра); ако вашите патни трошоци се повисоки од 250 евра, тие треба да бидат покриени од самите учесници или ве молиме контактирајте со организаторите. Надоместокот на патните трошоци ќе се врши на лице место во текот на неделата во готово или со банкарски трансфер по активноста (надоместувањето во готовина е достапен само за учесниците кои живеат надвор од Европската Унија). Учесниците треба да достават оригинални фактури за да ги докажат трошоците за патување, како и билети и карти за качување.

Како да аплицирате? Регистрирајте се во онлајн формуларот за апликација:

https://forms.gle/kihgdzVAy2Djz8ft8

Краен рок за аплицирање: 12 март 2023 година (23:59 CET)

Повеќе информации може да најдете тука.

Categories
Uncategorized Новости

Реализирни завршни настани во рамки на проектите ,,Digitalize – tools for adult Roma to use Internet and promote education” и ,,Loose ends – mapping the roots of youth marginalization”

На 25.02.2023 во просториите на Млади Хаб, Скопје, беа реализирани завршните настани во рамки на проектите ,,Digitalize – tools for adult Roma to use Internet and promote education” и ,,Loose ends – mapping the roots of youth marginalization” од страна на РРОМА.

Настаните беа реализирани во форма на панел дискусии, на кои што панелистите од првиот панел: Г-дин Мухамед Ајваз, г-дин Ерол Адемов и г-дин Ален Умер го започнаа панелот со преставување на истражувањето направено во рамки на проектот, односно анализата на животите на младите Роми и обесправените млади кои посетувале специјални училишта поради нивниот различен развој, под влијание на лошите услови за живеење. Потоа во прилог тие ги истакнаа препораките и потенцијалните решенија за овој проблем.

Во втората панел дискусија панелистите односно ментори -дин Дениз Османи, г-дин Ерол Адемов и г-дин Ален Умер, во проектот Дигитализирај се – алатки за возрасни Роми за да користат интернет и промовираат образование, го споделија своето искуство, предизвиците со кои се имаат соочено и за методите кои ги имаат користено како и работата со нивните фокус групи.

Со проектот ,,Digitalize’‘ имаме за цел да го зголемиме пристапот на возрасните Роми до јавните онлајн услуги преку развивање алатка која ќе им овозможи полесно да научат како да користат интернет. Тие исто така го испрезентираа и интелектуалниот аутпут во форма на прирачник, кој има за цел да им го олесни користењето на Интернетот но и да ги заштити од потенцијалните опасности кои ги носи.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА НАГРАДАТА НА ЕУ ЗА РОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН И ТУРЦИЈА 2023 ГОДИНА

Повикот за аплицирање за новата награда на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција за 2023 година е отворен. Наградата на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување наменета за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција ја зголемува видливоста и на предизвиците со кои се соочуваат Ромите на Западен Балкан и на Турција, и на важната работа на некои посветени учесници што ја поддржуваат интеграцијата на Ромите. Наградата нуди признание, публицитет и поддршка за позитивните модели кои покажуваат опипливи резултати во областа на интеграцијата на Ромите.

Оваа акција ќе го овозможи петтото издание на Наградата на ЕУ за вклучување на Ромите во Западен Балкан и Турција. Фокусот на наградата за 2023 година ќе биде ромската инклузија во димензијата на дигиталната агенда и зелената економија, кои претставуваат нови можности за подобрување на положбата на ранливите жени и мажи Роми во регионот, во иднина. На динамиката на ромската инклузија влијае напредокот на општеството, вклучувајќи го и и полето на дигиталната агенда и зелената економија.

Наградата ќе помогне да се сврти вниманието кон конкретните напори на различни релевантни играчи Роми и не-Роми – јавни институции, приватни компании и бизниси, работодавачи, наставници, граѓански организации – за подобрување на улогата на Ромите и во спроведувањето и во користа од зелената економија. и дигитална агенда, во областите, но не ограничувајќи се на домување, вработување, иновации итн., и приоритети на дигиталната политика. Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените Ромки ќе бидат важна димензија.

Поточно, наградата е наменета за следните цели :

  1. Понатамошно привлекување внимание на улогата и придонесот на зелената економија и дигитализацијата за подобрување на положбата на ранливите жени и мажи Роми во регионот
  2. Да се промовираат успешни модели на зелена економија и дигитални решенија кои донесоа позитивни промени во ромските заедници.
  3. Да се направи видлива поддршката и работата на Европската Унија за вклучувањето на Ромите во земјите на проширување.
  4. Да се поттикне соработката меѓу актерите вклучени во процесот на инклузија на Ромите
  5. Да се обезбеди препознавање и одржливост на идентификуваните активности спроведени на ниво на грасрут.
  6. Да се идентификуваат и споделат позитивни примери за работа на поединци, јавни институции, приватни компании, бизнис и граѓански организации и на локално ниво на полето на вклучување на Ромите во однос на зелениот економски развој и дигиталната агенда.

Апликациите ќе ги разгледува независен одбор за евалуација и ќе ги избере наградените.

Непрофитното граѓанско општество и поединечните наградени, дополнително може да добијат финансиска поддршка за да продолжат со нивните иницијативи во областа на зелената економија и дигитализацијата за вклучување на Ромите. Овие добитници на награди кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка ќе добијат парична награда

Секој победник ќе добие статуа како симбол на признанието доделено од страна на EC DG NEAR и самиот настан.

Јазикот што се користи и за апликации и за номинации е англискиот.
Придружните документи може да бидат на различни јазици, но англиските верзии ќе бидат пожелни.

Краен рок за поднесување на апликациите и номинациите, заедно со другите релевантни документи, е 15 март 2023 година, 23:59.


Апликациите се поднесуваат преку е-пошта на адреса: Application_EU_Award_2023@raa.al

Доставувањето на номинациите ќе биде преку е-пошта на адресата: Nomination_EU_Award_2023@raa.al.
Насловот на е-поштата мора да го содржи акронимот на номинаторот, иницијалите на номинираниот и земјата на потекло.

Пријавите и номинациите, заедно со придружните документи, може да се испратат и по пошта на адресата:

Апликациите и номинациите заедно со придружните документи може да се испратат и по пошта на адресата:

Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Тирана, Албанија

Во овој случај, ќе бидат разгледани само апликациите/номинациите што сме ги примиле во рамките на рокот. Апликациите што ќе стигнат по пошта подоцна од утврдениот рок нема да бидат предадени на евалуација.

Информативни средби поврзани со учество на повикот за аплицирање ќе следат наскоро во земјите од Западен Балкан и Турција.

Добитниците на наградите кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка ќе добијат парична награда од 7500 евра прва награда и 4500 втора награда. Сите наградени ќе добијат студиска посета во Брисел, Белгија.
Секој победник ќе добие статуа како симбол на признанието доделено од страна на ЕС DG NEAR и самиот настан. Сите наградени ќе имаат меѓународно признание преку церемонијата на доделување на наградата во Брисел и дополнително ќе присуствуваат на активностите што се спроведуваат во исто време на доделувањето. Студиската посета ќе следи по доделувањето на
наградите.

Повеќе информации за аплицирањето може да најдете на следниот линк.