Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со Документациониот и културен центар на германските Синти и Роми, Централниот совет на германските Синти и Роми и ternYpe објавува повик за учесници за учество на Dikh He Na Bister 2023.
Овогодишниот проект опфаќа 4 фази:
Подготовка на националните лидери од секоја земја на средба во Барселона, Шпанија. Датумот ќе биде дополнително договорен. Присуството на подготовката е задолжително!
Подготовка на селектираните учесници за настанот во Краков (Полска). Датумот ќе биде дополнително договорен. Присуството на подготовката е задолжително!
Учество на настанот “Dikh He Na Bister 2023” и комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна. Активностите се оддржуваат во Краков (Полска) со посети на музејот “Аушвиц” и присуство на комеморацијата на 2 август во Аушвиц-Биркенау. Настанот се оддржува од 29 јули до 4 август 2023 година;
Настани/работилници организирани од учесниците за понатамошна дисеминација на добиените информации во период од септември до декември 2023 година.
Концепт за 2023
Концептот за 2023 предвидува едукативен настан за младите учесници од 15 европски земји, кои што ќе бидат дел од работните групи предводени од фасилитаторите на настанот. Предност ќе им биде дадена на младите кои што за првпат ќе го посетуваат настанот и музејот “Аушвиц”.
Младите учесници ќе работат со своите фасилитатори во мешани работни групи на темите на Ромската историја, Ромскиот геноцид, Антициганизмот и улогата на младите во борбата против модерните облици на расизмот.
Учесниците ќе останат во мешани работни групи од почетокот до крајот на настанот за да се осигура стабилна група која што заедно со своите врсници ќе поминат низ едукативниот процес на настанот потпомогнати од своите фасилитатори.
Профил на учесници
Млади на возраст од 18 до 25 години;
Да имаат желба да научат повеќе за темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна;
Да работат во мултикултурни групи без предрасуди;
Да бидат подготвени стекнатото знаење од едукативниот настан да го пренесат во своите заедници;
Да присуствуваат на подготвителните активности организирани од страна на РРОМА;
Работен јазик на едукативниот настан е англискиот јазик. Работниот јазик ќе се користи во работните групи и од страна на фасилитаторите. Се очекува учесниците да имаат активно познавање на работниот јазик. Познавањето на Ромскиот јазик ќе се смета за предност.
Да имаат валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Полска!
Трошоци
Трошоците поврзани со подготовката, како и за меѓународното патување, храна и сместување за настанот во Полска се покриени од страна на организаторите на настанот. Селектираните учесници задолжително го покриваат своето патничко осигурување и трошоците до договореното место за поаѓање од Македонија до Полска и назад.
Патување до Полска и назад
За патувањето до Полска и назад ќе биде со организиран превоз.
Задолжителни документи за патување на учесниците:
Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
Патничко осигурување (покриен од страна на учесниците)
Сместување во Полска
Учесниците ќе бидат сместени во студентскиот дом “Жажек”(Zaczek). Веднаш до него се Универзитетските простории каде што ќе се држат едукативните работилници.
Пријавување
Пријавувањето на повикот за учесници се врши со потполнување на апликацијата за учество.
За дополнителни прашања поврзани до настанот за оваа година можете да ни пишете на: info@rromassn.org Напомена: Со потполнување на апликацијата вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и не учествувате во подготвителните активности, РРОМА го задржува правото вашето место да го понуди на друго лице од резервната листа!
Ги покануваме младите, искусни тренери Роми и не-Роми да бидат фасилитатори во рамки на Dikh He Na Bister (Иницијатива за сеќавање на ромскиот геноцид) по повод 79-годишнината од 2ри август-Денот на сеќавање на холокаустот над Синтите и Ромите.
Како фасилитатор, ќе ви биде дадена можноста да го водите образовниот процес на меѓународна група на млади за време на 5-дневна едукативна аквизиција на теми за холокаустот, антициганизмот и човековите права денес. Образовниот процес се базира на прирачникот на Советот на Европа на „Education for Rememberance: The Roma Genocide“.
Кога и каде? Краков / Аушвиц (Полска), 30 април – 6 мај 2023 година – Подготвителна средба
Краков (Полска), 27 јули – 4 август 2023 година – Dikh He Na Bister 2023 година
Програма:
За време на средбата во Краков и Аушвиц, ќе се разјаснат целите на иницијативата, ќе се дојде за заедничко разбирање и пристап кон комеморација и едукацијата за човекови права. Искусните обучувачи од Советот на Европа и поранешени фасилитатори на програмата ќе ви обезбедат стручен придонес за специфични теми поврзани со методите и материјалите за неформално образование. Исто така вклучена е и посета на поранешниот концентрационен камп Аушвиц-Биркенау каде ќе има простор за едукација за историјата на местото и страдањето на Ромите и Синтите затворени таму. На крајот на средбата ќе се зборува за улоги и одговорности за време на настанот и ќе се финализира програмата за Dikh He na Bister 2023.
Посетувајќи ја подготвителната средба, вие исто така се согласувате да учествувате во Dikh He Na Bister 2023 (27 јули – 4 август) како фасилитатор.
Профил на апликанти. – поседување основно искуство во фасилитирање на неформалните образовни активности. -пожелно е претходно учество во иницијативата Dikh He Na Bister (како учесник или во друга улога). – да е на возраст меѓу 21-35 години – поседување на основно искуство во соработката сомлади Роми, сеќавање на холокаустот и образованието за човекови права. – да зборува англиски и/или ромски; (Другите јазици се дополнителна предност). – задолжително да учествуваат и на подготвителната средба во Полска и на настанот Dikh He Na Bister во Краков (Иако настанот почнува на 29.07, фасилитаторите пристигнуваат на 27.07.2023)
Што нудиме ? -Упатства за вашата работилница: ќе добиете содржина и методолошка подготовка за го спремите и развиете образовниот процес , како и појаснување во врска со улогите и одговорностите во проектот. -Образовна обука: Добивате обука за неформално образование од искусни обучувачи од иницијативата и Советот на Европа. -Силна поддршка: Два искусни едукативни советници и психолог ќе ве поддржуваат на секој чекор од патот. -Искуство за фасилитирање: Можете да стекнете искуство со фасилитирање за сеќавањето и образованието за холокаустот што можете да го користите во иднина. -Продлабочено историско знаење: Ќе се здобиете со продлабочено знаење за ромскиот геноцид, логорот кампот Аушвиц-Биркенау, отпорот на Ромите и концептот на антициганизам.
-Follow up: Целта е да се развијат дополнителни обуки и соработка со фасилитаторот, на пр. можности за учење и волонтирање. -Сертификат: Добивате сертификат за вашето искуство за фасилитирање/работа од Erasmus+ (YouthPass) за двата настани. Уникатно искуство: ќе запознаете 200 луѓе на своја возраст и ќе поминете извонредно време со нив.
УСЛОВИ: Трошоци: Ние ги покриваме патните трошоци, сместувањето и храната, како и програмските трошоци за подготвителна обука во Краков/ Аушвиц и Dikh He Na Bister. Ако трошоците за патување се над 275 €, прво контактирајте ги нашите координатори за да добиете потврда.
Патување: Вашите патни трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите. Внимавајте дека рефундацијата ќе се изврши за патувањето по најевтина цена (лет 2 класа, воз, автобус)! Учесниците треба да го организираат своето патување (пристигнување и поаѓање) за овие датуми откако организаторите го потврдат нивното учество. Раните пристигнувања и доцните заминувања ќе бидат земени преедвид по дискусија со организаторите. Хонорар: 250 евра хонорар по фасилитатор (на DHNB, а не на подготвителна обука).
Може да се регистрирате со пополнување на овој формулар Краен рок за апликацирање: 26 март 2023 23:59 CET
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија објавува повик за тренинг курс ,,VOLUNTEERING IN DIGITAL ERA” кој што ќе се одржи од 05 до 12 мај 2023 година (вклучувајќи ги и датумите за патување) во Берлин, Германија.
Поради мерките за коронавирусот, младинските работници и младите волонтери беа принудени да работат од дома, исто така, тие сфатија дека треба професионално да научат како да го надминат онлајн дружењето и да користат нови онлајн алатки, како за учење така и за работа. Така, заедно го развивме овој проект кој има за цел да го зголеми капацитетот на партнерските организации на полето на волонтерскиот ангажман со фокус на усогласување на дигиталните компетенции на младинските работници со новите онлајн трендови што ги користат младите волонтери и да ги опреми младинските работници со нови вештини и компетенции.
За да ја постигнеме целта, развивме 3 специфични цели:
Развивање на креативна и иновативна онлајн комуникација и компетенции за соработка, карактеристични за волонтерскиот ангажман, меѓу 32 младински работници од 8 земји, за 12 месеци.
Подобрување на ефективното користење на иновативни социјални медиуми и креативни онлајн алатки за комуникација и соработка со млади волонтери, преку најмалку 1 активност за учење за секоја партнерска организација, за период од 4 месеци.
Поддршка на размена на искуства и добри практики на полето на волонтерскиот ангажман со користење на онлајн комуникација и алатки за соработка, за 32 младински работници и 8 партнерски организации, за период од 12 месеци.
На повикот може да се пријават:
Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
РРОМА во соработка со Центарот за Документација и култура и мрежата Phiren Amenca објавува отворен повик за обука на тема ,,Застапување на млади Роми” која ќе се одржи од 22-28 април 2023г (деновите за патување се вклучени) во Брисел, Белгија.
Ова е вашата шанса да го подигнете гласот на младите Роми за борба против антициганизмот и за унапредување на важни прашања за ромските заедници за време на Ромската недела во ЕУ 2023 година, чиј домаќин е Европскиот парламент и граѓанското општество. Придружете се на 5-дневната обука во Брисел за да дознаете за креирањето на европските политики и застапувањето на граѓанското општество и да го кренете гласот!
Организаторите имаат за цел да ги поттикнат младите Роми да имаат глас да станат клучни агенти на промените и да ја поттикнат солидарноста меѓу младите! Имаме силна визија да направиме промена во Европа. Како млади Роми и не-Роми веруваме дека можеме да изградиме европска култура заснована на почитување, дијалог, човекови права и еднакви можности. Силно ја следиме нашата мисија да создадеме простор за младите луѓе да станат активни граѓани преку зајакнување, мобилизација, самоорганизирање и учество.
ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИТЕ
Бараме ромски и неромски младински лидери, активисти, мултипликатори и волонтери кои се активни во ромските заедници и/или имаат искуство со работа со ромски заедници и/или ромска младина. Наша цел е балансирана група на искусни учесници и учесници кои никогаш претходно не учествувале на обука. Сите учесници покажуваат силен интерес за застапување и политичко учество.
Учесниците исто така мора:
-да бидат способни и посветени да дејствуваат како млади застапници и мултипликатори во младинската работа на теми за антидискриминација, борба против расизмот и антициганизмот и промоција на човековите права со младите Роми, во корист на ромските заедници и ромската младина; -да бидат мотивирани да ги развиваат своите компетенции во застапување, работа против дискриминација, образование за човекови права и младинска работа и да ги споделат своите искуства со другите учесници; -да бидат активно посветени и вклучени во ромска (младинска) иницијатива, група или организација за застапување; -да имат помеѓу 18 и 35 години; -да бидат посветени да присуствуваат на целото времетраење на курсот; -да може да работи на англиски јазик или да провери дали преводот може да се обезбеди преку други учесници или членови на тимот; -да биде жител во една од следните земји: Белгија, Германија, Северна Македонија, Финска, Шпанија, Романија, Словачка, Унгарија, Србија.
ПАТУВАЊЕ
Учесниците треба да го организираат своето патување (пристигнување и поаѓање) за овие датуми веднаш откако организаторите ќе го потврдат нивното учество. Претходните пристигнувања и задоцнетите поаѓања мора да се разговараат со организаторите.
ТРОШОЦИ
Надомест на патни трошоци:
Организаторите на обуката ги покриваат трошоците за сместување/пансион и други трошоци поврзани со обуката за време на активноста.
Максималниот надоместок на патните трошоци е 250 евра (за француски и германски учесници 150 евра); ако вашите патни трошоци се повисоки од 250 евра, тие треба да бидат покриени од самите учесници или ве молиме контактирајте со организаторите. Надоместокот на патните трошоци ќе се врши на лице место во текот на неделата во готово или со банкарски трансфер по активноста (надоместувањето во готовина е достапен само за учесниците кои живеат надвор од Европската Унија). Учесниците треба да достават оригинални фактури за да ги докажат трошоците за патување, како и билети и карти за качување.
Како да аплицирате? Регистрирајте се во онлајн формуларот за апликација:
Повикот за аплицирање за новата награда на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција за 2023 година е отворен. Наградата на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување наменета за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција ја зголемува видливоста и на предизвиците со кои се соочуваат Ромите на Западен Балкан и на Турција, и на важната работа на некои посветени учесници што ја поддржуваат интеграцијата на Ромите. Наградата нуди признание, публицитет и поддршка за позитивните модели кои покажуваат опипливи резултати во областа на интеграцијата на Ромите.
Оваа акција ќе го овозможи петтото издание на Наградата на ЕУ за вклучување на Ромите во Западен Балкан и Турција. Фокусот на наградата за 2023 година ќе биде ромската инклузија во димензијата на дигиталната агенда и зелената економија, кои претставуваат нови можности за подобрување на положбата на ранливите жени и мажи Роми во регионот, во иднина. На динамиката на ромската инклузија влијае напредокот на општеството, вклучувајќи го и и полето на дигиталната агенда и зелената економија.
Наградата ќе помогне да се сврти вниманието кон конкретните напори на различни релевантни играчи Роми и не-Роми – јавни институции, приватни компании и бизниси, работодавачи, наставници, граѓански организации – за подобрување на улогата на Ромите и во спроведувањето и во користа од зелената економија. и дигитална агенда, во областите, но не ограничувајќи се на домување, вработување, иновации итн., и приоритети на дигиталната политика. Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените Ромки ќе бидат важна димензија.
Поточно, наградата е наменета за следните цели :
Понатамошно привлекување внимание на улогата и придонесот на зелената економија и дигитализацијата за подобрување на положбата на ранливите жени и мажи Роми во регионот
Да се промовираат успешни модели на зелена економија и дигитални решенија кои донесоа позитивни промени во ромските заедници.
Да се направи видлива поддршката и работата на Европската Унија за вклучувањето на Ромите во земјите на проширување.
Да се поттикне соработката меѓу актерите вклучени во процесот на инклузија на Ромите
Да се обезбеди препознавање и одржливост на идентификуваните активности спроведени на ниво на грасрут.
Да се идентификуваат и споделат позитивни примери за работа на поединци, јавни институции, приватни компании, бизнис и граѓански организации и на локално ниво на полето на вклучување на Ромите во однос на зелениот економски развој и дигиталната агенда.
Апликациите ќе ги разгледува независен одбор за евалуација и ќе ги избере наградените.
Непрофитното граѓанско општество и поединечните наградени, дополнително може да добијат финансиска поддршка за да продолжат со нивните иницијативи во областа на зелената економија и дигитализацијата за вклучување на Ромите. Овие добитници на награди кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка ќе добијат парична награда
Секој победник ќе добие статуа како симбол на признанието доделено од страна на EC DG NEAR и самиот настан.
Јазикот што се користи и за апликации и за номинации е англискиот. Придружните документи може да бидат на различни јазици, но англиските верзии ќе бидат пожелни.
Краен рок за поднесување на апликациите и номинациите, заедно со другите релевантни документи, е 15 март 2023 година, 23:59.
Апликациите се поднесуваат преку е-пошта на адреса: Application_EU_Award_2023@raa.al
Доставувањето на номинациите ќе биде преку е-пошта на адресата: Nomination_EU_Award_2023@raa.al. Насловот на е-поштата мора да го содржи акронимот на номинаторот, иницијалите на номинираниот и земјата на потекло.
Пријавите и номинациите, заедно со придружните документи, може да се испратат и по пошта на адресата:
Апликациите и номинациите заедно со придружните документи може да се испратат и по пошта на адресата:
Roma Active Albania – Rr.“YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk.2; Ap.4; Тирана, Албанија
Во овој случај, ќе бидат разгледани само апликациите/номинациите што сме ги примиле во рамките на рокот. Апликациите што ќе стигнат по пошта подоцна од утврдениот рок нема да бидат предадени на евалуација.
Информативни средби поврзани со учество на повикот за аплицирање ќе следат наскоро во земјите од Западен Балкан и Турција.
Добитниците на наградите кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка ќе добијат парична награда од 7500 евра прва награда и 4500 втора награда. Сите наградени ќе добијат студиска посета во Брисел, Белгија. Секој победник ќе добие статуа како симбол на признанието доделено од страна на ЕС DG NEAR и самиот настан. Сите наградени ќе имаат меѓународно признание преку церемонијата на доделување на наградата во Брисел и дополнително ќе присуствуваат на активностите што се спроведуваат во исто време на доделувањето. Студиската посета ќе следи по доделувањето на наградите.
Повеќе информации за аплицирањето може да најдете на следниот линк.
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,Youth , the environment and climate change” која што ќе се одржи од 09.02.2023 до 20.02.2023 фебруари 2023 година ( 9ти и 20ти се денови за патување) во Бребу, Романија.
Целта на оваа младинска размена е да се забележи влијанието на оваа тема врз младите учесници на ниво на личен развој и меѓусебни односи, како што тие ќе научат директно да комуницираат меѓу себе, да ги споделуваат своите ставови, да ги вразумат и научат другите за заштита на животната средина и за борбата против климатските промени.
Живеејќи заедно во село 10 дена, 40-те млади луѓе ќе ги развијат своите граѓански, социјални и културни вештини, збогатувајќи ги своите знаења за заштитата на животната средина, борбата против климатските промени и волонтирањето, за потребата од активно вклучување во животот во заедницата, промовирајќи го граѓански дух за квалитетна животна средина, со придобивки за здравјето и заедницата.
На повикот може да се пријават:
Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
средношколци, младински работници, волонтери
Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
Сместување
Храна
Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
Валиден пасош
Патничко осигурување
Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 25ти јануари 2023 година, најдоцна до 18:00 часот!
Во рамките на проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ кој што е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:
К О Н К У Р С
за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации за зајакнување на улогата на Ромските жени во граѓанското општество
Краен рок за поднесување на апликации:
25 јануари 2023 година, 24:00 часот
Општа цел на повикот е зголемување на знаењето, довербата и учеството на жените Ромки во носењето на јавни одлуки како дополнителна вредност за следење на општествените предизвици со кои се соочуваат при постигнувањето на целти за оддржлив развој, земајќи ги во предвид мерките за закрепнување од влијанието на Ковид-19.
Специфичните цели:
• Да се подигне свеста за активно учество на Ромките преку разбирање на причините за социјалната исклученост, и важноста на учеството на жените Ромки во граѓанското општество.
• Понатамошен придонес кон признавањето на антициганизмот како главна причина за исклучувањето на Ромите.
Подобниактивности / области (НЕограниченисамонаоваалиста) се:
• Мониторинг активности: Наоѓање факти (вклучувајќи извештаи од мониторинг), обука на јавноста за пополнување формулари за проценка за анализа на општинските планови за вклучување на Ромите,
• Активности за застапување, конференции и семинари со локалните власти (вклучувајќи ги и наодите од мониторинг извештајот), активности насочени кон зајакнување на учеството на жените Ромки во дијалогот помеѓу Ромската заедница и локалната власт, мобилизирање на заедницата да се застапува и да одговори на прашања од нивен интерес,
• Градење на капацитети за жените Ромки, Ромските активисти и НВО-и од локалното ниво кои се залагаат за вклучување на Ромите.
• Активности кои се однесуваат на економското и социјалното влијание на Ковид 19 (ситуација по КОВИД-19) врз Ромската заедница
Неподобниактивности:
• Индивидуални грантови за учество на обуки, конференции, семинари, конгреси или студии итн.
• Проекти кои поддржуваат политички партии или вонсудски активности,
• Изборна кампања,
• Директна поддршка за оперативните трошоци на една организација,
• Покривање на дефицитот и донирање капитал,
• Купување на земјиште, згради и канцеларии,
• Последователно финансирање на проекти кои биле спроведени претходно,
• Проекти кои се спроведуваат надвор од дефинираните региони,
• Активности кои не се поврзани со целта на проектот.
Фонд за финансирање
Вкупниот фонд за финансирање на проекти во рамките на конкурсот изнесува 36.000 евра во денарска противвредност.
Големина на грант
Преку конкурсот ќе се обезбеди поддршка за локални проекти на (про) Ромски граѓански организации: минималниот износ за грант ќе биде 8.000 евра, а максималниот износ ќе биде 10.000 евра. Максималниот износ на одобрени грантови ќе биде 4 (четири).
Победничкиот проект според овој повик ќе добие финансиска поддршка 90% од вкупниот буџет.
Апликантите во рамки на конкурсот треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
Да бидат правни лица регистрирани во Централниот регистар на СРМ
Да се регистрирани како здруженија или фондации според законот за здруженија и фондации
Да имаат искуство во приоритетната област за која што аплицираат
Да бидат одговорни за подготовка и менаџирање на проектната активност
Неформални групи на Ромски активисти, преку соработка со (про) ромска организација.
Списокнапотребнадокументација:
• Решение за регистрација
• Статут
• Тековна состојба не постара од 6 месеци
• CV на организацијата апликант
• CV на организации/неформални групи кои аплицираат кога аплицираат повеќе од една организација/неформални групи
• CV на персоналот кој ќе ја спроведе иницијативата
Одобрените проекти треба да започнат постапка за ослободување од данок за додадена вредност (ДДВ) бидејќи истото не е поддржано од страна на ЕУ финансираниот проект.
* Апликантот може да учествува самостојно или во партнерство со една или повеќе организации/неформални групи.
* Апликантот има право да учествува со само еден предлог-проект.
* Апликантот не смее да биде партнер во друг предлог-проект.
* Апликантот може да добие само еден грант од конкурсот за финансирање.
Време на реализација на проектот:
1 март 2023 година – 30 ноември 2023 година
Локација:
РепубликаСеверна Македонија
Проектната активност треба да биде реализирана во регионот каде организацијата е регистрирана и работи.
Следниве категории на трошоци се прифатливи:
Трошоците кои настанале во роковите за реализација на проектот, кои се предвидени во буџетот и се неопходни за реализација на активностите, се проверливи и оправдани со фактурите.
Сите организации кои имаат намера да аплицираат на конкурсот за финансирање треба да го потполнат формуларот за предлог-проект, заедно со буџетот на проектот, и доколку е потребно договорот за партнерство кога станува збор за повеќе партнери.
Видливост:
Овој проект е кофинансиран од Европската комисија. Сите активности кои се целосно или делумно финансирани од овој проект треба да ја соопштат оваа информација.
Евалуацијанаапликациите
Примените проекти ќе одат во фаза на евалуација врз основа на критериумите наведени во овој повик.
Квалитетот на апликацијата, вклучувајќи го буџетирањето и капацитетот на апликантот, ќе се оценува според табелата за проценка подолу.
Поени:
Табелата со резултати има поделби и под-поделби. Секоја поделба има проценка од 1 до 5 поени, каде што:
1 = Незадоволително; 2 = задоволително; 3 = добро; 4 = многу добро ; 5 = одлично
Критериуми
Појаснување на критериумите
Максимум поени
Релевантноста на предлогот и неговата усогласеност со проектот
– Колку е важен проектот поврзан со потребите во областа на дејствување? – Колку е кохерентен проектот со приоритетите на повиците.
20
Капацитет и искуство на апликантот/ко-апликантите
– Дали персоналот на организацијата има искуство и компетенции поврзани со проектната област? – Дали организациите имаат искуство во спроведување слични проекти? – Дали апликантот го има потребното управување и ресурси за успешно управување со овој проект? – Дали проектот ќе влијае на развојот и зајакнувањето на организацијата и нејзината работа?
15
Квалитет на предлог-проектот
– Дали целите и резултатите се остварливи во текот на проектот и во рамките на предвидениот буџет; – Дали предлог-проектот има разумен и реален акционен план како и ефективен буџет? – Дали предлогот објаснува како очекуваните резултати ќе придонесат за постигнување на целта претставена во повикот? – Колку е одржлива промената по завршувањето на проектот; има план и објаснување за следните активности. – Дали предлог-проектот е во партнерство со други организации?
20
Влијание на предлогот поврзан со темата
– Какви подобрувања/промени може да донесе овој предлог со фокус на политиката на локално, регионално и национално ниво; – Како овој проект промовира социо-економско подобрување на жените Ромки и заедницата во областа каде што ќе се интервенира? – Како овој проект придонесува за постигнување промена и подобрување на постоечките напори или услуги/активности.
25
Понатамошна активност и соработка (партнери и актери)
– Дали апликацијата достави јасен акциски план за видливост? – Како овој проект ќе го промовира учеството и мобилизацијата на жените Ромки? – До кој степен проектот ја зема предвид вклученоста и придонесот на различни актери? – Дали улогата на клучните чинители е јасно дефинирана во проектот?
20
Вкупнододеленипроектнипоени
100
Привременизбор
По евалуацијата ќе се наведат сите проекти оценети по поени и во зависност од расположливите средства. Списокот на нерешени проекти исто така ќе биде изготвен според истите критериуми.
Потпишувањенадоговорот
Пред потпишувањето на договорот, РРОМА има право да преговара со апликантите за да обезбеди:
• Ефикасност на трошоците на проектот
• Добра поделба на оперативните и неоперативните трошоци на проектот
• Да ги одразува реалните пазарни трошоци
• Одраз на трошоците во согласност со предложените активности
Правонажалба
Организациите кои не победиле, но сметаат дека не е направена правична оценка, имаат право на жалба во рок од 5 дена (работни дена) од денот кога ќе бидат известени за неизбор.
Жалбата мора да биде поднесена од самата организација, а не од законски застапник или посредник.
Проверкаиподобностнаапликантите
Проверка на законитоста, врз основа на придружните документи што ги бара РРОМА, ќе се врши само за апликации кои ќе бидат однапред избрани врз основа на бодовите и во рамките на расположливиот грант.
Апликација:
Формуларот се потполнува на македонски јазик или англиски јазик.
Формуларот за предлог проекти, заедно со буџетот на проектот, и дополнителната документација треба да се испратат на info@rromassn.org со назнака „Мали грантови 2023“. Или да се испорачаат со пликови по пошта на: РРОМА, Ул. Гоце Делчев бр.25, П.фах 32, 1360 Кратово
Краен рок за испраќање на апликацијата е 15-ти јануари 2023 година, 24.00 часот! Апликациите испратени по предвидениот рок нема да се земат во предвид!
Листа за проверка:
Критериуми за прием
Да
Не
1. Искористен е точниот формат за апликацијата.
2. Проектот е печатен и не е рачно напишан, на англиски или македонски јазик.
3. Доколку апликацијата е групна, секој ко-апликант го потпишал договорот за соработка и истиот се приложува кон предлог-проектот.
4. Буџетот е претставен во бараниот формат
5. Потребен буџет во дефинирани граници (8.000-10.000 евра)
6. Времетраењето на проектот е од 1 март 2023 година до 30 ноември 2023 година
7. Решение за регистрација
8. Статут
9. Тековна состојба не постара од 6 месеци
10. Доставено е CV на организацијата апликант
11. Доставена е биографија на организации/неформални групи кои аплицирале
12. Проектот се однесува на опсегот и темите во фокус.
Проектотеприфатен / гиисполнувакритериумите
За повеќе информации може да се симнат документите:
Анекс IV: Формулар на договор за соработка помеѓу водечкиот партнер и ко-апликантот
За прашања поврзани со конкурсот испратете е-маил на: info@rromassn.org.
Проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.
Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово, во соработка со коалицијата Kethane објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1. Набавувач на услуги: Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово со седиште во Кратово ул. Тошо Куковски бб.
1.2. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за преведувачи на донаторска конференција
1.З. Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово го спроведува проектот „New solutions to old problems“ со финансиска поддршка на финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grantи заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.
1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.
Понуда за одржување на конференцијата е за 05-ти декември (понеделник) 2022 година и истата треба да содржи:
2 преведувачи за симултан превод од македонски на англиски и обратно
Цена за 2 предевувачи од македонски на англиски и обратно
Конференцијата започнува во 11.00 часот и ќе трае до 15.00 часот
За реализација на настанот ќе биде потребно да се обезбедат сите потребни услови согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.
Понудената цена треба да е во денари.
Критериуми за избор на најповолен понудувач:
Цена
Квалитет
Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт
4.3 Карактеристики на понудата
4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите
4.5 Рок и начин на плаќање
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса daniela@rromassn.org најдоцна до 17.11.2022 година до 16 часот.
Проектот ,,New solution to old problems” е финасиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка ЕЕА and Norway Grant.
Настанот ќе биде ко-финасиран и од проектот Romani Women Power of Change, поддржан од Евроопската Комисија, како и од проектот Smart Democracy – поддржан од Erasmus plus
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,ROMActive – active citizenship for disadvantaged” која што ќе се одржи од 01.12.2022 до 10.12.2022 декември 2022 година ( вклучени се деновите за патување) во Бребу, Романија.
Младинската размена има за цел:
да се поттикне дијалог помеѓу 40 учесници (+5 лидери) од 5 европски земји и политичари, за време на младинската размена, за подобро разбирање на процесот на гласање и активно учество;
Развој на граѓански дух кај 40-те млади од ромска етничка припадност (+5 лидери), во деновите на младинската размена
Зголемување на знаењето на 40-те млади Роми и нероми (+5 лидери) за важноста на гласањето, за време на размената.
да се обезбеди простор з разбирање на државните институции и како тие се меѓусебно поврзани, за 40-те млади Роми и не-Роми учесници (+5 лидери) за време на младинската размена;
Очекуваното влијание за младите учесници се заснова на мотивацијата да го развијат сопствениот идентитет, способности и цели за иднината. Врз основа на веќе развиени грасрут мрежи и активни волонтери, овој проект има за цел да ги поттикне, обучи капацитетите на младите Роми и не-Роми како мултипликатори, модели и активни граѓани со цел да го развојат нивниот потенцијал, креативност, иницијатива, самодоверба, преговарачка моќ како и да ги застапуваат сопствените потреби за да постигнат одржливи ефекти во нивната сопствена реалност.
Најголемото влијание што го очекуваме за самите млади Роми е тоа што тие можат да сфатат дека светот не е само проблематичен, туку има опции за нив да ја градат сопствената иднина.
На повикот може да се пријават:
Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
средношколци, младински работници, волонтери
Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
Сместување
Храна
Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
Валиден пасош
Патничко осигурување
Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 декември 2022 година, најдоцна до 18:00 часот!
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на семинарот ,,ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY” кој што ќе се одржи од 9 до 16 декември 2022 година (9ти и 16ти декември се денови за патување) во Берлин, Германија.
8-дневниот семинар организиран од Амаро Дром ќе опфати 30 ромски и неромски млади и младински активисти од 7 европски земји (Германија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија и Италија).
Семинарот има за цел:
Да развие сеопфатен пристап за прашањето за сеќавање на геноцидот и едукација на маргинализираните младите,
Нивно ефективно вклучување и учество во локални, национални и меѓународни програми, за зајакнување на соработката и односите меѓу ромските и неромските млади и младински организации.
Зајакнување на концептуалното разбирање за меѓукултурен дијалог, младинско вклучување, еманципација, мобилизација и активно граѓанство.
Воспоставување систем за поддршка за зајакнување на капацитетите на младите Роми и развој на нови проекти во рамките на новата програма Еразмус плус.
Овој проект промовира позитивна слика за Ромите како активни граѓани и е посветен на зајакнување на довербата, меѓусебното почитување и заеднички ангажман на младите Роми и не-Роми. Овој проект не само што ќе го зголеми знаењето и чувствителноста на младите Европејци на темите Човекови права, Ромскиот геноцид и антициганизмот, туку зголемената свест кај младите Роми и не-Роми може да ја зајакне свеста на учесниците за нивната улога и одговорност во рамките на нивните заедници, општеството и во Европа воопшто.
На повикот може да се пријават:
Млади Роми и не-Роми од 16 до 28 години (можни се исклучоци)
средношколци, младински работници, волонтери
Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
Сместување
Храна
Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
Валиден пасош
Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
Патничко осигурување
Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 23 декември 2022 година, најдоцна до 18:00 часот!