Categories
Uncategorized

Одржана средба со менторите во рамките на проектот – ,,Digitalize – tools for Roma adults to use internet and promote education”.

На 20ти април РРОМА одржа онлајн состанок со селектираните ментори на зоом платформата во рамките на проектот ,,Digitalize – tools for Roma adults to use internet and promote education”.

На овој состанок се разговараше за активностите кои ги очекуваат менторите и методите кои ќе се користат за реализација на проектот. Во склоп на проектот се разговараше и за тренингот за ментори кој ќе се одржи од 8 до 12 мај во Бребу, Романија, каде што менторите ќе добијат обука со чија помош ќе ги запознаат повозрасните Роми со придобивките на дигиталното образование.

     

Categories
Uncategorized

Повик за Младинска Размена “ART in The STREET” – 17-25.11.2021, Поронин, Полска

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “ART Street in the street”, која ќе се одржи од  17 – 25 Ноември 2021 година, во Поронин Полска.
На младинската размена ќе учествуваат 40 лица од 4 земји (Република Северна Македонија, Република Словачка, Латвија и Полска).
Целта на младинската размена e да го прошириме знаењето за човековите права, принципите на неговото функционирање во европските земји, да го зголемиме нивото на граѓанска активност и да изградиме свест за движењето против говорот на омраза. Работните методи кои ќе се користат во текот на проектот се: бреинсторминг, работилници, дискусии, состаноци, презентации и методи на неформално образование преку кои ќе ги постигнеме поставените цели.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 20 години (лидерот може да биде над 25 години)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Вакцинирани

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  08 Ноември  2021 година (петок), најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Uncategorized

Период на транзиција во РРОМА

Период на транзиција во РРОМА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација е независна младинска организација, активна во Република Македонија. Започнувајќи со работа како мрежа на 15 декември 2007 година, РРОМА се концентрира на младинско зајакнување и мобилизација преку креативност, обуки и кампањи. Нашата визија за нашите млади е тие да станат промотори на позитивни вредности и активни актери во социјалните случувања. Нашата мисија се фокусира на афирмација и промоција на можностите за личен развој и интеграција, како и промовирањето на активното граѓанство и само-вклучувањето во креирањето на политиките кои што ги засегаат младите.

 

   

Во минатото, организацијата стана првата ромска младинска организација назначена од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност за контакт-точка за промовирање на програмата Млади во Акција помеѓу младите Роми во Македонија. Исто така, организацијата ја доби наградата MTV Staying Alive Award во 2010 за својата креативна кампања за подигање на свеста од опасностите од ХИВ/СИДА помеѓу младите, станувајќи првата македонска организација во светот која ја доби наградата. Во март 2017 година, РРОМА го добива второто место во рамките на второто издание на EU Roma Integration Award for Western Balkans and Turkey организиран од Европската комисија. За подоцна во истата година биде номинирана со 2 проекти како добри пракси во рамките на Еразмус плус програмата.

 

РРОМА како ромска младинска организација е мотивирана да работи со младите Роми преку не-формално образование, со цел да им овозможи повеќе можности за вклучување, надоградување и јакнење на нивните капацитети. Младите да ја промовираат својата култура и идентитет, мултикултурата и активното граѓанство како лидери на своите заедници. Веруваме во младите, веруваме во нивните капацитети за откривање на вистинските потреби и проблеми, веруваме дека тие можат да донесат вистинска промена во своите заедници! Веруваме во младите … сега, денес, утре, секогаш!

Имајќи ја во предвид мисијата и визијата на организацијата, во период што следи ќе се направи промена, односно транзиција на структурата во РРОМА. Досегашниот директор, до крајот на оваа година (2020)  ќе ја извршува својата функција, се со цел да помогне во транзицијата, потпомогнат од бордот и канцеларијата.  Почетокот на наредната година (јануари 2021) РРОМА ќе има нов директор/ка и структура. Овој период тимот на РРОМА своите обврски и активност ги извршуваше онлајн. Поради ситуацијата со Ковид-19, многу од предвидените активности не беа во можност да се реализираат и се одложија за 2021 година, истото се однесуваше за промената на структурата во организацијата. Имајќи го сето ова во предвид, РРОМА редовно ќе ги известува своите членови за прогресот и свикување на наредното собрание за избор на новата структура.

 

Categories
Uncategorized

Заврши проектот “LET IT BE 2 – SHARED WISDOM”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово учествуваше на проектот “Let it be 2 – shared wisdom” и на обуката која што се оддржа од 3 до 13 септември 2018 година во Ромхани, близу Будимпешта (Унгарија). На обуката учествуваа 23 учесници од 10 европски земји (Македонија, Унгарија, Бугарија, Чешка, Романија, Полска, Германија, Грција, Холандија и Италија).

Целта на проектот беше да го зголеми квалитетот на младинската работа преку развој на капацитетите на активните обучувачи, фасилитатори, ментори активни во полето на работа со млади.

Исто така, проектот се фокусираше на воведувањето и обезбедување на практиката на методот: супервизија на врснички групи.

Хоризонталната цел на проектот беше да се подигне свеста на професионалците активни во полето на неформалното образование за вклучување на активности за само-рефлексија и самоспознавање постојано (или барем одвреме-навреме) со цел пристапување до своите собрани искуства како младински работници.

Обуката беше поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

Резултатите и краениот продукт се достапни на следниот линк:

Let it be 2 – shared wisdom: Peer supervision cases