Categories
Новости

Заврши младинскиот семинар за време на Ромската недела во Брисел

Од 6 до 13 април 2018 година во Брисел се оддржа младинскиот семинар за застапување организиран од ternYpe интернационалната Ромска младинска мрежа и Документарниот и Културен центар на германските Синти и Роми, поддржан од Еразмус плус програмата на Европската комисија. На семинарот учество зедоа околу 40 млади Роми и не-Роми од 12-тина европски држави.

Младите учесници работеа во три работни групи на темите: а) Антициганизам, б) Партиципација и в) Застапување. 

Учесниците, исто така учествуваа на настаните во Европскиот парламент за време на Европската Ромска Недела од 8 до 12 април 2018 година. 

На 12 април имаа заеднички појадок со претставници од Европската комисија и Евро-пратеници каде што дискутираа за предизивиците на младите Роми во Европа.

Повеќе за семинарот на линковите:

http://www.euronews.com/2018/04/09/integrating-eu-s-minority-roma-community

http://www.rts.rs/page/radio/sr/story/23/radio-beograd-1/3100316/romano-them.html

 

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Rural traditions, learning opportunities 2018”

РРОМА објавува повик за младинската размена “Rural traditions, learning opportunities 2018”, која што се оддржува од 11 до 22 мај 2018 во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија.

Идејата за проектот започна со адресирање на пасивниот однос на младите кон руралните средини и локалните традиции кои што се пред изумирање. Целта на проектот е да се ангажираат младите како активни граѓани во истражувањето, валоризацијата и промоцијата на локалните традиции, кои што многумина ги сметат за застарени и неинтересни.

Нашиот проект има дава простор на 40 млади учесници од 4 европски земји преку размената на културите да станат мотивирани и свесни за својата граѓанска одговорност за зачувување и промовирање на локалните традиции. Исто така, проектот дава можност младите да бидат вклучени во континуиран дијалог помеѓу различните генерации и афирмацијата на загрозените заедници на европскиот простор во туристичкиот, економски и културен развој.

Младинската размена се оддржува од 11 до 22 мај 2018 година, во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија. Истата е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот можат да се пријават:

  • млади од 16 до 25 години
  • младински работници, волонтери, уметници…
  • работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • дел од размената е креирањето на перформанс/театар за локалното население
  • посета на урбани и рурални средини и разговори со младите од тие места

Трошоците поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 4 мај 2018 година, 18:00 часот!

Categories
Конкурси Новости

Повик за пријавување на учесници во активностите на проектот „Делуваме заедно“!

Повик за пријавување на учесници во активностите на проектот „Делуваме заедно“!

(краен рок за пријавување 20 март, 2018)

Млади сте и сакате да  учите за ромската култура, историја и идентитет? Сакате да знаете како да ги заштитите човековите права? Ако да, тогаш ова е вистинска шанса за вас!  Пријавете се за учество во активностите на Проектот Делуваме заедно”  за заедно да им се спротивставиме и да ги надминеме стереотипите и предрасудите!

Проектот Делуваме заедно се спроведува во рамки на  Linking, Engagement, Advocacy and Development, LEAD MK стипендирана програма за млади од страна на Надир Усеин,кој  е  поддржан од  Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целта на проектот Делуваме заедно е да се зголеми разбирањето меѓу младите Роми но и останатите млади кои не се дел од ромската популација но сакаат да знаат повеќе за ромската култура и идентитет и да го промовираат интеркултурниот дијалог. Преку истиот, младите ќе се едуцираат за ромските традиции и култура и ќе ги зајакнат своите лични вештини и знаења за решавање на стереотипите и предрасудите кон Ромите.

Како дел од проектот 20  млади од  Скопје на возраст од 16-24 години  ќе имаат можност да учат во пријатна интеркултурна атмосфера во рамките на следните активности :

  • Шест работилници на следните теми: Идентитетот на ромите, културата и историјата, заштита на човековите права, механизми како да се надминат стереотипите и предрасудите;
  • Настан – означување на денот на отпорот на ромите во концентрационите логори (Споделување идеи со учесниците, каков вид на активност ќе се спроведе за настанот);
  • Кампања за промоција на интеркултурен дијалог, човекови права, интеркултурно разбирање “Did you know”.

 

Како да се пријавите?

Пополнете  ја апликацијата до која ќе дојдете со кликнување на следниот линк и испратете jа до  Надир Усеин  nadir.usein@gmail.com најдоцна до 20-ти март, 2018 год.

Не ја пропуштајте шансата, да делуваме заедно!

Проектот „Деуваме заедно“ е спроведуван од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистот Надир Усеин, финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество

Проект на УСАИД за граѓанско учество (CEP) Тел/Факс: +389 2 320 4450; cepmk@ewmi.org; FB CEPMacedonia

Categories
Конкурси Новости

Повик за учество на семинарот за застапување за млади Роми во Брисел

Интернационалната Ромска младинска мрежа „ternYpe“ заедно со партнерот РРОМА  бара учесници од Македонија за семинарот за застапување, кој што се оддржува од 6 до 13 април 2018 година во Брисел.

Учесниците ќе имаат можност да бидат дел од активностите на Ромската недела во Брисел, која што се оддржува од 9 до 12 Април 2018 година во Европскиот парламент.

Семинарот им овозможува на младите учесници да развијат разбирање за функционирањето на различните структури и работни механизми во рамките на ЕУ институциите, да добијат информации за ЕУ политиките кои што ги таргетираат Ромите и да креираат свои стратегии за застапнување и кампањи за подигање на свеста за Антициганизмот на европско ниво.

Учесниците ќе имаат можност да селектираат во која тематска група ќе работат за време на семинарот:

  1. Партиципација – фокусирајќи се на политичкото учество на младите Роми, учество во политичките партии, Европските парламентарни избори во 2019, учество во младински структури итн.
  2. Антициганизам – фокусирајќи се на политиките за борба против антициганизмот во рамките на ЕУ политиките, говорот на омраза, улогата на младите и жените во адресирањето на феноменот итн.
  3. Напредно застапување – фокусирајќи се на евалуацијата на националните стратегии за Ромска интеграција, застапување после 2020 рамката за Роми, социјалните политики после 2020 итн.

Профил на учесници:

  • млади Роми и не-Роми, младински лидери, активисти, волонтери
  • на возраст од 18 до 35 години
  • да го користат англискиот како работен јазик

Повеќе информации за профилот на учесници и повикот има на линкот.

Датуми на активноста:

  • Пристигнување: 6 април 2018
  • Активности: 7-12 април 2018
  • Заминување: 13 април 2018

Локација:

  • Семинарот се организира во Брисел. Учесниците ќе бидато сместени во Hotel Aviation. Детални информации ќе следат по селекцијата на учесници.

Патување и трошоци:

  • Учесниците ќе треба да си го организираат патувањето до Брисел по добивањето на потврдата за учество. Организаторите ќе рефундираат патни трошоци во износ од 200 евра. Повеќе информации поврзани со патните трошоци има на линкот даден погоре.

Аплицирање:

  • Учесниците аплицираат со потполнување на апликацијата: https://goo.gl/forms/1oFCubAdEg1HO60H2
  • Краен рок за аплицирање е 25 февруари 2018, до крајот на денот!

Семинарот е поддржан од Еразмус плус програмата.

Categories
Новости

Заврши младинската размена “The Intercultural Journey”

30 млади од 6 европски земји зедоа учество на младинската размена “The Intercultural Journey” која што се оддржа во хотел Кратис, Кратово.

Младинската размена “The Intercultural Journey” беше организирана од страна на РРОМА и поддржана од Еразмус плус и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Целта на младинската размена беше преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации од областа на вработувањето, односно младите да се подготвуваат за соочување со „суровата“ реалност на барање работа, подготовки на CV и интервјуа. Но, исто така преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 европски земји (Македонија, Германија, Шпанија, Романија, Италија и Литванија).
Презентација на CV и што треба да содржи едно CV
Симулација на интервју за работа
Презентација на реалноста со младинското вработување во Литванија
Презентација на реалноста со младинското вработување во Италија
Дел од групата после сесија 🙂
Categories
Новости

РРОМА има 10 години!

Пред 10 години … Започнавме регионално. Образувавме млади. Се препознававме по акција. Не гледавме од страна. Учествувавме!
Денес…
Напредувавме. Се развивавме. Го кршиме циклусот на вообичаеното. Се пробиваме. Стануваме своја сила! 
На 15 декември 2017 година, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово го прослави 10 роденден.

На настанот беа презентирани достигнувањата на РРОМА во изминативе години, меѓу кои позначајни се добивањето на Staying Alive Award во 2010, како и ЕУ наградата за Ромска интеграција на млади во 2017. Исто така беше претставено новото лого на РРОМА и новиот слоган. На соработниците и поддржувачите на работата на организацијата им беа доделувани благодарници. Партнерите на РРОМА изработија видео со честитки за организацијата и постигнатите резултати.

Транзиција од старо во ново лого

Тимот на РРОМА со дел од младите волонтери и членови

Categories
Новости

РРОМА има нов младински волонтер!

Во периодот што следи со РРОМА ќе работи новиот младински волонтер Надир Усеин. Надир ќе работи заедно со нас на исполнување на нашата мисија, а пред се на тоа младите да бидат млади и да уживаат во можностите кои што им ги нуди РРОМА!
Во прилог следи кратко претставување од страна на Надир 🙂
„Здраво на сите! Јас сум Надир Усеин и имам 18 години. Живеам во Скопје, општина Шуто Оризари. Студент сум на катедрата за “Меѓународни односи и интеркултурни студии“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј на Филозофскиот факултет. Отсекогаш сум посакувал да направам промена во моето општество, токму таа желба ме мотивирала да го направам првиот чекор кон подобра иднина. А каде, ако не во граѓанскиот сектор. Се сеќавам на 2014 година и моето прво учество. Таа година за првпат сум застанал пред 300 луѓе, промовирајќи ја сопствената култура. Тоа чувство беше непознато, но многу убаво. Таа година светна искрата во мене  Во НВО „Амбрела“ се разбуди свеста кај мене да бидам активен во општеството. Таму започна и не престана, туку продолжила да расте се повеќе од ден во ден, во многу невладини организации, како во Романо Авази, Црвен Крст, РРОМА. Тоа што го правам ме исполнува со животна радост, внатрешна рамнотежа, мир и спокојство во душата.
Сега пред мене е предизвикот да бидам младинскиот волонтер во РРОМА, да работам и растам во една динамична средина, полна со можности за лично надоградување и можности да им помагам на своите врсници. Верувам дека можам да бидам позитивен пример за многу млади. Многу е убаво чувството кога можеш да помогнеш утрото да биде поубаво и подобро. Им препорачувам на сите млади да бидат активни и најискрено ги охрабрувам да учествуваат во процесот кон подобра иднина и општество еднакво за сите. Како што вели слоганот на РРОМА: Не гледај од страна, учествувај!“
Categories
Новости

Повик за младинската размена “The Intercultural Journey”

РРОМА објавува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.

Целта на младинската размена е преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации од областа на вработувањето, односно младите да се подготвуваат како да се соочуваат со „суровата“ реалност за барање работа, подготовки на CV и интервјуа.

Но, исто така преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Шпанија, Романија, Италија и Литванија).

Младинската размена ќе се оддржи во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 11 до 16 декември 2017 година. 
Можат да се пријават:
– млади на возраст од 16 до 26 години;
– младински работници, волонтери, уметници…
– работен јазик е англиски и јазикот на креативноста 😛
Дел од работата на младинската размена ќе биде креирање на импро-театар поврзан со темата!
Би ве замолиле да се пријавите најдоцна до 26 ноември (18.00 часот) кликајќи на линкот Апликација за IJ 2017!

Сите трошоци поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторот!

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!