Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА ТРАНСНАЦИОНАЛНА СРЕДБА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,EUROPEAN YOUTH COMMUNITY RADIO”

Во периодот од 9ти до 12ти ноември ви Берлин, Германија се одржа транснационална средба во рамки на проектот ,,European Youth Community Radio” На средбата присуствуваа преставници од 6 организации од 6 различни држави: Франција, Италија, Германија, Шпанија, Северна Македонија и Португалија.

Проектот создаде радио на Европската заедница од кое ќе промовира активно учество на младите и вмрежување меѓу организациите и младите од различни потекла и националности, давајќи им глас и правејќи ги активни учесници во нивната сегашност и иднина.
Цели на проектот:

  • Да се ​​создаде европска мрежа на младински организации за да се олесни лансирањето на радио на младинската заедница како едукативна алатка која поттикнува активно учество и им дава глас на младите, особено младите со помалку можности.
  • Да генерира дебата и размислување за да ја анализира ситуацијата на локалната и европската заедница околу целите на европската младина и околу „Без говор на омраза“ и да размислува за иднината и влијанието на здравствената криза „Ковид19“, обидувајќи се да се залага за поинклузивен, кохезивен и одржлив модел на живот во европското општество.
Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА ОБУКА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,ROMA YOUTH BRING CHANGE”

Во периодот од 8ми до 12ти ноември во Будимпешта, Унгарија се одржа обука на селектираните учесници во рамки на проектот Roma Youth Bring Change во соработка на РРОМА од Северна Македонија, Аутономија и Детективити од Унгарија и ЕРГО мрежата од Белгија. Проектот е поддржан од Ерасмус+ програмата на Европската Унија.

Целта на обуката беше учесниците да научат да фасилитираат детективска игра и да креираат граѓанска кампања во своите локални заедници. Преку интерактивни работилници им се даде можност да пробаат да направат кампања и детективска игра, како главни алатки преку кои ќе се истакнат актуелните општествени проблеми како што се дискриминација, насилство, расизам итн…

Главната цел на проектот преку спојување на двете алатки, детективност и граѓанска кампања, да се примами интересот на младите луѓе да станат проактивни граѓани кои што ќе станат свесни за својата сила и значајна улога во спречувањето на расизмот, дискриминација и насилство.

Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА ПОДГОТВИТЕЛНА СРЕДБА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,ROMA YOUTH BRING CHANGE”

На 5ти ноември во Кратово се одржа подготвителната средба во рамки на проектот Roma Youth Bring Change во соработка на РРОМА од Северна Македонија, Аутономија и Детективити од Унгарија и ЕРГО мрежата од Белгија. Проектот е поддржан од Ерасмус+ програмата на Европската Унија.

На средбата учесниците имаа можност да учествуваат во детективска игра приредена од РРОМА, како и да го надоградат општото знаење на темата детективски игри и граѓанска кампања. Тие научија што се енерџајзери и како да направат енерџајзер. Со многу вложен труд, учесниците успејаа да креират игра за учесниците во Унгарија, со цел самите да се стават на место на фасилитатори и да видат како се води активноста.

Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА КАМПАЊА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,ROMA YOUTH KICKING OFF THE DECADE TO COUNTER ANTIGYPSYISM”

На 4ти и 5ти ноември беше одржана кампањата ,,ROMA YOUTH KICKING OFF THE DECADE TO COUNTER ANTIGYPSYISM” во соработка на РРОМА од Северна Македонија, мрежата ЕРГО од Белгија и ROMEDIA од Унгарија, а е финансирана од Вишеградскиот Фонд.

По завршената обука на Летната академија во Братислава, присутните претставници на РРОМА стекнаа знаење од експерти за темата Антициганизам и за како да креираат своја кампања.

За поголема видливост кампањата беше одржана на две локации: Прилеп и Кратово. На кампањата највеќе присуствуваа млади луѓе, но и повозрсни луѓе кои за прв пат се сретнаа со појавата Антициганизам. Целта на кампањата беше да се информираат луѓето што е антициганизам, од каде доаѓа и да научат да го познаат како форма на расизам, која е сѐ присутна од минатото па сѐ до денес. Исто така кампањата беше проследена со дискусија за тоа како можеме да делуваме за да се спречи оваа појава.

Categories
Uncategorized Новости

ЗАВРШИ МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА ,,TOGETHER WITH MIGRANTS”

Заврши младинската размена ,,TOGETHER WITH MIGRANTS” која траеше од 31.10.2022 до 08.11.2022 во Бребу, Романија во соработка на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Северна Македонија и Nevo Parudimos од Романија.

Оваа младинска размена имаше за цел да ја подигне свеста на 45 учесници за миграциската криза и феноменот на говор на омраза, кој ја погодува Европа во последните години како и да ги поттикне учесниците да се преземат конкретни активности против говорот на омраза и клеветата на мигрантите, бегалците и барателите на азил.

Во овој проект учествуваа млади луѓе со лични приказни, од различни области и социјални средини. За време на фазите за избор на учесници, се погриживме да има баланс во однос на женскиот и машкиот пол со цел никој да не е дискриминиран врз основа на сексуална ориентација, религија, социјално и/или културно потекло, економски можности итн.

На крајот на проектот секој од учесниците стекна поконкретен увид и подобра реалистична слика од проблемите и процесот кој што мора да биде имплементиран за да се добие статусот на мигрант и барател на азил во Европа. Учесниците научија за тешкиот пат по кој чекорат мигрантите, за различните рути со цел да стигнат до Европа, а потоа и со проблемите кои се соочуваат, дискриминацијата и тегобите со интеграцијата во новите општества особено откако им се одобри статусот на мигранти и добијат документација.

Проектот е поддржан од Ерасмус+ програмата на Европската Унија.

Categories
Uncategorized Новости

Одржана средба во рамки на интернационалната мрежа Phiren Amenca

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација учествуваше на овогодинешната средбата за вмрежување организирана од страна на Phiren Amenca. Средбата се одржа на 26.10.2022 во Прага, Чешка.

На средбата присуствуваа претставници на многу младински организации од цела Европа со цел за вмрежување, за да разговараат за можностите за понатамошна соработка на темите за волонтирање, програми за мобилност и неформално образование. Се запознавме, разговаравме во работни групи, ги споделивме искуствата, нашите активности и успешни пракси и правевме планови за понатамошна соработка.

Categories
Uncategorized Новости

Одржана транснационална панел дискусија на експерти во рамки на проектот ,,Loose Ends”

На 15 октомври во Будимпешта, Унгарија се одржа транснационална панел дискусија во рамки на истражувањето за цел на имплементација на проектот ,,Loose Ends”. Секоја од партнер организациите, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Северна Македонија, Nevo Parudimos од Романија и EgyüttHató Egyesület од Унгарија ги преставија своите истражувања и секој од поканетите експерти произлегоа со свои презентации за потенцијални решенија и препораки.

На потенцираните проблеми експертите понудија своја експертиза од разни аспекти: социоекономски аспект, образовни политики како и од гледиште на младината и младинските работници.

Секоја презентација беше проследена со дискусија и колективно дефинирање на препораките и проблемите со цел успешно да се пренесе идејата на проектот пошироко.

Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата не Европската Унија.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,ROMActive – ACTIVE CITIZENSHIP FOR DISADVANTAGED” ВО РОМАНИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,ROMActive – active citizenship for disadvantaged” која што ќе се одржи  од 01.12.2022 до 10.12.2022 декември 2022 година ( вклучени се деновите за патување) во Бребу, Романија.

Младинската размена има за цел:

  1. да се поттикне дијалог помеѓу 40 учесници (+5 лидери) од 5 европски земји и политичари, за време на младинската размена, за подобро разбирање на процесот на гласање и активно учество;
  1. Развој на граѓански дух кај 40-те млади од ромска етничка припадност (+5 лидери), во деновите на младинската размена
  2. Зголемување на знаењето на 40-те млади Роми и нероми (+5 лидери) за важноста на гласањето, за време на размената.
  3. да се обезбеди простор з разбирање на државните институции и како тие се меѓусебно поврзани, за 40-те млади Роми и не-Роми учесници (+5 лидери) за време на младинската размена;

Очекуваното влијание за младите учесници се заснова на мотивацијата да го развијат сопствениот идентитет, способности и цели за иднината. Врз основа на веќе развиени грасрут мрежи и активни волонтери, овој проект има за цел да ги поттикне, обучи капацитетите на младите Роми и не-Роми како мултипликатори, модели и активни граѓани со цел да го развојат нивниот потенцијал, креативност, иницијатива, самодоверба, преговарачка моќ како и да ги застапуваат сопствените потреби за да постигнат одржливи ефекти во нивната сопствена реалност.

Најголемото влијание што го очекуваме за самите млади Роми е тоа што тие можат да сфатат дека светот не е само проблематичен, туку има опции за нив да ја градат сопствената иднина.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
    организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 декември 2022 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.

Categories
Uncategorized Новости

Одржан национален панел настан во рамките на проектот “LOOSE ENDS”

Во рамките на проектот “Loose Ends” во кој РРОМА е партнер на 08.10.2022 година на онлајн зоом платформата се одржа национална панел настан на кој поканивме на дискусија експерти на оваа тема, модерирана од г-ца Урмета Арифовска.

За време на средбата г-дин Мухамед Ајваз – Истражувач, службеник за застапување од Ромалитико, ни го презентираше претходно направената анализа и истражување  на состојбата на учениците Роми вклучени во специјалните училишта (ресурсни центри) во Република Северна Македонија.

Г- дин Ерол Адемов – Референт за прашања на Ромите и малцинствата – експерт за човекови права и консултант, дискутираше на тема каква е социјалната политика насочена на лицата со попреченост – (каква социјална заштита им се пружа на лицата со попреченост а г-дин Ален Умер – наставник по предметот „Јазик и култура на Ромите“ и г-ца Емилија Пановска – Младински работник, дискутираа на тема поврзана во областа на образованието т. е колку младите Роми и не -Роми во Р. С Македонија се сензитивни и обучени да работат со лица со попреченост.

Проектот Loose Ends има за цел да ги анализира животите на младите Роми и обесправените млади кои посетувале специјални училишта поради нивниот различен развој, под влијание на лошите услови за живеење. Проектот е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија, а го спроведува Здружението Co-Efficient – Унгарија, заедно со Здружението Нево Парадимос и Здружението РОМА од Македонија.

Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СЕМИНАР ,,ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY” ВО БЕРЛИН, ГЕРМАНИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на семинарот ,,ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY” кој што ќе се одржи  од 9 до 16 декември 2022 година (9ти и 16ти декември се денови за патување) во Берлин, Германија.

8-дневниот семинар организиран од Амаро Дром ќе опфати 30 ромски и неромски млади и младински активисти од 7 европски земји (Германија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија и Италија).

Семинарот има за цел:

  • Да развие сеопфатен пристап за прашањето за сеќавање на геноцидот и едукација на маргинализираните младите,
  • Нивно ефективно вклучување и учество во локални, национални и меѓународни програми, за зајакнување на соработката и односите меѓу ромските и неромските млади и младински организации.
  • Зајакнување на концептуалното разбирање за меѓукултурен дијалог, младинско вклучување, еманципација, мобилизација и активно граѓанство.
  • Воспоставување систем за поддршка за зајакнување на капацитетите на младите Роми и развој на нови проекти во рамките на новата програма Еразмус плус.

Овој проект промовира позитивна слика за Ромите како активни граѓани и е посветен на зајакнување на довербата, меѓусебното почитување и заеднички ангажман на младите Роми и не-Роми. Овој проект не само што ќе го зголеми знаењето и чувствителноста на младите Европејци на темите Човекови права, Ромскиот геноцид и антициганизмот, туку зголемената свест кај младите Роми и не-Роми може да ја зајакне свеста на учесниците за нивната улога и одговорност во рамките на нивните заедници, општеството и во Европа воопшто.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 28 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 23 декември 2022 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.