Categories
Конкурси Новости

Обука „Enhancing Youth Competences“ Plymouth, UK 8-15 November 2021

Повикот се однесува за обука која што ќе се фокусира на градење знаење и отпорност кон екстремизам и дискриминација преку развој на позитивно чувство за идентитет, критичко размислување, активно граѓанство и позитивна благосостојба.

Истата се оддржува во Обединетото Кралство од 8 до 15 ноември 2021 година со поддршка на Еразмус плус програмата.

Обуката ќе употреби методологија на неформално учење за личен развој и ќе се фокусира на намалување на факторите на ранливост кои можат да предизвикуваат радикализација (социјална исклученост, ниска самодоверба, криза на идентитет, итн.). Вклучените младински работници ќе бидат опремени со знаење како да го стимулираат личниот развој на младите и да изградат отпорност на екстремизам користејќи активности базирани на неформална методологија.

Трошоците за патување и виза ќе бидат надоместени од страна на организаторите. За обуката нема надоместоци за учество.

Поради ограничувањата на Ковид -19 за влез во Обединетото Кралство, организаторите ќе прифатат само целосно вакцинирани учесници.

За учество заинтересираните учесници треба да ја потполнат и испратат апликацијата на емаилот на организаторите: evsamberinitiatives@gmail.com најдоцна до 30 септември 2021 година.

Categories
Новости

Loose ends – мапирање на корените на маргинализација кај младите

Проектот „Loose Ends“ е меѓународна соработка на три граѓански организации (Együttható Egyesület, Nevo Parudimos и РРОМА)  кои што се активни во полето на образование, социјална работа и/или застапување на младите. Стратешкото партнерство е финансирано од програмата Еразмус+ на Европската унија.

Како што беше потврдено од неколку студии и извештаи, ромските деца се презастапени во пониските општествени слоеви, се поранливи во однос на предвременото напуштање на училиштето и честопати децата од ромските семејства се наоѓаат во сегрегирани образовни институции. Нашиот проект е продолжение на истражувањето спроведено од Együttható Egyesület и Nevo Parudimos во рамките на проектот LEADNFL за мапирање на моделите на ESL во сегрегирани заедници. И покрај тоа што во повеќето случаи дијагнозата што го оправдува специјалното образование е валидна, не се земаат предвид социо-економските причини кои стојат зад детето со слаб перформанс. Недостаток на внимание или интелектуална попреченост може да бидат резултат на недостаток на пристап до здравствена заштита и ран детски развој, додека недостатокот на социјален капитал и финансиски средства може да резултира со тоа што семејствата немаат пристап до постојните структури за поддршка во подоцнежните фази на развојот (т.е. специфичен развој , младински услуги, услуги на пазарот на трудот, итн.). Недостатокот на пристап резултира со кругот на сиромаштија и маргинализација на уште поголемо ниво, бидејќи поединецот е стигматизиран и поради етничка припадност и поради попреченост.

Целта на нашето истражување во рамките на проектот е да се соберат и анализираат податоци од една специфична тема од областа на образованието на Ромските деца во специјалните училишта, како и зошто Ромските деца и нивните семејства завршуваат сегрегирани во ваквите институции. Ние би сакале да го разбереме процесот на специјалното образование, како се одлучува и оценува Ромските деца да се запишат во специјалните училишта, каква е позадината, какви се реакциите на Ромските семејства кон ова итн.

Проектот ќе трае 24 месеци и ги има следните цели:

  • Утврдување на причините, поврзаните животни патеки и последиците од образованието во такви институции преку условување, анализирање и објавување на 25 темелни интервјуа по земја во која се вклучени засегнатите страни
  • Формулирање препораки за реформа на политиката од експертски панел, врз основа на нашите наоди упатени до националните и европските носители на одлуки, истакнувајќи ја важноста на секундарните структури за поддршка во форма на младински организации и нивните алатки
  • Подигање на свеста за прашањето кај претставници, професионалци и носители на одлуки од секторите на формално образование, младински сервиси, структури за заштита на децата, владина администрација

Конкретни активности на проектот:

  • 4 транснационални средби
  • Анализа на 25 темелни интервјуа од 3 земји, на националните јазици на земјите, резиме на англиски јазик (не директен превод, туку пократка верзија на сите 3 студии)
  • Препораки за политики од експертскиот панел, 1/ земја + 1 на европско ниво
  • 4 Конференции во Унгарија, Северна Македонија и Романија-вклучени повеќе од 250 релевантни засегнати страни
  • Состанок за лобирање во Брисел како завршен настан во кој бидат вклучени претставници на ЕУ
  • Широки активности за дисеминација

Повеќе детали за имплементација на проектот можат да се најдат на официјалната веб-страна: http://egyutthato.eu/loose/#

Categories
Новости

Dikh te na bistra! Гледаме, но да не заборавиме!

Иако, прилично доцна, на 15 април 2015 година Европскиот парламент[i] донесе резолуција која што повика на официјално признавање на 2 август како Европски ден за сеќавање на холокаустот врз Ромите и Синтите за време на Втората светска војна. Понатака, во резолуцијата се препознава антициганизамот како главна причина за историската маргинализација и дискриминација на Ромите низ Европа и се повикува на потребата за спротиставување на антициганизамот во сите сфери и нивоа, со сите расположливи средства бидејќи како таков овој феномен е упорен, насилен, повторлив и вообичаена форма на расизам кон Ромите и оние кои што во окото на мнозинството се перципираат под стигмата на „Циган“[ii].

Поминаа околу 6 години, 3 месеци и 14 дена од оваа резолуција, без да ги спомнеме останатите резолуции поврзани со прашањето и темата. Дали се променило нешто во Европа поврзано со Ромите и борбата против антициганизамот? Едноставно, не![iii]

Ромите, иако се и биле дел од европската историја со векови наназад, нивните придонеси и наративи во суштина остануваат игнорирани, запоставени и погрешно претставувани низ нашите општества.

Немањето на политичка волја и желба за признавање на геноцидот врз Ромите, или спротиставување на антициганизамот ја одразува континуираната дискриминација, говорот на омраза и насилните акти предизвикани од омраза врз нашата заедница.

Еден правилен акт на признавање на минатото и холокаустот на Ромите е клучен, не само за правда и достоинство на убиените Роми, туку за испраќање на порака дека во нашето општество нема место за антициганизамот! Само така ќе можеме да се соочиме со тековниот анти-ромски говор и однесување, кои за жал се присутни со вознемирувачка фреквенција во нашето општество.

За да имаме таков еден правилен акт, нашата влада треба:

  • Формално да го признае 2 Август како официјален ден за сеќавање на Холокаустот врз Ромите и Синтите;
  • Да изгради, почитува и зачува споменици посветени на жртвите Роми;
  • Да инвестира во музеи, центри за истражување и други институции посветени на Ромскиот Холокауст, Ромската историја и култура;
  • Изучувањето на Ромската историја и култура да станат дел од образовните програми и учебници;
  • Да го признаат антициганизамот како специфична форма на расизам која што ги таргетира ромските заедници и да прилагодат различни превентивни и реактивни алатки во борбата против овој феномен.

Гореспоменатите реченици не се листа со желби, туку реални потреби за унапредување на статусот на Ромската заедница во нашата држава и минимизирање на антициганизамот во нашата држава. Веруваме дека има многу релевантни прашања што треба итно да се следат и решат, но сите тие нема да успеат да ја решат основната причина за исклучувањето на Ромите. За тоа е важно социо-економската инклузија и борбата против антициганизамот да се надополнуваат едно со друго.

Нашето општество се соочува со предизвик, бидејќи покрај економската криза предизвикана од пандемијата се соочуваме со морална криза. А, најранливите во нашето општество се најтешко погодени! Да не дозволиме истите да станат лесна мета на популизам и омраза, туку заеднички да се спротиставиме. Ова е наша држава, наше општество, само заеднички можеме да изградиме заедница на взаемна почит и љубов, а не заедница на страв и омраза на едни кон други!

[i] https://op.europa.eu/en/publication-detail/-/publication/d1509576-7400-11e6-b076-01aa75ed71a1/language-en

[ii] https://www.antigypsyism.eu/

[iii] https://balkaninsight.com/2021/06/23/czech-floyd-illustrates-struggles-of-roma-lives-matter/

Categories
Конкурси Новости

Повик за учество на Dikh He Na Bister 2021

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со Документациониот и културен центар на германските Синти и Роми, Централниот совет на германските Синти и Роми и ternYpe објавува повик за учесници за учество на Dikh He Na Bister 2021.

 

Овогодишниот проект опфаќа 3 фази:

  1. Онлајн подготовка на селектираните учесници за настанот во Краков (Полска). Датумот ќе биде дополнително договорен. Присуството на подготовката е задолжително!
  2. Учество на настанот “Dikh He Na Bister 2021” и комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна. Активностите се оддржуваат во Краков (Полска) со посети на музејот “Аушвиц” и присуство на комеморацијата на 2 август во Аушвиц-Биркенау. Настанот се оддржува од 28 јули до 4 август 2021 година;
  3. Настани организирани од учесниците за понатамошна дисеминација на добиените информации во период од септември до декември 2021 година.

Концепт за 2021:

Имајќи ја во предвид пандемијата со Ковид-19 и рестрикциите, концептот за 2021 година предвидува едукативен настан за младите учесници од 10 европски земји со намален број на учесници, кои што ќе бидат дел од работните групи предводени од фасилитаторите на настанот. Предност ќе им биде дадена на младите кои што за првпат ќе го посетуваат настанот и музејот “Аушвиц”. Учесниците ќе бидат дел од активностите за сеќавање и одбележување на 77 годишнината на Ромскиот геноцид.
Младите учесници ќе работат со своите фасилитатори во работни групи на темите на Ромската историја, Ромскиот геноцид, Антициганизмот и улогата на младите во борбата против модерните облици на расизмот.

Учесниците ќе останат во своите работни групи од почетокот до крајот на настанот за да се осигура стабилна група која што заедно со своите врсници ќе поминат низ едукативниот процес на настанот потпомогнати од своите фасилитатори.

Подготовка:

Селектираните учесници од Македонија ќе поминат низ процес на подготовка. Присуството на онлајн подготовката е задолжително за сите селектирани учесници!
Бараме учесници:
  • Млади на возраст од 18 до 30 години кои што за првпат ќе бидат дел од настанот;
  • Да имаат желба да научат повеќе за темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна;
  • Да работат во мултикултурни групи без предрасуди;
  • Да бидат подготвени стекнатото знаење од подготовката и едукативниот настан да го пренесат во своите заедници;
  • Да присуствуваат на онлајн подготовката организирана од страна на РРОМА;
  • Работен јазик на младинската размена и едукативниот настан во Краков е англискиот јазик. Работниот јазик ќе се користи во работните групи и од страна на фасилитаторите. Се очекува учесниците да имаат активно познавање на работниот јазик. Познавањето на Ромскиот јазик ќе се смета за предност.
  • Да имаат валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Полска!

Бараме лидер/ка на група:

  • Личност на возраст од 18 до 30 години која што има претходно искуство на темата;
  • Да е бил/а веќе на настанот Dikh He Na Bistar во Краков, Полска
  • Лидер/ка на групата се грижи за учесниците;
  • Да работи во мултикултурни групи без предрасуди;
  • Да присуствува на онлајн подготовката организирана од страна на РРОМА;
  • Да има познавања од англискиот јазик
  • Да има валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се врати од Полска!

Трошоци

Трошоците поврзани со подготовката, како и за меѓународното патување, храна и сместување за настанот во Полска се покриени од страна на организаторите на настанот. Селектираните учесници задолжително го покриваат своето патничко осигурување и трошоците до договореното место за поаѓање од Македонија до Полска и назад.*

* Се мисли на  национални патни трошоци на пр. место за поаѓање Куманово. Учесниците ќе треба да си го покријат патот до Куманово и назад.

Патување до Полска и назад

За патувањето до Полска и назад ќе биде со организиран превоз.

Задолжителни документи за патување на учесниците:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување (покриен од страна на учесниците)
  • Негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето (покриен од страна на организацијата)

Доколку, учесникот е вакциниран:

  • Документ (сертификат) за вакцина 14 дена од последната примена вакцина пред патувањето.

Сместување во Полска

Учесниците ќе бидат сместени во студентскиот дом “Жажек”(Zaczek). Веднаш до него се Универзитетските простории каде што ќе се држат едукативните работилници.

Пријавување

Пријавувањето на повикот за учесници се врши со потполнување на апликацијата за учествонајдоцна до 02 јули 2021 година, 18:00 часот! Апликациите после предвидениот рок нема да се земаат во предвид!

За дополнителни прашања поврзани до настанот за оваа година можете да ни пишете на: info@rromassn.org

Напомена: Со потполнување на апликацијата вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и не учествувате во подготвителните активности, РРОМА го задржува правото вашето место да го понуди на друго лице од резервната листа!

Ви благодариме на покажаниот интерес!
Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА “ InterculturART ”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “ InterculturART ”, која што ќе се оддржи  од 02 до 12 јули La Pedaru – Бребу, Романија.

Целта на младинската размена е размислување за младите бегалски групи со кои партнерските организации работат секојдневно, да создадеме мостови помеѓу мигрантите и локалните заедници преку култура, уметност и образование, како и истакнување на европската култура и вредности, погодни за обезбедување на процес на вклучување во две насоки во европското општество.

45-те млади учесници од Северна Македонија, Словенија, Полска, Грција и Романија, ќе ја имаат можноста:

  • Да се ​​зајакнат 45 млади бегалци, баратели на азил и млади со миграциско потекло или заинтересирани волонтери
    градење на отворено европско општество кон бегалците.
  • Да се ​​зголеми самопочитта на 45 млади луѓе кои доаѓаат од критично загрозена средина со вработување на различни средства за уметност и креативност за поттикнување на отворен дијалог и разбирање на миграцискиот предмет во текот на проектот.
  • Да им овозможи на 45 учесници да организираат настани „Животна библиотека“ во нивните заедници;
  • Да се ​​обезбеди безбеден простор каде 45-те учесници можат да ги споделат своите животни приказни и да формираат врски помеѓу нив и Милковени селска млада заедница;
  • Да се ​​зголеми свеста на 45 учесници за важноста од прифаќање, вклучително и поддршка на азил трагачи и мигранти во вклучените земји.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

 

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 24 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  25 јуни 2021 година (петок), најдоцна до 18:00 часот!

Пред заминување за Романија со селектираните учесници ќе се одржи средба на онлајн ЗООМ платформата.

Ве очекуваме!

Categories
Новости

Се одржа онлајн квиз по повод 16 – ти Мај, денот на Ромското востание

16-ти мај 1944 година, денот кога нацистите почна да го планираат “конечното решение” за “Циганскиот камп” во Аушвиц. На затворениците на кампот им беше наредено да останат во бараките и тие беа опкружени со 60 СС војници. Но, тогаш тие се соочиле со бунт од страна на мажите, жените и децата, вооружени со ништо повеќе од стапчиња, алатки и камења. И на крајот СС војниците мораа да се повлечат, одложувајќи го нивното истребување за неколку месеци.

Денес го почитуваме  отпорот на нашите предци и земаме сила и зајакнување од нивната борба – оваа сила ни помага да продолжиме да се спротивставуваме секој ден.

РРОМА по повод 16 – мај, денот на Ромското востание, реализиареше оналјн квиз, со кој ви се  овозможи да го тестирате своето познавање и научите повеќе историски факти за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, а притоа да добиете некои од ексклузивните награди!!!

Во квизот учествува 14 учесници, од кои првите 5 учесници со највеќе поени ќе бидат доополнително известени за своите награди.

Ви благодариме на сите што учествувате во квизот!

Categories
Новости

Во рамките на проектот “Нови Решенија за Старите Проблеми” на 21 и 22 Април се оддржа Пазарот на проекти

Во рамките на проектот “Нови Решенија за Старите Проблеми” на 21 Април започна „Пазарот на проекти“ каде што 11 Ромски и про-Ромски организации од мрежата ЕРГО на 21 и 22 Април ги споделија своите најдобри практики на проекти за вклучување и зајакнување на Ромите. Го покажаа огромното богаство на искуство на Ромското граѓанско општество и влијанието што можат да го имат.

На  „Пазарот на Проекти “ присутвуваа многубројни гости од меѓународни организации, Амбасади и партнерски граѓански организации, меѓу нив грановите за ЕЕА и Норвешка, Норвешка Амбасада , Институтот Tom Lantos, Фондацијата ERSTE, Zentralrat Deutscher Sinti und Roma ,  Фондацијата Hildegard Lagrenne.

Првиот ден своите добри практики (проекти) ги презентираа следните држави:Албанија, Чешка, Литванија, Словакиа и Унгарија.

                                                                                                       

После презентациите имаше преговори меѓу продавачите и купувачите на  „Пазарот“. Купувачите (Ромските и про-Ромските граѓански организации) им објаснуваат на продавачите зошто саакат да ги имплементираат добрите практики презентирани од продавачите на нивните земји, да поставуваат прашање и да дознаат повеќе за тоа што е потребно за добрата практика.

На 22 Април следниве земји ги презентираа своите добри практики: Босна и Херцеговина, С.Македонија, Романија, Турција и Бугарија. Потоа следуваше преговори меѓу продавачите и купувачите на  „Пазарот“.

                                                                             

„ Нови решенија за старите проблеми-размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ е финасиран од Исланд,Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка.

 

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.

 

Categories
Новости

Се одржа четвртиот онлајн состанок за стартешкото партнерство за проектот Loose Ends

РРОМА  заедно со партнер организациите EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија и Asociatia Nevo Parudimos – Романија на 23 април 2021 год. се одржа и четвртиот онлајн состанок на нашиот проект за стратешко партнерство KA2  Loose Ends. Состанок се одржа на зоом платформата.

        

На овој состанок се дискутираше кои прашања би ги ставиле во нашето истражување, каде што предходно секоја партнер организација имаше подготвено прашања. Се разговараше на кој начин би се одржувале интервјуата, и ги финализиравме прашањата кои ќе бидат во истражувањето, и кои се следните активности за периодот кој следи.

 

 

 

 

Categories
Новости

Се одржа вториот онлајн состанок- Loose Ends

РРОМА и партнер организациите EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија и Asociatia Nevo Parudimos – Романија на 26 февруари го одржаа и вториот онлајн состанок на зоом платформата за проект за стратешко партнерство KA2  Loose Ends.

На овој состанок  се подготвуваше план за истражување со цел за нашиот меѓународен проект. За време на оваа истражување ќе се спроведат длабински интервјуа со млади Роми од Романија, Унгарија и Северна Македонија, кои посетувале посебни училишта.

Kаде што ќе се  истражува за влијанието на специјалната едукација врз животот на младите Роми кои што биле дел од истата и ќе застапуваме за подобрување на квалитетот, но и препознавање на бариерите и антициганизмот застапен во институциите.

 

 

Categories
Новости

Project Market 21 and 22 April, 2021

In recent months, Roma and pro-Roma organizations in 10 countries have recommended good practices to each other. On April 21 and 22, we will present 23 of these at an online project exchange for the duration of a presentation, and then everyone will select and adapt at least one idea for the next year and a half, and our experts will help each other pass the methods. “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.

 

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.