Categories
Новости

Coaching meeting between RROMA and Slovo 21 from Czech Republic

From 10 to 13 February 2022 in Hotel Kratis – Kratovo a coaching meeting took place between RROMA and Slovo21 from the Czech Republic. The meeting was organized within the project “New solutions to old problems – exchange of new types of approaches in the field of Roma integration” funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and the Norwegian Regional Cooperation Grants Fund EEAandNorwayGrants.

Slovo21 is selected as a mentor organization for RROMA for the implementation of the practice “Invisible Power” in North Macedonia for working with Roma women and girls. They presented the process of implementation of the project, how to overcome obstacles and challenges, present the final result after the implementation of the project.

                      

Categories
Новости

Се одржа вториот транснационален состанок во рамките на проектот LOOSE ENDS

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација  заедно со партнер организациите EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association – Унгарија и Asociatia Nevo Parudimos – Романија, од 13-15 феруари 2022 во Будимпешта, Унгарија го одржаа вториот транснационален состанок во рамките на проектот за стратешко партнерство KA2  Loose Ends.

Состанок го започна партнер организацијата EgyüttHató Egyesület / Co-Efficiency Association од Унгарија со презентацијата за Унгарското истражување. Се разговараше за реализираните активности на сите партнерски организации, и за предизвици и начинот на кој се е одвивало интервјуирањето, се разгледуваа следните активности кои се во тек на реализација, и за активности кои треба да се реализираат во идниот период.

                                   

На состанокот се одреди и датумот на третиот транснационален состанок кој е предвиден да се оджи од 11 – 13 мај 2022 во Бребу, Романија.

 

 

 

Categories
Новости

Одржана конференција “Говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата како дел од антициганизмот”

На 16,02,2022 (среда) во хотел Континетал, Скопје, се одржа конференцијата, “Говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата како дел од антициганизмот” организиран од страна Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот на ЕРГО мрежата “Peer education to counter antigypsyist hate speech online” кој е поддржан од Google.Org Impact Challenge on Safety.

На конференција свое воведно обраќање имаше  г-динот Mхамед Точи, државен секретар, министерство за правда.

Конферницијата беше одржана во две панел дискусии.

Првата панел дискусија беше наменета за Презентација на извештајот за говор на омраза и модерирана од страна на г-ца Марија Сулејманова – Ромалитико и панелисти/говорници на панел дискусијата беа: г-дин Дениз Селмани – Автор на годишниот извештај, Мухамед Ајваз – Автор на кварталните извештаи, г-ѓа Марија Андреева – Совет на Европа и г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа – народен правобранител.

               

Втората панел дискусија се одвиваваше на тема Антициганизмот во Република Северна Македонија, дискусијата ја водеа панелисти/говорници г-дин Елвис Мемети – советник за инклузија на Роми, г-дин Мустафа Јакупов – Извршен директор на РРОМА, г-ца Марија Сулејманова – Ромалитико, г-дин Исмаил Камбери – комисија за заштита од дискриманција, дискусијата ја  модерираше г-дин Суад Скендери – Ромалитико.

          

На конференцијата се презентираше извештајот за говор на омраза проследен со дискусија на темата антициганизам во Република Северна Македонија. Според извештајот, во кој се анализирани 118 случаеви на говор на омраза кон ромската
заедница значително се има зголемено во текот на Ковид19 пандемијата. Говорот на омраза во интернет сферата е присутен најчесто на социјалната мрежа Facebook, како најчесто користена мрежа. Негативните коментари, навреди и како и поттикнувањето на говор на омраза се присутни и на постови кои одразуваат негативна содржина кон ромската заедница, меѓутоа и на постови кои прикажуваат позитивна содржина.

                    

На Конференцијата се упати апел за регулирање на слабата правна рамка за говор на омраза за која говори и фактот што во нашата држава е донесена само една правосилна одлука за говор на омраза. Исто така, се упати порака дека потребно е институциите да се запознаат со терминот и концептот антициганизам кој претставува специфична форма на
расизам врз Ромите и за прв пат како термин е официјално прифатен и од страна на РСМ во новата Стратегија за Роми во која се предвидени активности преку кои ќе може се работи искоренување на антициганизмот.

Пристапите кон извештајот на македонски јазик тука

Пристапете кон извештајот на англиски јазик тука

Categories
Конкурси Новости

Барање за прибирање на понуди за хотелско сместување

Почитувани,

Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги: Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово со седиште во Кратово ул. Тошо Куковски бб.

1.2. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за хотелско сместување

1.З. Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово го спроведува проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758,и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

  1. Понуда
  • Понуда за одржување на обука за 25 и 26 декември 2021 година за 20 учесници
  • Понудата треба да содржи цена за сместување во еднокреветна соба за вкупно 20 лица
  • Настанот ќе започне со пријавување на учесниците на 25.12.2021 и одјавување на 26.12.2021. За реализација на настанот ќе биде потребно да се обезбедат сите потребни услови согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.
  • Понудата треба да содржи цена и за сала за состаноци, вода за време на обуката и 2 кафе паузи. Локацијата на понудувачот треба да е во близина на Скопје. Понудената цена треба да е во денари.
  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

  1. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса  daniela@rromassn.org  најдоцна до 17.12.2021 година до 16 часот.

Проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Проектот е финансиран од Европската Унија

Categories
Конкурси Новости

Барање за прибирање на понуди за угостителски услуги за одржување обука

Почитувани,

Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1.  Набавувач на услуги: Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово со седиште во Кратово ул. Тошо Куковски бб.

1.2. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за угостителски услуги за одржување обука

1.З. Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово го спроведува проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

  1. Понуда
  • Понуда за одржување на обука за 25 и 26 декември 2021 година за 20 учесници
  • Ручек и вечера за 20 учесници на 25.12.2021 и ручек за 20 учесници на 26.12.
  • Настанот ќе започне со ручек на 25.12.2021 и ќе заврши на 26.12.2021 по ручекот. За реализација на настанот ќе биде потребно да се обезбедат сите потребни услови согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.
  • Понудата треба да содржи цена и еден безалкохолен пијалок за секој еден учесник за секој оброк. Локацијата на понудувачот треба да е во близина на Скопје. Понудената цена треба да е во денари.
  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

  1. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса  daniela@rromassn.org  најдоцна до 17.12.2021 година до 16 часот.

Проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Проектот е финансиран од Европската Унија

Categories
Новости

Одржана младинска размена “Promoting Inclusion and employment through art “организирана во Комуната Догнечеа, Романија

Промовирање на  инклузија и вработување преку уметноста беше младинската размена организирана во Романија, Комуната Догнечеа одржана од 1-ви до 10-ти септември 2021 година. Во проектот имаше учесници од различни делови на Европа.

Целта на програмата беше учење за бегалците и ситуацијата на мигрантите во Европа на неформален начин. Во период од 8 дена учесниците организираа сесии со цел да се постигнат целите на проектот.

                                           

Најзначајна посета во текот на младинската размена е посетата на невладината организација LOGS од Темишвар помагајќи директно на бегалците и барателите на азил. Таму учесниците дознаа за ужасната ситуација на бегалците,како бегале од војните и како бездомништвото е нивната главна борба со оглед на недостиг на финансиска подршка од Владата.

Друг важен аспект на овој проект беше јавниот настан организиран во Културниот дом во Догнечеа.Учесниците на сцената ги поставија тетатарски форумски претстави.Целта на овие претстави беше да се подигне свеста за темата на проектот.Театарската претстава имаше наслов ‘Purple People’  што е метафора за бегалците.Заплетот се вртеше околу вонземјаните кои пристигнуваат во Романија,и населението успеа да ги прифати и да се поврзат со нив. На крајот гледачите од јавноста лично се ангажираа и беа културно едуцирани за некои традиции за некои земјите вклучени во програмата.

Локалните жители поминувајќи време заедно со учесниците ја зголемија културната димензија на овој меѓународен проект.

 

Овој проект е финасиран од Ерасмус + на Европската комисија.

 

 

Categories
Конкурси Новости

Повик за семинар “ Das Amen Godi” – We remember, 10.12.2021 – 17.12.2021, Berlin- Germany

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за семинар “ Das Amen Godi” – We remember, кој ќе се одржи од 10.12.2021 – 17.12.2021, во Берлин, Германија.

На семинарот ќе учествуваат 30 лица од 7 европски земји (Германија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија и Италија).

Семинарот има за цел да развие сеопфатен пристап по прашањето на Сеќавање на геноцидот и едукација на маргинализираните млади, нивно ефективно вклучување и учество во локални, национални и меѓународни програми, за зајакнување на соработката и односите меѓу ромските и неромските млади и младински организации со цел зајакнување на концептуално разбирање за меѓукултурен дијалог, вклучување на младите, зајакнување и мобилизација, како и активно граѓанство и да се воспостави систем за поддршка за зајакнување на младите Роми капацитети и развој на нови проекти во рамките на новата програма Еразмус плус.

Проектот покрај подигање на свеста за геноцидот на Ромите за време на Втората светска војна преку креативни методи, има за цел зајакнување на меѓукултурниот дијалог меѓу ромските и неромските млади, како и поддршка на долгорочна соработка и размена меѓу ромските и неромските младински организации.  Преку овој семинар сакаме да се подигне самосвеста и самодовербата на младите, да им даде капацитет да се изразат и да ги поттикнат да се вклучат во општеството и да го слушнат нивниот глас.

Целта е да се промовира позитивна слика за Ромите како активни граѓани и е посветен на зајакнување на довербата, меѓусебно почитување и заеднички ангажман на младите Роми и не-Роми. преку овој семинар не само што ќе се зголеми знаењето и чувствителноста на младите Европејци за темите Човекови права, Ромски Геноцид и антициганизам, но зголемената свест кај младите Роми и нероми може зајакнување на свеста на учесниците за нивната улога и одговорност во рамките на нивните
заедниците, општеството и во Европа воопшто.

Семинарот е поддржан од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (лидерот може да биде над 25 години)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Вакцинирани со : BioNTech (Pfizer), Spikevax® from Moderna, Vaxzevria® from AstraZeneca and COVID-19 Vaccine Janssen® from Johnson&Johnson.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 Ноември  2021 година (понеделник), најдоцна до 18:00 часот!

Categories
Новости

Оддржана обука за истражување во рамки на проектот Loose ends

Во рамки на проектот „Loose Ends“ кој што е стратешко партнерство, финансирано од програмата Еразмус+ на Европската Унија и меѓународна соработка на три граѓански организации (EgyütthatóEgyesület – Унгарија, NevoParudimos – Романија и РРОМА – Кратово) беше реализирана дводневна обука за 5 истражувачи, реализирана на  16 и 17-ти Септември на зум платформата.

Истражувачите работеа на терен и имаа за задача да соберат и анализираат податоци од една специфична тема од областа на образованието на Ромските деца во специјалните училишта, како и зошто Ромските деца и нивните семејства завршуваат сегрегирани во ваквите институции. Како се одлучува и оценува Ромските деца да се запишат во специјалните училишта, каква е позадината, какви се реакциите на Ромските семејства кон ова итн.

Целна група беа лица кои веќе биле опфатени во овој процес, деца и семејства кои се или биле дел од специјално образование. Со истражувањето опфативме 25 лица. Времетраењето на едно интервју беше од 60 до 90 минути (deep interviews), истите беа снимени, на секое интервју е направена транскрипција на македонски јазик, анализа на англиски јазик и кодинг на англиски јазик.

Потребните задачи се извршуваа во период од еден (1) месец започнувајќи од 20-ти септември 2021, завршувајќи на 20-ти октовмри 2021 година.

   

 

Categories
Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА “Street art in Hungary “

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “” Street art in Hungary”, која ќе се одржи од 25 Октомври до 3 Ноември 2021 година, во близина на Будимпешта, Унгарија.

На младинската размена ќе учествуваат 38 лица од 4 земји (Романија, Северна Македонија, Унгарија, Полска) и ќе трае 11 дена. Младинската размена ќе ги опфати темите за социјален активизам, вклучување на урбаните млади во активно учество, активно граѓанство, улична уметност како средства за трансформирање на социјалните прашања.

Младите ќе ја имаат можноста на ѕидови од после училишни згради како и ѕидови озвозможени за прскајне со спреј од локалната власт, да ја покажат својата уметност. Уметничките дела ќе бидат создадени и испланирани од младите, преку процес на кој му претходи серија работилници насочени кон саморазвој, самоспознавање, активно граѓанство, активизам и технички подготовки. Уметничките дела ќе бидат центрирани околу проблемите на локалното општество како што гледаат младите.

Младинската размена има за цел да придонесе за способноста на учесниците поефикасно да ја препознаат и да се борат против дискриминацијата и да ги изразат своите мисли и идеи на креативен начин, наместо да бидат пасивни или агресивни. Проектот има намера да истакне елементи на активен граѓанин во локален контекст, особено фокусирајќи се на обесправените и маргинализираните заедници.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години (лидерот може да биде над 25 години)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • Вакцинирани

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  10 Октомври 2021 година (недела), најдоцна до 18:00 часот!

 

Categories
Новости

„Академија за учење“- Варна (Бугарија) оддржана од 8 до 12 септември

Од 8 до 12 септември, партнерите во проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нови типови пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ кој се одржа во Варна (Бугарија) за „Академија за учење“ за размена и учење нови вештини и знаење за теми што учесниците ги идентификуваа за подобрување на нивната работа на локално ниво.

Откако учесниците се запознаа со програмата на Академијата, Зузана Хавирова од Центарот за застапување и истражување на Ромите (РАРЦ) од Словачка оддржа работилница „како да управуваш и да станеш добар менаџер на работа“. После ова, групата имаше шанса да дознае повеќе за собирање средства од нашиот надворешен експерт Билјана Лалиќ, менаџер за развој на средства на Европската зелена партија. Главните цели на работилниците беа да се изгради организациско знаење и капацитет за управување со членовите на мрежата ЕРГО, како и да научат подобро да ги диверзифицираат изворите на приход за нивните организации и на крајот да ја зголемат нивната финансиска издржливост.

Вториот ден го отвори директорката на ЕРГО Габриела Храбанова со работилница „Лидерска визија“, која имаше за цел да ги охрабри учесниците да размислуваат за тоа како да се биде харизматичен лидер со цел да се привлече и да се добие доверба од персоналот и заедницата. Вториот дел од денот беше посветен на „организирање заедница“ преку работилница оддржана од Марина Тота од Организациската мрежа на Европската заедница, со цел да се развие капацитетот на учесниците да ги вклучат заедниците во кампања за имплементација на политиките за вклучување на Ромите на локално ниво. На крајот од работилницата учесниците можеа да планираат и организираат кампања на локално ниво, да ги идентификуваат и поврзат лидерите и да организираат и да применуваат организирање на заедницата во нивните локални проекти.

Последениот ден започна со работилница на тема „Олеснување на видот“, каде што тимот од 500 маркери ги научија учесниците како да користат графички знаци при олеснување на состаноците. Учесниците научија како да користат цртежи и зборови за да направат визуелни презентации и да земат визуелни белешки што ќе им помогнат да ја натераат нивната целна група за застапување да ги запомни нивните предлози. Што се однесува до вежбите на работилницата за визуелно олеснување, учесниците го визуелизираа нивното разбирање за дискриминација и социјална исклученост, што ќе им овозможи подобро да го претстават концептот на антициганизам во јавноста. Академијата за учење беше одлична можност да ги собереме за прв пат партнерите од проектот „Нови решенија за старите проблеми“ лице в лице заедно по 18 месеци онлајн состаноци и да го подигнеме духот во мрежата за да ги имплементираме следните чекори во проектите и кои навистина наоѓаат нови решенија за старите проблеми.

 

„ Нови решенија за старите проблеми-размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ е финасиран од Исланд,Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка.

 

 

The Academy is funded by the European Commission through the EaSI programme of DG EMPL and is part of the project New Solutions To Old Problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration”, funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.