Categories
Конкурси Новости

Активни повици за младински размени

Летото е за дружба, интеркултурно учење и забава … придружи се на некои од младинските размени на РРОМА и дружи се со младите луѓе од различните европски држави, научи нови работи преку неформално образование и забавувај се со твоите нови пријатели/ки во некоја европска земја!

Во моментов се активни следните младински размени:

– Младинската размена “Active citizen & volunteer” https://goo.gl/KkY6rU. Учесниците од Македонија, Романија, Унгарија и Италија ќе учат заеднички во интеркултурна средина за концептите на активно граѓанство и волонтерство и ќе имаат можност низ активности од сферата на неформалното образование да научат за оксфорд дебата, форум театар, играње улоги, и да ги подобрат своите презентациски вештини.
Краен рок за аплицирање 16 јули 2018!

– Младинската размена “Terne thaj bukjarne – Young and hardworking” https://goo.gl/CqKMBN. На оваа младинска размена, учесниците ќе имаат можност да се дружат со млади од Македонија, Германија, Романија, Франција, Турција, Унгарија, Италија и Бугарија. И да дознаат како да направат свое CV, да напишат мотивационо писмо, како да се однесуваат при интервјуирањето за работа итн.
Краен рок за аплицирање 6 јули 2018!

– Младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure” https://goo.gl/ks9EW9 на која што ќе учествуваат млади од Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Шпанија. Единствена можност за учество во работилници за дигитално раскажување на приказна – театар, пишување на сценарио – режија, видео продукција и едитирање се со цел да се промовираат човековите права и правата на малцинствата.
Краен рок за аплицирање 9 јули 2018 година!

– Младинската размена “Colours”https://goo.gl/BzwfbP на која што учествуваат млади од Македонија, Романија, Унгарија, Полска, Грција, Шпанија, Белгија и Франција. Можност да учење за тоа што претставува сексуален идентитет, пол, припадност, како и што значи хомофобија, трансфобија и како можат да се адресираат истите преку рамката за човекови права.
Краен рок за аплцирање 20 август 2018 година!

Ве очекуваме!!!

Categories
Новости

РРОМА учествуваше на 6-тиот балкански младински социјалдемократски камп

Во периодот од 20 до 24 Јуни, РРОМА како полноправна членка на НМСМ преку свој претставник учествуваше на шестиот балканскииот младински социјалдемократски камп кој се оддржа во Драч, Албанија на тема „Социјалдемократските Перспективи: Младите социјалдемократи во југоисточна Европа“.

Во рамките на овој камп учество зедоа 60 претставници од подмладоците на социјалдемократските партии, како и претставници од граѓанскиот сектор на Балканот. Организацијата на овој камп беше реализирана од страна на Friedrich Ebert Foundation. На самиот почеток од кампот учесниците ги претставуваа државите од кои доаѓаат при што дискутираа за перспективите на своите земји. Потоа следуваа предавања за социјалдемократијата каде учесниците разменуваа искуства од своите држави поврзани со начинот на имплементација на социјалдемократските вредности во општеството и во политиката.

Една од главните теми за кои се дискутираше беше инволвираноста на младите социјалдемократи во функционирањето на општините во кои живеат. Потоа се разгледуваа програмите кои ЕУ ги нуди за младите со посебен акцент кон РИКО – Регионална канцеларија за младинска соработка. Western Balkans and EU integration process е една од неколкуте теми кои кај учесниците на овој летен камп предизивика голема заинтересираност поради фактот на моменталната политичка ситуација и поставеноста на ЕУ апсирациите на државите од Западен балкан.

Македонија како земја аспирант за влез во НАТО и ЕУ, како и поради последните случувања во делот на грчко – македонските односи беше една од поважните теми за дискусии. Младите едногласни дека Македонија после низа случувања и политички превирања заслужува да се најде во НАТО и ЕУ членството.

Младинската невработеност разви плодна дискусија со што учесниците имаа можност меѓусебно да споделат искуства со што генералниот заклучок беше дека сепак во земјите од Западен балкан преовладува голема невработеност. Покрај активностите предвидени во агендата, младите социјалдемократи од југоисточна Европа во своето слободно време разменуваа искуства од своите ангажмани во своите држави, споделуваа различни размислувања и аргументи со што докажаа дека сепак како млади социјалдемократи, покрај политичките билатерални проблеми на нивните држави истите имаат многу повеќе заеднички работи кои ги сплотуваат.

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена COLOURS

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Colours”, која што ќе се оддржи од 30 август до 8 септември 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е да ги скрши стереотипите и предрасудите пред се спрема LGBTQI+ заедниците во Европа, промовирајќи култура на меѓусебно прифаќање и инклузија на различностите.

32 млади од 8 европски држави (Македонија, Романија, Унгарија, Полска, Грција, Шпанија, Белгија и Франција) ќе имаат можност да се дружат и учат за тоа што претставува сексуален идентитет, пол, припадност, како и што значи тоа хомофобија, трансфобија и како можат да се адресираат истите преку рамката за човекови права. Сите активности во рамките на проектот вклучуваат алатки од областа на неформалното образование.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 30 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20 август 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure” која што ќе се оддржи од 25 јули до 5 август 2018 во Солун, Грција. Учесниците ќе престојуваат во Хотелот http://www.philippion.gr/.

Целта на младинската размена е учесниците да се запознаат со концептите на идентитет, човекови права, правата на малцинствата, а во исто време да ја запознаат Ромската заедница и култура и да ги кршат постоечките стереотипи.

Учесниците ќе имаат единствена можност да учествуваат во работилници за дигитално раскажување на приказна – театар, пишување на сценарио – режија, видео продукција и едитирање се со цел да се промовираат човековите права и правата на малцинствата.

Исто така, на крајот од младинската размена ќе ги прикажуваат своите кратки филмови на локалната заедница во Солун.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На проектот учествуваат 42 млади од 6 европски држави (Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Шпанија), кои што ќе престојуваат и работат во Солун од 25 јули до 6 август 2018 година (6 август е ден за заминување на учесниците).

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и Не-Роми од 18 до 25 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 9 јули 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

Годишно собрание РРОМА

На 20 јуни 2018 година, РРОМА го оддржа редовното годишно собрание во просториите на Хотел Кратис во Кратово.

Пред присутните беа презентирани наративниот извештај за работа во 2017 година, финансискиот извештај/завршна сметка за 2017 година и програмата за работа 2018/19 година.

Исто така, годинава здружението ќе креира нова стратегија за наредните 5 години.

На крајот од состанокот беа усвоени наративниот извештај за 2017, завршната сметка за 2017 и програмата за работа во 2018/19 година.

Наративен извештај 2017

Финансиски извештај 2017

Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА ВТОРАТА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ “TERNE THAJ BUKJARNE – YOUNG AND HARDWORKING”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за втората младинска размена „Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, која што ќе се оддржи  од 13 до 21 јули 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Темите кои што се опфаќаат се: младинското вработување и кариерното советување на младите, како важни фактори  за осамостојување и зајакнување на младите. Кариерното насочување и изборот на образование е важен дел од животот на младиот човек. Токму за таа цел младинската размена им помога на младите Роми и не-Роми полесно да се вклучат во општеството и бидат активни граѓани. Но, исто така да научат како се гради кариера и како да се справат со процесите на барање на работа и вработување.

На оваа младинска размена, учесниците ќе имаат можност да се дружат со млади од Македонија, Германија, Романија, Франција, Турција, Унгарија, Италија и Бугарија. И да дознаат како да направат свое CV, да напишат мотивационо писмо, како да се однесуваат при интервјуирањето за работа итн.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и Не-Роми од 22 до 30 години (можни се исклучоци за оние кои што се над 18 години)
  • младински работници, волонтери, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 6 јули 2018 година (петок), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

Заврши младинската размена “RoMANY – Remembrance, Action, Youth!”

Од 9 до 15 јуни 2018 година во хотел Кратис, Кратово се оддржа младинската размена „ROMANY – Remembrance, Action, Youth!“. На размената учествуваа 21 млади од Македонија, Литванија, Романија и Германија кои што на креативен начин дознаа за културата на Ромите и случувањата за време на Втората светска војна.

Младинската размена беше поддржана од Еразмус плус програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Преку употребата на методи од сферата на неформалното образование, учесниците има можност да дознаат информации за Ромскиот геноцид, културата и идентитетот на Ромите. Исто така, учесниците го посетија музејот на Еврејскиот холокауст во Скопје.

Како резултат на добиените информации, учесниците креираа свои продукти во вид на поезија (https://goo.gl/5mXeFG), импро-театар и презентации.

                                         

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Active citizen & volunteer”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Active citizen & volunteer”, која што ќе се оддржи  од 24 јули до 3 август 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е на учесниците да им овозможи да го разберат концептот на активен граѓанин и да учествуваат активно во процесите на носење одлуки кои ги засегаат на локално ниво.

Учесниците од Македонија, Романија, Унгарија и Италија ќе учат заеднички во интеркултурна средина за концептите на активно граѓанство и волонтерство и ќе имаат можност низ активности од сферата на неформалното образование да научат за оксфорд дебата, форум театар, играње улоги, и да ги подобрат своите презентациски вештини.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 24 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 16 јули 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Come to know us!”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Come to know us!” која што се оддржува во Решица (Resita), Романија од 01.07 до 12.07.2018 година.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата. Целта на размената е да се научат визуелни методи, како на пример изработка на графити во борба против стероетипите и предрасудите.

50 Учесници ќе имаат уникатна можност да работат во мултикултурна атмосфера заедно со останатите учесници од Романија, Македонија, Грција, Литванија и Италија, научат повеќе за културите на тие земји, да учат за Ромската култура и традиција и заеднички преку употребата на неформално образование научат корисни методи за адресирање на дискриминацијата и борбата против предрасудите и стереотипите!

Младинската размена се оддржува од 1 до 12 јули 2018 година, каде што 30 јуни и 13 јули се денови предвидени за патување, односно пристигнување и заминување од Романија.

На повикот можат да се пријават:

  • млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години, средношколци, студенти …
  • младински работници, волонтери, уметници…
  • работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • дел од размената вклучува учење на визуелни артистички методи и интеркултурно учење
  • посета на урбани и рурални средини и разговори со младите од тие места

Трошоците поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 25 јуни 2018 година, 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

16 мај – денот на Ромскиот отпор!

“… Нацистите имаа намера да ги истребаат Ромите целосно до мај 1944. На 15 мај, СС раководителот на „Циганскиот“ камп Георг Бонигут им наредува на затворениците да останат во своите бараки. Наредниот ден, 50 до 60 СС војници го опколија кампот. Тие се обидуваа да ги истераат затворениците надвор од своите бараки, но не успеваа во тоа.
На 16 мај 1944, мажи, жени и деца од таканаречниот Цигански камп во Аушвиц-Биркенау, претходно предупредени од припадниците на отпорот во кампот, се организираа да дадат отпор кон СС војниците кои дојдоа истата вечер да ги водат кон гасните комори. Плашејќи се за непотребни загуби, бидејќи дел од затворениците беа поранешни припадници на германската војска и од тоа отпорот да не се прошири во останатите делови од кампот, СС војниците се повлекоа.
Но, следеа нечовечки мерки кон таквиот отпор. На затворениците од „Циганскиот“ камп им беше укината и таа мала порција на храна кои што ја добиваа дневно …
На 23 мај, СС војниците се вратија и преку 1500 Роми од Биркенау беа носени кон Аушвиц од каде што беа испратени за Бухенвалд. Два дена подоцна, 82 Роми беа испратени во кампот Флосенбург и 144 Ромски жени во Равенсбрук. Останаа помалку од 3000 луѓе во таканаречениот „камп на циганските фамилии“, повеќето жени, деца и изнемоштени стари лица. Нивното убиство се случи ноќта помеѓу 2 и 3 август 1944 година, и покрај отпорот што го дадоа, 2897* Роми беа натоварени на камионите и однесени во гасната комора број V, каде што беа убиени,а нивните тела спалени…“
*Новите истражувања на Аушвиц музејот, кои што се објавени во „Мемориа“ списанието на музејот покажуваат дека таа бројка може да биде поголема и изнесува околу 4200 до 4300 убиени Роми.
Да учествуваме во сеќавањето на овој важен датум и да не го заборавиме! Можете да се вклучите во он-лајн акцијата со тоа што ќе ја смените вашата профилна слика, симнувајќи профилна/ковер-слика од албумот на РРОМА и да ставите хаш-таг #RomaniResistance #16may #OpreRoma #dignity итн.