Categories
Конкурси Новости

Повик за учесници на младинската размена “Здравиот начин на живеење во Ромското секојдневие”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на младинската размена која што е дел од проектот “Здравиот начин на живеење во Ромското секојдневие” во соработка со DPMR (Drustvo za podporo mladim Romom) од Марибор, Словенија. Проектот е поддржан од Еразмус плус програмата.

 

Проектот се состои од две младински размени (во Македонија и Словенија), на кои што 24 млади Роми и не-Роми од Македонија и Словенија ќе имаат можност да разменуваат свои искуства и знаења, како и да добијат информации поврзани со секојдневието на младите Роми во двете држави, со акцент за можностите за водење на здрав живот и развој на психо-физичките способности. Истовремено, преку младинските размени да ги акцентираат следните нешта:

  • предизвиците на градење пријателства помеѓу различните етникуми кои што живеат во едно општество;
  • предизвиците на социјално исклучување на младите Роми, кои најчесто се базираат на културните разлики, економските и образовните бариери;
  • развојот на Ромските младински организации во Словенија и Македонија;
  • младинската работа и соработка со акцент на интеркултурата помеѓу младите Роми и останатите млади на мнозинските заедници;
  • подигањето на компетенциите на младите преку не-формално образование;
  • предизвиците на соочување со табу-темите помеѓу младите (Роми).

Првата младинска размена се оддржува од 21 до 30 август 2019 година во хотел Илинден во Струмица (http://hotelilinden.com.mk).

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 29 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери, лидери/ки …
  • Основно познавање на англиски јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 01 август 2019 година (четврток), до крајот на денот (23:59)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

 

Categories
Новости

Заврши младинската размена “United we stand, divided we fall!”

Во период од 14 до 22 јуни 2019 година, во Поронин (Полска) се оддржа младинската размена насловена “United we stand, divided we fall!”. Младинската размена беше организирана од страна на организацијата Stowarzyszenie Ryza од Краков во партнерство со РРОМА (МКД), Nograd Megyei Cigany Kisebbsegi (Унгарија), Kepviselok és Szoszolok Szovetsege (Унгарија) и Gymnázium Andreja Vrábla Levice (Словачка), а поддржана од Еразмус плус програмата.

Проектот го поддржува процесот на развивање на отворено и толерантно општество, ослободено од стегите на дискриминацијата и предрасудите, пред се на расна и верска основа. Младинската размена во рамките на проектот послужи за промоција на основните европски вредности и принципи, каде што група од  40 млади од 4 европски држави реагираат против дискриминацијата, недостатокот на толеранција,  и против расизам и ксенофобија.

Младите имаа можност да ги прошираат своите видици и хоризонти, да стекнат пошироко познавање и перспектива за засегнатите прашања и активно да учестуваат во креирањето на продуктите на младинската размена (музика, филм, публикација и работилници).

 

Соработката со Stowarzyszenie Ryza ќе продолжи и во наредниот период.

Categories
Конкурси Новости

Избор на “Најпријателски Ромски градоначалник” 2019

Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:

К О Н К У Р С

за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“ од Република Северна Македонија

Краен рок за поднесување на апликации:

6 септември 2019 година, 23:59 часот локално време

Концепт

Изборот за „најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите. Фокусирајќи се на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница, изборот може да помогне гласот на Ромската заедница да биде слушнат! Изборот се организира во земјите на западен Балкан и Турција. Покрај тоа, преку критериумите за избор, градоначалниците ќе треба да ја нагласат филозофијата на проектот, односно да го докажат зајакнувањето, мобилизацијата и еднаквиот дијалог помеѓу локалните власти и Ромските заедници, кои што се случиле во текот на 2018 година до септември 2019 година.

Награда

Најдобрите градоначалници, победници од земјите-учеснички од западен Балкан и Турција ќе бидат дел од специјален настан во Брисел кој што ќе се оддржи во октомври 2019, каде што ќе се сретнат со високи претставници на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR).

Трошоците се покриени од страна на организаторите на изборот во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Критериуми за учество

На повикот можат да учествуваат сите градоначалници од Република Северна Македонија. За учество е потребно:

– да ја потполните апликацијата (апликација за избор)

– да доставите исечоци, слики, извештаи, одлуки, документи кои што ги поткрепуваат дадените одговори во апликацијата

– да имате оцена, евалуација или фидбек од страна на Ромската заедница кој што се однесува на вашата работа во вашата општина

*по завршување на рокот за аплицирање, организаторите и претставниците на комисијата за избор го задржуваат правото да ги посетат градоначалниците.

Рок за аплицирање

Краениот рок за испраќање на апликациите и документите за поткрепа е 06 септември 2019 година до 23:59 часот, локално време. Документите можат да се испраќаат по пошта на:

Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Тошо Куковски бб

П.фах 32

1360 Кратово

или на е-маил: info@rromassn.org со дознака „MRFM 2019“

Објавување на резултатите

Независната комисија за избор ќе ги соопшти резултатите за избор кон средината на септември 2019.

За прашања околу изборот можете да пишете на е-маилот: info@rromassn.org.

Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Проектот е финансиран од Европската Унија

Categories
Новости

Рокот истекува на 15-ти февруари! Пријавете ја својата хероина, сега!

Рокот за пријавување на овогодинешната награда за Ромска интеграција истекува наскоро. ЕУ награда за Ромска интеграција 2019 има за цел да ги препознае и охрабри напорите на жените-Ромки кои што доаѓаат од основното ниво, односно локалните Ромски заедници. Наградата е финансиски поддржана од Европската Унија, а имплементирана од Roma Active Albania.

За потребите на промоција и видливост беа организирани и сеуште се во тек информативни средби со цел да се запознаат заинтересираните кандидатки со процесите на аплицирање и номинирање. Првичните информативни средби беа организирани од страна на РРОМА во соработка со членките на коалицијата “Khetane” и се оддржаа во Шуто Оризари, Топаана, Штип, Центар и Куманово.

За помош и детални информации поврзани наградата можете да се обратете кај организациите-членки на коалицијата “Khetane” или да ја посетите ФБ страната:

https://www.facebook.com/EuAwardforRomaIntegration/

   

  

На изборот може да се пријават жени-Ромки од западен Балкан и Турција, по пат на директно аплицирање или номинација. Ќе се доделуваат вкупно 14 награди, односно по 2 во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Косово и Турција.

Фондот за награди изнесува:

  • 7500 евра за прво место
  • 4500 евра за втора место
  • патување и 3-дневна студиска посета на европските институции во Брисел
  • доделување на наградата во Брисел за време на Ромската недела 18-21 март 2019 година

Аплицирањето се врши исклучиво на англиски јазик!

Краениот рок за аплицирање е 15 февруари 2019 година, 23:59 часот со испраќање на:

За апликации на Application_EU_Award_2019@raa.al со предмет: иницијалите на апликантката и земјата на потеклото.

За номинации на Nomination_EU_Award_2019@raa.al со предмет: акроним на номинаторот, иницијалите на номинираната личност и земјата на потеклото.

Апликациите и номинациите можат да се испратат во предвидениот рок и по редовна пошта, заедно со документацијата за поддршка на адресата:

Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Tirana, Albania

Деталните информации можат да се проверат на дадените линкови подолу:

Правила на наградата

Формулари за симнување:

Формулар за апликација

Формулар за номинација

Изјава на чест

 

Categories
Конкурси Новости

Повик за учество на семинарот за застапување за млади Роми во Брисел 2019

РРОМА заедно со своите партнери бара учесници од Македонија за семинарот за застапување, кој што се оддржува од 16 до 22 март 2019 година во Брисел.

Учесниците ќе имаат можност да бидат дел од активностите на Ромската недела во Брисел, која што се оддржува од 18 до 21 март 2019 година во Европскиот парламент.

Семинарот им овозможува на младите учесници да развијат разбирање за функционирањето на различните структури и работни механизми во рамките на ЕУ институциите, да добијат информации за ЕУ политиките кои што ги таргетираат Ромите и да креираат свои стратегии за застапнување и кампањи за подигање на свеста за Антициганизмот на европско ниво.

Профил на учесници:

  • млади Роми и не-Роми, младински лидери, активисти, волонтери
  • на возраст од 18 до 30 години
  • да го користат англискиот како работен јазик

Повеќе информации за профилот на учесници и повикот има на линкот.

Датуми на активноста:

  • Пристигнување: 16 март 2019
  • Активности: 17-21 март 2019
  • Заминување: 22 март 2019

Локација:

  • Семинарот се организира во Брисел. Детални информации ќе следат по селекцијата на учесници.

Патување и трошоци:

  • Учесниците ќе треба да си го организираат патувањето до Брисел по добивањето на потврдата за учество. Организаторите ќе рефундираат патни трошоци во износ до 200 евра. Повеќе информации поврзани со патните трошоци има на линкот даден погоре.

Аплицирање:

  • Учесниците аплицираат со потполнување на апликацијата: https://goo.gl/NK7n8G
  • Краен рок за аплицирање е 20 февруари 2019, до крајот на денот!

Семинарот е поддржан од Еразмус плус програмата.

Categories
Новости

Конференција во Темишвар за одбележување на меѓународниот ден на Холокаустот

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација заедно со партнер-организацијата Нево Парудимос од Романија од 26 до 29 јануари 2019 година во Темишвар организараше конференција за одбележување на меѓународниот ден на Холокаустот во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија.

Конференцијата насловена “75 години сеќавање” се оддржа во соработка со универзитетот од Темишвар и еврејската заедница на градот. Истата имаше за цел да зборува за Ромскиот геноцид кој што се случи за време на Втората светска војна, со посебен акцент на Романија и Балканот, и да гради заедништво и солидарност при одбележувањето на овој важен ден.

На конференцијата учество зедоа експерти од Германија, Србија, Грција, Македонија, Романија, Албанија, Бугарија, Унгарија и останати европски земји.

Експертот, господинот професор Христо Ќучуков зборуваше за идеологијата на тогашната нацистичка Германија и како истата успеа да убие милиони луѓе низ Европа и светот. Тој сподели своја лична приказна од животот на неговите дедо и баба, кои што го преживеале тој ужас.

Господинот професор Милован Писари зборуваше за ужасите на геноцидот врз Ромите во Србија и на кој начин истиот бил спроведуан.

По излагањата на професорите следеа презентации од страна на преставниците на граѓанскиот секто кои во своите излагања дадоа акцент на сеќавањето како важен дел од европската историја и овозможувањето на Ромите да ги уживаат своите права како рамноправни граѓани во општеството.

Учесниците на конференцијата зедоа учество во заеднички комеморативен настан во Синагогата во Темишвар организиран со еврејската заедница на градот.

Следниот ден во просториите на Универзитетот, дел од тимот кои што го раководи проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!” организираа и водеа работилници со студенти по историја и учесници од средните училишта на градот. При тоа, учесниците имаа можност да бидат дел од една работилница со генерални податоци и факти за Ромскиот геноцид и една работилница која што се фокусираше на специфична европска земја и геноцидот на Ромите во таа земја за време на Втората светска војна.

Вакви работилници ќе следат во сите партнерски земји кои што се дел од проектот. Следниот настан во рамките на проектот ќе биде организиран во Берлин во вид на обука на експерти и млади истражувачи на темата. За подетални информации и вести од настанот може да се потсети страната.

Categories
Uncategorized

Заврши проектот “LET IT BE 2 – SHARED WISDOM”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово учествуваше на проектот “Let it be 2 – shared wisdom” и на обуката која што се оддржа од 3 до 13 септември 2018 година во Ромхани, близу Будимпешта (Унгарија). На обуката учествуваа 23 учесници од 10 европски земји (Македонија, Унгарија, Бугарија, Чешка, Романија, Полска, Германија, Грција, Холандија и Италија).

Целта на проектот беше да го зголеми квалитетот на младинската работа преку развој на капацитетите на активните обучувачи, фасилитатори, ментори активни во полето на работа со млади.

Исто така, проектот се фокусираше на воведувањето и обезбедување на практиката на методот: супервизија на врснички групи.

Хоризонталната цел на проектот беше да се подигне свеста на професионалците активни во полето на неформалното образование за вклучување на активности за само-рефлексија и самоспознавање постојано (или барем одвреме-навреме) со цел пристапување до своите собрани искуства како младински работници.

Обуката беше поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

Резултатите и краениот продукт се достапни на следниот линк:

Let it be 2 – shared wisdom: Peer supervision cases