Categories
Новости

Генерално собрание на РРОМА 2016

На 28-ми март 2016 година во просториите на РЦОР-Кратово се оддржа генерално собрание на РРОМА. На овој состанок се разгледуваа годишните извештаи за работа од 2015-та, како и новата програма за работа во 2016-та година.
Присутни беа членови на РРОМА, Јасмина Давитковска од РЦОР-Кратово, Сунчица Тодосовска-сметководителка на РРОМА, Ервин Асановски, оправдано отсутни беа Димитриј Мијаловски од Токсик Комикс, Борјанчо Мицевски-РЦОР.
Бидејќи мандатите на претходното раководство и структури беа истечени, се гласаше за ново раководство. Се избираше нов претседател, нов одбор и претседател на одборот. Првиот мандат на стариот претседател Мустафа Јакупов истече кон почетокот на 2016-та година, како и на членовите на претходниот одбор.
Присутните членови на генералното собрание на РРОМА предложија реизбор на стариот претседател за уште еден мандат. Вториот мандат, а воедно и последен на претседателот Мустафа Јакупов ќе трае до 2020 година.
За членови на одборот на РРОМА беа предложени и изгласани:
1. Сунаи Сабриоски-РРОМА
2. Урмета Арифовска-РРОМА
3. Димитриј Мијаловски-Токсик Комикс
4. Ервин Асановски-надворешен член
5. Јасмина Давитковска-РЦОР

За претседател на одборот, и заменик-претседател на организацијата беше изгласан Ервин Асановски.

Исто така, како нови членови на собрание беа изгласани:

1. Макфира Демировска
2. Асан Мустафов

На состанокот беа усвоени наративниот извештај за 2015-та, завршната сметка за 2015-та и годишната програма за 2016-та.

Categories
Новости

Оддржани работилници на тема „Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна“

По завршувањето на проектот на РРОМА со наслов „Under the same sun-Telo jek Kham!“ следеа работилници, кои што беа организирани од страна на самите учесници на проектот.
Предавачите на работилниците проследија информации до учесниците на темата „Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна“, изработувајќи своја презентација и употребувајќи методи и алатки од учебникот на Советот на Европа „Right to Remember- A Handbook for Education with Young People on the Roma Genocide“. Беа обезбедени 38 копии од учебникот за учесниците на проектот на РРОМА, во соработка со Европскиот Младински Центар од Стразбург и Одделот за млади при Советот на Европа.
Дел од работилниците се организираа во Скопје, Прилеп и Виница, во соработка со тамошните институции, како што се СОУ Ванче Прке-Виница, Дом Тризла-Прилеп и други.
Присутните на работилниците имаа можност да добијат информации за тоа што претставува Ромскиот геноцид, каква била ситуацијата со Ромите пред, за и по завршувањето на Втората светска војна, што означува 2-ри август во Ромската историја, зошто е важно да знаеме за 16-ти мај 1944 итн.
Categories
Новости

Младинска размена “Herdelezi stories 2016”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „Herdelezi stories 2016“ која што се оддржува од 30-ти април до 10-ти мај 2016 година во Берлин, Германија.

Оваа билатерална младинска размена им дава можност на 16 млади Роми и не-Роми од Македонија и Германија да работат креативно на создавање на уметнички перформанс за време на традиционалниот Херделези фестивал кој што се оддржува секоја година во Нојкелн, Берлин.

Самите млади учесници се во центарот на случувањата, вклучувајќи се со нивните идеи, предлози, интерес и вештини. Младинската размена настојува да ја разбуди  нивната креативност и самодоверба, да им даде алатки за изразување и можност нивниот глас да се слушне за време на фестивалот!Работилниците ќе се оддржуваат на различни локации во Нојкелн, Берлин.

Профил на учесници:
– Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 18 до 25 години;
– да имаат желба за работа на уметнички перформанс;
– да имаат желба да споделуваат знаење и научат повеќе за Ромската култура;
– да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
– Работен јазик е англиски, но ќе се употребуваат Ромски јазик, како и останати ех-ју јазици!

Сместување и патни трошоци:
– Учесниците ќе бидат сместени во младински хостел во Берлин, со бањи и тоалети на спрат;
– Патувањето ќе биде пресметано по WizzAir basic тарифата и покриено од страна на организаторите;
– Храна и освежување се покриени од страна на организаторите.
– Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!

За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 20-ти март, 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Место на оддржување:
Берлин од 30-ти април до 10-ти мај 2016 година!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!