Categories
Новости

Заврши Dik He Na Bister 2017

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово учествуваше со претставници од Македонија на настанот за оддбележување на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна. Настанот се оддржа од 29 јули до 4 август во Краков, Полска.

Настанот се организира од 2010 година од страна на интернационалната Ромска младинска мрежа ternYpe (http://ternype.eu/) како иницијатива за сеќавање на Ромскиот геноцид, односно 2 август (http://2august.eu/). Низ годините, настанот успеа да прерасне во традиционално младинско одбележување и сеќавање на Ромскиот геноцид, каде што секоја година млади од 10 земји во просек учестуваат во работилници и едукативни настани во Краков и посети на музејот Аушвиц и комеморацијата во Аушвиц-Биркенау.
Учесниците на комеморацијата со фасилитаторите Срѓан Амет и Сибел Ли и претставникот на младинскиот оддел на Советот на Европа Денис Дурмиш

Едукативната програма за 2017 година се состоеше од 10 работни групи под водство на 2 фасилитатори. Учесниците во работните групи имаа можност да се запознаат и дознаат повеќе за ужасите од страна на нацистите, геноцидот, антициганизмот во модерното време, како и важните датуми 2 август 1944 и 16 мај 1944, но и како да се сеќаваме на 2 август и да превземеме акција во борбата против расизмот.

Еден ден беше посветен за посета на музејот Аушвиц и Аушвиц-Биркенау каде што учесниците низ 7-часовна едукативна тура добија информации за концентрациониот логор и ја посетија изложбата посветена на Ромите во барака бр.13. Исто така, го посетија Аушвиц-Биркенау, односно имаа можност да го видат т.н. Камп на циганските фамилии и да ги посетат остатоците од крематориумот бр.5 каде што ноќта помеѓу 2 и 3 август 1944 година, 2897 Ромски жени, деца и стари лица беа погубени.

Учесниците во посета на музејот Аушвиц
Работните групи имаа рефлексија на местото на убиството на Ромите, Крематориум бр.5

 

Дел од учесниците оставија цвеќиња на плочата пред крематориумот бр.5
На 2 август 2017, учесниците беа дел од комеморацијата на Ромскиот геноцид. Оваа година имаше над 200 млади Роми и не-Роми од околу 15 европски земји. На последниот ден беа презентирани резултатите од работните групи од страна на учесниците. Учесникот Ќани Ибраим, новинар во 24 Вакти изработи репортажа од настанот, која што можете да ја погледнете подолу. За повеќе информации поврзани со настанот, можете да ја посетите ФБ страната: https://www.facebook.com/DikhHeNaBister/
Учесници на комеморацијата за 2 август
Categories
Новости

Повик за младинската размена FATality, Турција 2017

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за младинската размена FATality која што се оддржува од 15 до 23 август 2017 година во Текирдаг, Турција.
Станува збор за младинска размена поддржана од страна на Еразмус плус програмата со учесници од Украина, Бугарија, Романија, Македонија и Турција. Размената го адресира проблемот со физичката активност кај младите и има за цел низ еден креативен процес на изработка на видеа, симулации и физички активности да им пружи на младите учесници еден незаборавен процес на заедничко мултикултурно учење.

Профил на учесници

  • млади Роми и не-Роми од 18 до 30 години ученици и студенти, млади кои што не се во образование, работа или обука (NEET – Not in education, employment or training);
  • предност ќе имаат младите на кои што овој проект ќе им биде прво Еразмус плус искуство;
  • да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
  • да работат во мулти-културна средина, без предрасуди;
  • да комуницираат на англиски, турски или Ромски/македонски јазик!
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Турција!

Трошоци:

  • трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
  • трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!
  • Патувањето на учесниците ќе биде организирано од страна на РРОМА

Пријавување:

Можете да се пријавите како учесник/чка со потполнување на апликацијата дадена подолу. Краениот рок за потполнување на апликацијата е 5 август 2017 година, 18.00 часот!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување и да ги покриете трошоците до договореното место на поаѓање. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!
Categories
Новости

Повик за младинската размена Roma Reporters, Унгарија 2017

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за младинската размена Roma Reporters која што се оддржува од 4 до 13 август 2017 година во Káptalanfüred, во близина на езерото Балатон, Унгарија.
 
Младинската размена е дел од партнерството помеѓу РРОМА од Македонија, Közös Esély Egyesület од Унгарија и Nevo Parudimos од Романија, поддржано од Еразмус плус програмата и локалната власт на Киспест во Капталанфиред. Предвидено е учество да земаат 54 учесници од горенаведените земји.
Оваа 10 дневна младинска размена има за цел да им овозможи на младите учесници да истражуваат за Ромската култура, историја и уметност, со посебен акцент на визуелните уметности. Младинската размена ќе се базира на методологија на не-формално образование, работа во групи, интеркултурно учење, симулации итн. Учесниците ќе се стекнат со вештини од областа на филмот, филмската продукција, како да прават извештаи и интервјуа и ќе работат со младите професионалци на DIKH TV http://www.dikhtv.hu/
Ќе имаме два профила на учесници, каде што во вториот профил ќе се бара лидери/ки на групата.
Профил на учесници
  • млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години ученици и студенти
  • млади кои што не се во образование, работа или обука (NEET – Not in education, employment or training);
  • предност ќе имаат младите на кои што овој проект ќе им биде прво Еразмус плус искуство;
  • да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
  • да работат во мулти-културна средина, без предрасуди;
  • да комуницираат на англиски или Ромски/македонски јазик!
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Унгарија!

Профил на лидер/ка на група

  • млади Роми и не-Роми од 25 до 28 години;
  • да имаат искуство во младинска работа;
  • да и помагаат на групата;
  • да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
  • да работат во мулти-културна средина, без предрасуди;
  • да комуницираат на англиски или Ромски/македонски јазик!
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Унгарија!

Трошоци:

  • трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
  • трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!

Учесниците ќе бидат сместени во бараките на младинскиот камп во близина на езерото Балатон http://kaptalanfured.kispest.hu/
Патувањето на учесниците ќе биде организирано од страна на РРОМА со мини-бус.

Пријавување:
Можете да се пријавите како учесник/чка или лидер/ка на група со потполнување на една од пријавите дадени подолу. Краениот рок за потполнување на апликациите е 14 јули 2017 година, 18.00 часот!
Апликација за учесници
Апликација за лидер/ка


Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување и да ги покриете трошоците до договореното место на поаѓање. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!
Categories
Новости

Заврши втората мобилност во рамките на проектот „Good practices of Roma Youth Empowerment for Active Citizenship“

Од 12 до 18 јуни 2017 година во Берлин, се оддржа втората мобилност во рамките на проектот„Good practices of Roma Youth Empowerment for Active Citizenship“ кој што е поддржан од програмата Еразмус плус на Европската комисија (2016-2-DE04-KA205-014322). Проектот е дел од билатералното стратегиско партнерство помеѓу Амаро Форо од Берлин и РРОМА од Кратово.

Стратегиско партнерство во рамките на Еразмус плус програмата
Младите учесници втората средба ја започнаа со временска линија и дадоа осврт на тоа што се случуваше од март до јуни во нивните животи. А, низ практичните работилници се потсетија на концептите за идентитет и граѓанство, дискриминација, антициганизам и споделуваа свои искуства и мислење.
Временска линија за споделување
Потсетување за Антициганизам
Исто така, учесниците имаа можност да слушнат за застапување, демократија, младинското учество, младинска работа и интеркултурниот дијалог. Последниот ден беа посетени од страна на националната агенција и дознаа повеќе за алатката Youthpass и развивањето на своите компетенции како дел од процесот на учење во рамките на Еразмус плус програмата.
Учесници креираа свои супер-херои кои што добиваа секојдневно нови моќи!
Учесниците беа креативни во своите презентации
Ова билатерално партнерство со Амаро Форо од Берлин има за цел да го зголеми учеството на младите Роми во европските образовни програми и мобилности, како и во неформалното образование. Проектот ќе им овозможи на учесниците да научат, споделат и разменат искуства од областа на неформалното образование, но и да зајакнат како активни граѓани во борбата против расизмот, ксенофобијата и антициганизмот во модерните општества.

Фотографии од втората мобилност:

Categories
Новости

Graziano Halilovic: An Open Letter

RROMA condemns the arson attack and the murder of the three Roma sisters. We join Graziano Halilovic’s Open letter! Which you can find below:
Graziano Halilovic: An Open Letter
I’m Graziano Halilovic, cousin of Romano Halilovic and Uncle of Francesca, Angelica and Elisabeth.
Someone, a monster, burned three little girls in sleep, with an incendiary bottle that burned the camper of Romano the other night at Centocelle in a public car park, where they were stationed without disturbing anyone.
We do not know who he was: could have been anyone: a Roma, a gagot, a news reporter, a racist for hatred, an Italian or a stranger …. In any case a monster who has committed a horrible, unforgivable and inhuman crime that has seen two horrified parents in front of the death spectacle of burned-on children.
The point is we do not know who was the monster, and we can not use the fragility and pain of the moment to find a culprit before the investigations take their course.
I trust that law enforcement officers carry out investigations without being influenced by racial prejudice and are able to name the culprit.
But until then I ask Roma and non-Roma activists, civil society, all human rights organizations and NGOs, Italian and European politicians to intervene in all the media so that – in respecting the pain of the family and in respecting the victims and of the Roma community – avoid to use defamatory terms, speaking of “clan” and “foul among the Roma”, thus joining the Roma community again in terms that call for organized crime, until the investigations of those who have jurisdiction will bring to light the truth. We do not know at the moment whether it is a Roma, an Italian, a foreigner, a journalist, or what political ideology it is. Only when investigations are over will we know the ethnic origin and motivation of the culprit. Making allegations about it, trying to involve an entire community, is a useless and disrespectful game against the Roma, who strikes the victim’s family twice before in the irreparable loss and then in continuing discrimination.
I want to thank Pope Francis, the President of the Republic Mattarella, the Roman Pontific and the Bishop Don Paolo LoJudice, the Community of Sant’Egidio, the citizens of Centocelle and all those Italian politicians and citizens who have expressed solidarity with the Roman family at this time of insurmountable pain.
This is the time of prayer and silence, not of instrumentalization for different ends of what has happened: we must stay close to Roman, to Mela and their surviving children, and respect their mourning.
Thank you
Categories
Новости

Повик за учесници на “DIKH HE NA BISTER 2017”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници на овогодишниот настан за комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, кој што ќе се оддржи во Краков, Полска со посети на музејот “Аушвиц”. Истиот се оддржува од 29 јули до 4 август 2017 година.

Концепт за 2017

Концептот за 2017 предвидува едукативен настан за младите учесници од 15 европски земји, кои што ќе бидат дел од работните групи предводени од фасилитаторите на настанот. Предност ќе им биде дадена на младите кои што за првпат ќе го посетуваат настанот и музејот “Аушвиц”.
Младите учесници ќе работат со своите фасилитатори во мешани работни групи на темите на Ромската историја, Ромскиот геноцид, Антициганизмот и улогата на младите во борбата против модерните облици на расизмот.
Учесниците ќе останат во мешани работни групи од почетокот до крајот на настанот за да се осигура стабилна група која што заедно со своите врсници ќе поминат низ едукативниот процес на настанот потпомогнати од своите фасилитатори.
Подготовки
Селектираните учесници од Македонија ќе поминат низ процес на подготвителни активности во вид на еднодневни работилници* и истражувачка работа. Присуството на подготовките е задолжително за сите селектирани учесници!
*Работилниците ќе оддржуваат кон крајот на јуни и почетокот на јули.
Профил на учесници
  • Млади на возраст од 18 до 25 години;
  • Да имаат желба да научат повеќе за темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна;
  • Да работат во мултикултурни групи без предрасуди;
  • Да бидат подготвени стекнатото знаење од едукативниот настан да го пренесат во своите заедници;
  • Да присуствуваат на подготвителните активности организирани од страна на РРОМА;
  • Работен јазик на едукативниот настан е англискиот јазик. Работниот јазик ќе се користи во работните групи и од страна на фасилитаторите. Се очекува учесниците да имаат активно познавање на работниот јазик. Познавањето на Ромскиот јазик ќе се смета за предност.
  • Да имаат валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Полска!
Трошоци
Трошоците за меѓународното патување, храна и сместување за настанот во Полска се покриени од страна на организаторите на настанот. Селектираните учесници задолжително го покриваат своето патничко осигурување и трошоците до договореното место за поаѓање од Македонија до Полска и назад.*
* Се мисли на  национални патни трошоци на пр. место за поаѓање Куманово. Учесниците ќе треба да си го покријат патот до Куманово и назад.
 
Трошоците за подготвителните активности (храна и патување) се покриени од страна на РРОМА. Еднодневните работилници ќе се оддржуваат во Хотел Кратис, Кратово.
Патување до Полска и назад
Патувањето до Полска и назад ќе биде организиран превоз со автобус.
Сместување во Полска
Учесниците ќе бидат сместени во студентскиот дом “Жажек”(Zaczek). Веднаш до него се Универзитетските простории каде што ќе се држат едукативните работилници.
Пријавување

Пријавувањето на повикот за учесници се врши со потполнување на апликацијата за учество, најдоцна до 15 мај 2017 година, 16:00 часот! Апликациите после предвидениот рок нема да се земаат во предвид!

За дополнителни прашања поврзани до настанот за оваа година можете да ни пишете на: info@rromassn.org

Напомена: Со потполнување на апликацијата вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и не учествувате во подготвителните активности, РРОМА го задржува правото вашето место да го понуди на друго лице од резервната листа!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

Повик за младинска размена по повод Херделези

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинска размена по повод Ромскиот празник Херделези, која што ќе се оддржува во Берлин од 06 до 15 мај 2017 година. Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата.
Оваа меѓународна размена на млади создава неограничен простор на креативност за 30 млади Роми и не-Роми од 5 земји (Македонија, Романија, Унгарија, Бугарија и Германија). Во текот на 10 дена, младите ќе имаат можност да креираат своја приказна и визија врз основа на широк спектар на уметнички методи, вклучувајќи Импро-театар, маски, танц, ритам и музика.
Младинската размена се стреми кон тоа да докаже дека преку употребата на креативни методи, соработката помеѓу Ромите и не-Ромите е можна и реална. Употребувајќи ја креативноста на младите како алатка се промовира меѓукултурен дијалог, анти-расизам и вклучувањето на малцинствата во општеството. Самите учесници се во центарот на вниманието во оваа размена, вклучувајќи се со свои идеи, интереси и вештини, ставајќи го фокусот на процесот на учење и креативност.
Специфичните цели се:
  • да се зајакнат лидерските вештини
  • да се развијат нови методи на работа со млади преку употребата на креативни алатки
  • да се употребат новите вештини во јавност

Резултатите од младинската размена ќе бидат презентирани на Херделези фестивалот во Берлин.

Профил на учесници:
  • Активни млади на возраст од 18 до 25 години кои што се активни во својата заедница и имаат желба да работат со млади;
  • Имаат желба да работат во мултикултурна група без предрасуди;
  • Да поседуваат одредени артистички вештини:
  • Познавање на англиски јазик за работа во група;
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Германија!
За да се пријавите:
Потполнете го следниот формулар најдоцна до 26 април, 18:00 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!
Место на оддржување:
Берлин, Нојкелн од 06 до 15 мај 2017 година! Учесниците ќе бидат сместени во младинскиот хостел Пегазус (https://www.pegasushostel.de/en/)
Околу трошоците:
Патните трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите според правила на Еразмус плус програмата* Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување!

*Трошоци кои се покриваат се: Авионските карти, сместување и храна!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и биде купена авионска карта за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете трошоците за истата!
Ви благодариме за покажаниот интерес!
Categories
Новости

Повик за учество на проектот “Inclusion workers”

РРОМА објавува повик за учество на проектот “Inclusion workers” кој што се реализира во партнерство со 10 младински организации од Македонија, Италија, Романија, Полска и Чешка, предводени од Tmelnik o.s од Чешка. Проектот е поддржан од националната агенција на Република Чешка и Еразмус плус програмата.

Проектот се состои од обука и семинар, како одговор на потребите на младинските организации:

  • да се подигнат капацитетите на 30 младински работници за работа со млади Роми и да се подигне бројот на млади Роми вклучени во младински активности;
  • да се адресира недостигот на искуство и знаење за тоа како да се работи со млади Роми.

Генералната цел на проектот е да се подигне капацитетот на Ромските и не-Ромски граѓански организации за работа со млади Роми.

Конкретни под-цели се:

  • 10-те партнерски организации да се стекнат со искуство за работа со млади Роми;
  • да се зголеми употребата на водичот “9 чекори за работа со млади Роми”;
  • да се зголеми активното учество на младите Роми во своите локални заедници;
  • да се промовира не-формалното образование и учењето низ пракса кај младите Роми.

Проектот се состои од три главни активности*:

  • ОБУКА: 8-дневна обука за младинска работа и инклузија, употреба на водичот “9 чекори за работа со млади Роми” во младинскиот камп Марабу, Милковени во Романија. Предложените датуми за реализација се помеѓу 10 и 20 јуни 2017 година.
  • ПРАКТИЧЕН ДЕЛ: По обуката учесниците ќе имаат можност наученото од обуката да го реализираат низ практична активност во своите заедници во матичните земји. За таа цел ќе добијат поддршка од организаторите и партнер организациите вклучени во проектот.
  • СЕМИНАР: Семинар за евалуација и споделување на добрите практики организиран во декември 2017 година. Локација Литомисл (Castel Brewery Litomysl), Чешка.

*Задолжително е учесниците кои што учествуваат на обуката во Романија, да бидат и дел од семинарот во Чешка.

Профил на учесници:
  • млади Роми и не-Роми, со и без искуство во младинска работа и кои што се заинтересирани за младинска работа и работа со млади Роми од 18 до 30 години,
  • да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
  • да работат во мулти-културна средина, без предрасуди!
  • да имаат доволно познавање на англискиот јазик за комуницирање и работа во групи;
  • да се слободни и достапни за двете активности во Романија и Чешка;
  • да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Чешка!

 

Трошоци:

 

  • трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
  • трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!

 

За да се пријавите:

Потполнете го следниот формулар најдоцна до 30 април 23:59 часот! Формуларите после предвидениот рок, нема да се земаат во предвид!

Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!

Categories
Новости

РРОМА помеѓу победниците на второто издание на ЕУ наградите за Ромска интеграција

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово се најде помеѓу победниците на второто издание на ЕУ наградите за Ромска интеграција организирани од директоратот за преговори и проширување на Европската комисија. Доделувањето на наградите  се случи на 28 март 2017 година во Брисел, каде што РРОМА го доби второто место за проектот „Сидата не знае да дискриминира…Заштити се!“.
Претходно, претставници на номинираните организации беа поканети на студиска посета на ЕУ институциите во Брисел од 26 до 29 март. Учесниците имаа можност да ги посетат Европскиот парламент, Директоратот за преговори и проширување, да разговараат со евро-парламентарци и одговорните лица од одделот за Ромска интеграција.
Претставници на номинираните организации пред
Парламентариумот
Европска комисија преку настанот за доделување на наградите има за цел да придонесува за видливост на Ромската популација на западен Балкан и Турција, чиј што потенцијал не е доволно искористен со цел подобрување на животот на Ромската заедница, како и истакнување на политичката важност за интегрирање на Ромите во процесот на проширување.
РРОМА со претставници на ЕУ и македонскиот амбасадор
Генералниот директор на Директоратот за преговори и проширување, Кристијан Даниелсон истакна дека ЕУ ќе продолжи со поддршката на фондови, а целната група ќе бидат младите и децата, поддршката за нивното образование и поттикнување на нивната поактивна улога во локалните заедници, од што корист би имало целото општество.
Од Република Македонија, добитници беа Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, кој што го освои првото место со својот проект за туторска поддршка на учениците Роми во основно образование и РРОМА, која што го освои второто место за проектот „Сидата не знае да дискриминира…Заштити се!“.
РРОМА и РРЦ со претставници на ЕУ делегацијата во РМ
Categories
Новости

Годишно собрание на РРОМА 2017

На 11 март 2017 година во просториите на хотел Кратис, РРОМА го оддржа редовното годишно собрание на здружението.

Пред присутните беа презентирани наративниот извештај за работа во 2016 година, финансискиот извештај/завршна сметка за 2016 година и програмата за работа 2017 година.

Презентација на завршната сметка 2016

Интересно беше што на собранието присуствуваа младите учесници од проектот “Good practices of Roma youth empowerment for Active citizenship”,како дел од промовирање на добри практики за Ромските младински организации

На крајот од состанокот беа усвоени наративниот извештај за 2016, завршната сметка за 2016 и програмата за работа во 2017 година.