Categories
Новости

Одржан онлајн панел дискусија (кафе муабет на зоом) на тема: „Предизвикот на жените Ромки за време на пандемијата“

 

РРОМА заедно со коалицијата Khetane, на ден 21.12.2020 година (понеделник), со почеток од 17.00 часот, беше одржана онлајн панел дискусија (Кафе муабет)  на zoom платформата, во рамки на проектот: Ромската жена, моќ на промена на Западен Балкан и Турција, организираше панел дискусија на тема „Кои се предизвиците на жените Ромки за време на пандемијата“.

 

                                            

Настанот се организираше во рамките на проектот „Romani women – Power of change in the Western Balkans and Turkey“ поддржан од Европската Унија. РРОМА го имплементира проектот во Република Северна Македонија како партнер на Рома Актив Албанија.

Коалицијата „Khetane“ покани говорнички со различни профили и професионално искуство кои што низ муабет  дадеа одговор на предизвиците со кои што се соочуваат. Гостинки на настанот беа: Салија Бекир;  Санела Емин; Елма Демировска; Амиде Шаќири; Ајсел Мемет. Настанот беше модериран од Фатма Бајрам Аземовска,и одеше во живо на Facebook  страната на коалицијата Khetane.

                             

Настанот “Предизвиците на жените Ромки за време на пандемија“  се организираше со цел да ги зајакне и охрабри ромските жени во Северна Македонија, давајќи видливост и важност на нивните улоги и придонеси во македонското општество. Преку споделувањето на нивните лични искуства и приказни, јавноста  имаше увид во нивните достигнувања како жени со различни профили на работа и како тие функционираат во време на Пандемија.

Исто така, се даде акцент на важноста на еднаквите економски, правни и репродуктивни права на ромските жени, како и важноста на концептот на родовата еднаквост и учеството на ромските жени.

Categories
Новости

Одржана дигитална конференција “Адресирање на говорот на омраза на Ромската заедница во онлајн сферата на општествено живеење”

 

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација на 10 декември 2020, денот на човековите права, организираше Дигитална конференција на тема Адресирање на говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата на општественото живеење.

                                                   

На дигиталната конференција свое воведно обраќање имаше г-динот Аркин Јахији, шеф на Кабинетот на Заменик Министерот за правда.

Конференцијата беше организирана во два панели.

На првиот панел говорници беа г-ѓа Ѓултен Мустафова од Министерството за труд и социјална политика, г-ца Марија Андреева од Советот на Европа, г-ѓа Марина Тунева од Советот на етика во медиумите и г-дин Мустафа Јакупов извршен директор на РРОМА модериран од Урмета Арифовска (РРОМА).

                                    

 

На вториот панел говорници беа г-а Марија Сулејманова од Институтот Ромалитико, г-дин Срѓан Амет од Здружението на правници Роми, г-а Ирена Здравковска од Здружението Млади правници и г-а Славица Атанасовска од Хелшинскиот Комитет, модериран од Мухамед Ајваз (Ромалитико).

                                                  

На дигиталната конференција се дискутираше за говорот на омраза од различни аспекти и како истиот е адресиран и треба да биде адресиран од различни засегнати страни. Дискусијата на темата говорот на омраза се разви во дискусија за генералната поставеност на заштитата од говор на омраза пришто таквата дискусија даде насока за специфично дискутирање на говорот на омраза кон ромската заедница.

                                        

Заклучоците од дискусијата наведоа на тоа дека институциите треба да обрнат поголемо внимание на говорот на омраза на интернет и истите тие треба да остварат поголема соработка со невладиниот сектор за развивање на соодветни политики и одредби кои ќе обезбедат подобра заштита од говорот на омраза.

Дигиталната конференција беше стримувана на социјалната мрежа facebook:

https://www.facebook.com/rromassn.org/videos/387320299168322

 

Categories
Новости

Реализирани едукативните работилници на тема „ЕДУКАТИВЕН МЕСЕЦ ЗА СЕЌАВАЊЕ НА РОМИТЕ И ХОЛОКАУСТОТ“.

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација успешно ги реализира едукативните работилници кои се одржаа во периодот на месец Ноември (7-29.11.2021) на онлајн ЗООМ платформата.

Првата Работилница ја одржа проф. Христо Ќучуков од Берлин. Кој ги запозна уцесниците со историјата на  Ромите пред почеток на Втората Светска Војна.

       

Важни информации за  подемот на фашизмот учесниците се здобија благодарение на г-дин Срџан Амет од Скопје, на втората едукативна работилница.

На третата работилници учесниците имаа можност да разменат свои знаења и подетално да го разберат значењето на атициганизам со г-дин Мустафа Јакупов од Кратово.

На четвртата работилници  г- ѓа Гордана Нешовиќ од Белград, детално сподели информации за креаторите на расните истражувања за време на националниот социјализам?

     

Петата и шестата работилници учесниците имаа можност да слусшнат подетално за Аушвиц и холокаустот како и за важните датуми (16 Мај и 2 Август) за сеќавање на Ромскиот геноцид.

        

Работилниците беа организирани во рамките на проектот “75 Years of Memory – young Roma and non-Roma acting against Forgetting” поддржан од Europe for Citizens програмата на Европската Унија.

Categories
Новости

Oдржан онлајн тренинг на тема “Презентациски и комуникациски вештини” од Проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка.

Регионалната Ромска Образоцна Младинска Асоцијација Од 24 до 26 ноември 2020 одржа онлајн тренинг на тема “Презентациски и комуникациски вештини” од  Проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка.

На работилницата учествуваа околу 30 учесници од сите 11 партенер организации од Романија, Северна Македонија, Литванија, Унгарија, Бугарија, Албанија, Словачка, Босна и Херцеговина, Турција, Украина и Чешка.

 

Првиот ден од работилницата на 24 ноември фокусот беше ставен  на презентациски вештини, каде се здобивме со многу нови совети и трикови за тоа како најдобро да ја промовираме нашата работа за  вклучување на Ромите и борба против  антициганизам, со нашиот експерт Димитриј Михајловски.

 

Вториот ден  25 ноември беше предвиден ден за Обука за вештини за комуникација и презентација“Со помош на новинарот (нашиот експерт) Сунаи Сабриоски, учесниците  има шанса да ги подобрат своите комуникациски вештини – враќање на основите и разбирање на клучните елементи, разбирање на важноста од одржување на ефективен напис / говор / вежбање.

Третиот ден 26 се одржа средба помеѓу партнер организациите на која се разменуваа мислење на кој начин да ги искористат претходно стекнатите комунакициски и презентациски вештини, како и за идните планови кои ги има предвидено секоја партенр организација за реализирање на проектот.

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.

 

 

Categories
Конкурси

Повик за онлајн едукативни работилници „Едукативен месец за сеќавање на Ромите и Холокаустот“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, објавува повик за учество на едукативни работилници „Едукативен месец за сеќавање на Ромите и Холокаустот“.

Едукативните реботилници ќе се одвиваат во месец ноември (од 7 до 29.11.2020), на ZOOM платформата.

Теми кои ќе бидат опфатени на работилниците се следните:

  • Прва Работилница –  07.11 со почеток од 11:00 –  13:30 – Ромите пред почеток на Втората Светска со проф. Христо Ќучуков од Берлин.
  • Втора  Работилница –   14.11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Подемот на фашизмот со г-дин Срџан Амет од Скопје.
  • ТретаРаботилница –  20.11 со почеток од 16:00 – 17:30 – Дали го разбираме антициганизмот во нашето општество? со г-дин Мустафа Јакупов од Кратово.
  • Четврта Работилница – 21.11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Кои се креаторите на расните истражувања за време на националниот социјализам? Со г- ѓа Гордана Нешовиќ од Белград.
  • Петта Работилница – 28. 11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Аушвиц и Холокаустот на Ромите со г-ца Урмета Арифовска од Берово и г-ѓа Мерлин Јакупова Николиќ од Кратово.
  • Шеста Работилница – 29.11 со почеток од 12:00 – 14:30 – Денови на сеќавања на Ромскиот Холокауст со г-ца Урмета Арифовска од Берово и г-ѓа Мерлин Јакупова Николиќ од Кратово.

Едукативната работилница има за цел да го подигне знаењето за историјата и минатото за  Ромите, како и за мрачните случувања за време на Холокаустот. Работилниците не само што ќе го зголемат знаењето  и чувствителноста на учесниците на темата, туку ќе ја подигнат и свеста за случувањата во минатото кои можат да се повторат пак и во иднина.

На повикот може да се пријават:

  • Сите заинтересирани учесници;
  • Работни јазици ќе бидат: македонски, бугарски и српски.

 

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја зоом регистрацијата

По регистрирањето, ќе добиете емаил за потврда, со информации како да се приклучите  на работилницата.

Пријавувањето се врши најдоцна до:

1 работилница – 05 Ноември 2020 до крајот на денот ( 23:59)

2 работилница – 12 Ноември 2020 до крајот на денот (23:59)

3 и 4 работилница – 18  Ноември 2020 до крајот на денот (23:59)

5 и 6 работилница – 24 Ноември 2020 до крајот на денот (23:59)

Ве очекуваме!

Categories
Новости

Прва средба: Нови решенија за старите проблеми

На 17-18 септември 2020 година, проектниот тим имаше  онлајн состанок за започнување на проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид на пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“.

Целите на состанокот беа:

  • Да се дознае повеќе за очекувањата и улогите на партнерите
  • Да се претстави проектната цел и да се подготви избор на добри практики
  • Да се дискутираат потребите за градење на капацитетите на партнерите за поддршка и развој на активностите за обука
  • Да се воведат заедничките цели за застапување на проектот и да се започне со размислување за националното застапување
  • Запознавање со грантовите на ЕЕА-Норвешка и очекувањата на проектот
  • Јавен старт на проектот

  

Средбата започна со кратко прегледување  на целта на проектот и различните работни пакети и продолжи со презентирањето на улогите и очекувања на партнерите, исто така се зборуваше за: Кои се нашите критериуми? Што веќе имаат на ум партнерите?

Првиот ден од состанокот беше насочен кон градење на капацитетите на проектот, имавме вовед во работниот пакет за обука, за комуникација и презентација, критериуми за транспаретност, пакет алатки за управување со проекти. Во петок на 18-ти  разговаравме за работниот пакет за застапување, финасирање на истражувањето, состаноци за национално застапување. Споделивме национални ситуации за финасирање (на што работиме веќе, кои се нашите национални партнери, кои се нашите цели). Имавме и вовед во пакетот за работа со комуникација – веб страницата на проектот, информативнии сесии, кампањи на социјални мрежи, видео за проекти. На оваа сесија разговаравме за комуникациските барања за партнерите и идеи за промовирање на прокетот. Зборуваме и за тоа: Што може да тргне наопаку во проектот и како да се справиме со можните предизвици. Средбата заврши со кратка евалуација и сугестии за подобрување на идните состаноци.

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.

Categories
Новости

Нови решенија за старите проблеми – размена на нови пристапи во областа на интеграцијата на Ромите

Интеграцијата на Ромите останува едно од најгорливите прашања низ Централна и Источна Европа, Западен Балкан и Турција. Според Агенцијата за основни права, Ромите се најдискриминирано и исклучено етничко малцинство, од кои 80% живеат во ризик од сиромаштија. Неодамнешните говори на омраза и кршењето на човековите права против Ромите, на пример во Украина, Чешка, Бугарија, Италија и Белгија ја покажуваат сериозноста на расизмот против Ромите. Преку проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нови пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“, имаме за цел да споделиме успешни приказни со донаторите и државните агенции за проекти за вклучување на Ромите во областа на образованието, вработувањето, учеството и борбата против антициганизмот, со цел да се прекине магичниот круг на цинизам дека „ништо не може да се промени“. Ќе се вклучиме во двонасочен процес на градење на капацитетите на ромското граѓанско општество:

  1. Развој на професионални капацитети меѓу партнери со партнери преку идентификување на 1-3 добри практики по партнери и поддршка на другите при нивно прилагодување.
  2. Градење на капацитети за управување со проекти преку курсеви за обука на ромски и про-ромски невладини организации.
  3. Преку застапување кај донаторите и државните агенции имаме за цел да обезбедиме одржливост на иновативните проекти започнати од партнерите.

Цели:

  • Да се ​​идентификуваат добрите практики од основното ниво во областите на вработување, образование, борба против антициганизмот и учеството на Ромите.
  • Да се ​​вклучат во меѓусебно учење и обука меѓу ромски граѓански организации со цел да се прилагодат идеите за проекти и да се испланира нивната имплементација во друга земја.
  • Да се ​​изградат капацитетите на ромските невладини организации од основното ниво на различни аспекти на управување со проекти и застапување
  • Да се ​​залага за подобро насочено финансирање за вклучување на Ромите.

Периодот на имплементација на проектот е 34 месеци, започнувајќи од 1 јуни 2020 година до 31 март 2023 година,  проектот изнесува 1.269.415 евра, финансирани преку ЕЕА и Норвешките грантови за регионална соработка. Проектот вклучува планирање и спроведување на проекти иницирани и координирани од заедницата, инспирирани од добри практики од други земји и поддржани од експерти од партнерски организации од каде е преземена идејата. Исто така, се предвидува развој на програми за обука на граѓанското општество во 11-те земји партнери засновани врз реалните потреби на организации кои доаѓаат од основното ниво, и информации и развој на дијалог помеѓу ромското граѓанско општество и донаторите кои обезбедуваат финансирање за овие заедници. Проектот во приоритетниот сектор „Социјална инклузија, вработување на млади и намалување на сиромаштијата“ придонесува за зголемена вклученост и зајакнување на Ромите. Тоа ќе го постигне преку следниве резултати:

1. Промовирање на проекти предводени од заедницата:

  • 11 локални проекти засновани на потребите на заедницата, идентификувани како добри практики во други организации, се прилагодени и спроведени во локалните ромски заедници
  • 20-30 примери за добра практика на локални проекти за вклучување и зајакнување на Ромите се идентификувани и дисеминирани со идеи за адаптација и зголемување на резолуцијата
  • Организирање на ромската заедница и ромско граѓанско општество промовирани преку филм и раскажување приказни

2. Зголемен капацитет на ромските граѓански организации:

  • Персонал на ромски граѓански организации обучени за управување со проекти и организации
  • Објавен пакет со алатки за проектно и организациско управување
  • Критериуми за транспарентност и отчетност

3. Поволно опкружување за финансирање:

  • Студии за важноста на приоритетите од долу нагоре за вклучување на Ромите
  • Спроведена и дисеминирана анализа на програмите за финансирање на вклученоста на Ромите

Резултатите ќе се постигнат преку:

  • Планирање на проекти предводени од заедницата инспирирани од добрите практики и поддржани преку тренери од други ромски граѓански организации
  • Прилагодена програма за градење на капацитети, вклучувајќи учење од врсници и креативни алатки
  • Застапување засновано врз докази кон националните влади, меѓународните институции и приватните донатори

Пакетите за работа се следниве:

  • Менаџмент – координиран од Nevo Parudimos
  • Комуникација – координирана од Nevo Parudimos
  • Градење на капацитети – координирана од RROMA
  • Врсничка едукација – координирана од Фондацијата Автономија
  • Застапување – координирано од мрежата ERGO

Целните групи се претставени од 11 локални ромски заедници (по една од секоја земја), 11 ромски невладини организации или целни ромски заедници, институции и приватни спонзори, други невладини организации од 11-те земји партнери.

Партнери во проектот се:

  • Lead parter – Nevo Parudimos Association – Romania
  • Partner – ERGO Network – Belgium
  • Partner – Autonomia Foundation – Hungary
  • Partner – RROMA – Macedonia
  • Partner – Roma Active Albania – Albania
  • Partner – Integro – Bulgaria
  • Partner – RARC – Roma advocacy and research center – Slovakia
  • Partner – Slovo 21 – Czech Republic
  • Partner – Roma Community Center – Lithuania
  • Partner – Zero Discrimination Association – Turkey
  • Partner – Women’s Association “Romkinja” – Bosnia & Herzegovina

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.

Categories
Uncategorized

Период на транзиција во РРОМА

Период на транзиција во РРОМА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација е независна младинска организација, активна во Република Македонија. Започнувајќи со работа како мрежа на 15 декември 2007 година, РРОМА се концентрира на младинско зајакнување и мобилизација преку креативност, обуки и кампањи. Нашата визија за нашите млади е тие да станат промотори на позитивни вредности и активни актери во социјалните случувања. Нашата мисија се фокусира на афирмација и промоција на можностите за личен развој и интеграција, како и промовирањето на активното граѓанство и само-вклучувањето во креирањето на политиките кои што ги засегаат младите.

 

   

Во минатото, организацијата стана првата ромска младинска организација назначена од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност за контакт-точка за промовирање на програмата Млади во Акција помеѓу младите Роми во Македонија. Исто така, организацијата ја доби наградата MTV Staying Alive Award во 2010 за својата креативна кампања за подигање на свеста од опасностите од ХИВ/СИДА помеѓу младите, станувајќи првата македонска организација во светот која ја доби наградата. Во март 2017 година, РРОМА го добива второто место во рамките на второто издание на EU Roma Integration Award for Western Balkans and Turkey организиран од Европската комисија. За подоцна во истата година биде номинирана со 2 проекти како добри пракси во рамките на Еразмус плус програмата.

 

РРОМА како ромска младинска организација е мотивирана да работи со младите Роми преку не-формално образование, со цел да им овозможи повеќе можности за вклучување, надоградување и јакнење на нивните капацитети. Младите да ја промовираат својата култура и идентитет, мултикултурата и активното граѓанство како лидери на своите заедници. Веруваме во младите, веруваме во нивните капацитети за откривање на вистинските потреби и проблеми, веруваме дека тие можат да донесат вистинска промена во своите заедници! Веруваме во младите … сега, денес, утре, секогаш!

Имајќи ја во предвид мисијата и визијата на организацијата, во период што следи ќе се направи промена, односно транзиција на структурата во РРОМА. Досегашниот директор, до крајот на оваа година (2020)  ќе ја извршува својата функција, се со цел да помогне во транзицијата, потпомогнат од бордот и канцеларијата.  Почетокот на наредната година (јануари 2021) РРОМА ќе има нов директор/ка и структура. Овој период тимот на РРОМА своите обврски и активност ги извршуваше онлајн. Поради ситуацијата со Ковид-19, многу од предвидените активности не беа во можност да се реализираат и се одложија за 2021 година, истото се однесуваше за промената на структурата во организацијата. Имајќи го сето ова во предвид, РРОМА редовно ќе ги известува своите членови за прогресот и свикување на наредното собрание за избор на новата структура.

 

Categories
Новости

Онлајн кампања по повод одбележување на Ромскиот геноцид

          

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од 27.07 до 02.08. 2020 одржа онлајн кампања по повод Ромскиот геноцид. Кампањата се водеше со објавување на социјалните мрежи на следните теми:

Меѓународниот младински настан – Dikh He Na bister (Гледај и не заборавај), да ги научиме и запаметиме сеќавањата за 2 август, експериментите на одделот за Расна Хигиена и Популациона Биологија од страна на д-р Роберт Ритер и неговата помошничка Ева Јустин, концентрациони логори кои биле формирани уште пред доѓањето на Хитлер, како и случувањата – ноќта помеѓу 2 и 3 август, кога во Аушвиц-Биркенау беа убиени 4.300 Синти и Роми.

 

Дел од нашите учесници кои во претходните години беа дел од комеморацијата за 2 август во Полска, го споделија своето искуство на видеото посветено за 2 август како и одбележување на 10 годишниата на меѓународната младинска манифестација Dikh He Na Bister (Гледај и не заборавај).

За повеќе информации следете не на:

Facebook 

Categories
Новости

Dikh, Ker, Na Bister – Да ги научиме и запаметиме сеќавањата за 2 август!

Поминаа 75 години од крајот на Втората светска војна, но сè уште не учиме за холокаустот што ни се случи како Роми во училиште. Поминаа векови и познатите историски факти за прогонот на нашиот народ остануваат на маргините, непознати и игнорирани од страна на владите. Историската одговорност за учењето за минатото е важна и релевантна за нашата заедница. Признавањето, сеќавањето и комеморацијата на холокаустот над нашиот народ треба да бидат присутни во нашите општества, затоа што треба да учиме за иднината со тоа што ќе се сеќаваме на минатото, но ќе дејствуваме во сегашноста за да го спречиме минатото да се повтори во иднината.

Важно е да се научи, но потоа и да се запомни дека на 2 август 1944 година во Аушвиц-Биркенау беа убиени 4.300 Синти и Роми. Дека беа однесени во текот на ноќта од нивните бараки до гасните комори од страна на СС-војниците, кои само неколку месеци порано беа „поразени“ во жестокиот отпор на ромските затвореници кои се бореле со ништо друго освен казми и лопати на 16-ти мај! Треба да разбереме дека Ромите и Синтите ширум светот се собираат за да го одбележат овој ден, се сеќаваме на над 500.000 убиените Роми, нивните одземени животи, желби, аспирации, растурени бракови и изгубени детства, фрлени во кампови, полиња и необележани ровови низ цела Европа за време на Втората светска војна.

Нашите општества се соочуваат со вистински предизвик да одговорат на зголемениот пораст на дискриминација, говор на омраза и антициганизам против Ромите, кој сега се забрзува поради актуелната криза. Покрај економска криза, предизвикана од пандемијата – се соочуваме со политичка и морална криза. Најранливите во нашите општеството се најтешко погодени од кризата, а таа ги турка надвор од општествените маргини, кои заклучени во своите рурални и урбани гета, ги прави лесни мети на популизам и омраза. Овој вид на длабоко вкоренет антициганизам сè уште во голема мера се игнорира од страна на креаторите на политики и нивните влади.

Иако, како Роми со векови сме дел од Европа и европската историја, нашите наративи и придонеси за европските општества остануваат во голема мера игнорирани и на маргините на она што европската историја го претставува или треба да го претставува, имено дека сме обединети низ различностите!

Денес, со подемот на ксенофобијата, расизмот, антициганизамот и екстремно-десничарските движења низ Европа и светот, подигањето на свеста и ширењето на знаење за ромскиот геноцид се јавува како нужна потреба. Ова е нашиот свет, нашето општество, мораме и треба заеднички да го избегнеме моментот да стане заедница на страв и омраза на едни кон други, наместо тоа, треба да се стремиме да бидеме горди и еднакви општества на взаемно почитување!

За таа цел, РРОМА се приклучи на повикот на Европската коалиција за сеќавање на Ромскиот Холокауст и ја повикува владата и интернационалната заедница:

  • Формално да го признае 2 Август како официјален ден за сеќавање на Холокаустот врз Ромите и Синтите;
  • Изгради, почитува и зачува споменици посветени на жртвите Роми и Синти на Холокаустот;
  • Инвестира во музеи, центри за истражување и други институции посветени на Ромскиот Холокауст, Ромската историја и култура;
  • Изучувањето на Ромската историја и култура да станат дел од образовните програми и учебници;
  • Да го признаат антициганизамот како специфична форма на расизам која што ги таргетира ромските заедници и да прилагодат различни превентивни и реактивни алатки во борбата против овој феномен.